1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како до чисто лице?

Дискусија во 'Лице' започната од LovelyGirl, 21 февруари 2010.

  1. zabec

    zabec Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2014
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    357
    Здраво женски :) :) Нова сум на форумов и може да направам пар грешкички :))
    Би ми било драго доколку ми одговорите на моиве прашања.
    Имам проблеми со лицето неколку месеци, ама постојано одложував да побарам стручна помош бидејќи мислев дека како и секогаш ќе го средам :( , но почна многу да ми се мрси и да ми се појавуваат црнки и слични работи, за на крај да отидам до кај д-р Николина од Медикоз бидејќи најмногу ми ја изнафаливте :)
    Бев денес, беше многу мила и фина, ми кажа (како и на повеќето) да користам далацин гелот, да дојдам на контрола за десетина дена и после ми рече понатака ќе ми дала некоја крема за чистење,а на крај на септември третман. Ми кажа дека имам убава кожа и дека не би требало да има никаков проблем. Е сега .. ми кажа да ставам пудра само доколку морам и тоа многу малку. Прашањето ми е, дали вие што сте го имале сличниов проблем и сте биле кај оваа докторка, се шминкавте и колку? И дали во текот на тие две три недели додека го користевте гелот ви се појавуваа нови мозолки или слично? Докторката ми напомена дека можеби некои чудни работи ќе ми се појават додека го користам гелот ...и такаа :D

    Фала однапред на одговор феминки со лиценца убави :D :D :D
     
  2. DailyGlamorous

    DailyGlamorous Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2014
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    8

    А освен овој начин,постои друго решение?
     
  3. anuvcheto

    anuvcheto Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2012
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    352
    А кремава се користи само за мозолчиња и акни? Пошто прочитав дека ти исчезнало црвенилото, може да се употребува за црвенило без мозолчиња, акни? :)
     
  4. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.924
    Некоја што ја користела Мицеларната вода на Гарниер ? Како сте задоволни ? :)
     
  5. K.Mari4ka

    K.Mari4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски

    Кожата ќе ти се нафрла заради тоа што Далацинот вади се одвнатре на површина, затоа не се плаши бидејќи ти се чисти кожата. За пудрото, јас користев, не можев да испаднам без пудро, ама кога си идев дома одма го бришев и се мачкав. Ако можеш да не ставаш ич пудро многу поарно и побрзо ќе ти се исчисти лицето, ако не можеш барем пробај да избегаваш и кога си дома цело време да бидеш намачкана со Далацин.
     
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.549
    Допаѓања:
    80.602
    Пол:
    Женски
    Јас сум задоволна. Имам осетливо лице, но водава не ми направи некои дополнителни проблеми со исфрлање нови мозолчиња или затнување на порите, ако мислеше на тоа. :)
     
    На Dushica-sk и marama им се допаѓа ова.
  7. JellenaR

    JellenaR Активен член

    Се зачлени на:
    26 август 2014
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    16
    Здраво на сите, нова сум на форумов и ми треба ваше мислење :) Во вторникот правев абразија со фореза кај докторката Николина во Медикоз. Денеска после два дена сеуште имам благи отоци на образите и на истите тие места ми се прават рани и корупки коишто се поголеми и ме печат. Мачкам со Далацин Ц постојано. Ме интересира дали некој имал слично искуство и после колку време зараснуваат раните, бидејки од недела почнувам да држам часови по аеробик, па несакам ученичките да ме видат ваква? :D
     
  8. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.523
    Допаѓања:
    7.727
    Пол:
    Женски
    Индивидуално е тоа :) Третманов го правевме и јас и другарка ми во ист ден, и мене ми се среди лицето можеби за повеќе од една недела, додека на другарка ми за три четири дена. Не реагира секоја кожа на ист начин :)
    МОже ли по лп да ме исконтактираш за локација и бројче од ординацијата? Јас одев кај неа, ама во дебар маало додека беше, откако се премести ниту и знам адреса ниту број.

    Во однос на шминката, шминкај се минимално ако веќе мораш. Еднаш пишав, со другарка ми го имавме истиот проблем и бевме под иста терапија. само што таа не ставаше воопшто шминка јас ставав само пудра и тоа на 3-4 часа преку ден. Верувај дека кај неа упола се скрати времето за лекување :) Верувам дека е поради тоа што не користеше ништо.

    Ако можеш да излегуваш без пудра би ти го препорачала баш тоа, додека си под терапија барем.
    Ако сепка користиш пудра, прво на чисто лице стави далацин, па крема со висок фактор па дури потоа пудра.
    Ама далацин и крема со спф мораш да имаш. Кога ке си дојдеш дома, веднаш вади шминка и пак ставај далацин на чисто лице.
    Предност ти е ако не користиш пудра што можеш и додека си излезена, да ставаш од далацинот бидејќи кожата ти е чиста.
    Единствено Нина ми рече дека пудра дозволува ама на 3-4 часа и по можност навечер кога нема сонце.
     
  9. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Девојките што ги користат производите на Леа лосионот и гелот ве молам пишете за резултати ? :wasntme:
     
  10. zabec

    zabec Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2014
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    357
    Фала дечкиии :$ Ајде, ќе пробам некако да се стрпам :@
     
  11. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.910
    Пол:
    Женски
    Се пробав и ништо не бидува.. уште што не купив.. од Авон, од аптека, ма не бива и готово..
     
  12. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.697
    Допаѓања:
    5.017
    Пол:
    Женски
    Презадоволна сум од производите на Balea soft & clear, ќе си ги купам се што има од таа линија :lol:
     
  13. blackstyle

    blackstyle Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2011
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    61
    Пол:
    Женски
    Ти препорачувам да земеш упат и да одиш кај докторката Ирина Арсовска Бежовска на Универзитетска клиника за дерматологија Скопје.Јас имав долгогодишен проблем со лицето и само оваа докторка ми помогна и еве полека ми се средува лицето.
     
  14. Adina

    Adina Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.048
    Допаѓања:
    8.016
    Пол:
    Женски
    5 Природни препарати за чистење на лице кои можете сами да ги направите

    1. Кокосово масло
    Начин на употреба: Потребни се 2 или 3 капки кокосово масло со кои нежно ќе го масирате лицето 30тина секунди. Потоа земете топла крпа, за да ги отворите порите, притиснете ја за лицето и по 15-30 секунди избришете го лицето.

    2. Јаболков оцет
    Начин на употреба: Користете го како природен тоник. Промешајте 1/3 јаболков оцет со 2/3 вода и течноста нанесете ја на лицето со помош на памук. Откога вашата кожа ќе се исуши, нанесете од вашата дневна крема за лице.

    3. Мед и лимон
    Начин на употреба: Помешајте две кафени лажички мед со една кафена лажичка свежо исцеден лимонов сок. Со прсти нанесете ги состојките на лицето и вратот, почекајте да се исуши, а потоа исплакнете го лицето со млака вода.

    4. Јогурт
    Начин на употреба: Нежно масирајте го лицето со тенок слој на јогурт, а потоа оставете го да дејствува неколку минути и измијте го лицето со топла вода. Овој препарат е одличен за отстранување на шминката од лицето.

    5. Маслиново масло
    Начин на употреба: Подгответе ноќна крема со пола кафена лажичка маслиново масло, ¼ чаша оцет и ¼ чаша вода. Темните дамки од кожата ќе ви избледат, а утрото ќе се разбудите со нежна, здрава и убава кожа.
     
  15. April87

    April87 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    447
    Пол:
    Женски
    Дали има вакво кремче кај нас и цена отприлика? :)
     

    Прикачени фајлови:

  16. Lovely000

    Lovely000 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2014
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Здраво mimkaj,

    ќе можеш да поставиш слика од тие таблети, и да ли ги има во аптека?

    Поздрав
     
  17. littleflower

    littleflower Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    1.480
    Некоја крема дами препорачате за намалување на проширени пори? А исто така и крема против флеки и лузни за лице...?
     
  18. Snowbell

    Snowbell Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2013
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    143
    Нема вакво кај нас ( за жал). Има др.Волф средство за миење со бензил пероксид се вика Акне фуг и е доста ефикасно. Цена околу 500 денари. :)
     
  19. Fatalnata

    Fatalnata Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2014
    Пораки:
    1.451
    Допаѓања:
    8.673
    Пол:
    Женски
    Пред некој ден го купив овој производ од локална аптека 310 ден. по препорака на аптекарката. Можам слободно да кажам дека е одличен. Претставува некој вид на антибактериски гел или пилинг. Добра работа е тоа што има четка која служи за ефикасно чистење на секој дел од лицето. После миењето кожата е мазна и се чувствува свежина. Одличен е.
     

    Прикачени фајлови:

  20. Eleni.S

    Eleni.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Јас ги користам и кај мене има резултати. Вчера на грбот ми се беше појавило брумче (јас го користам за брумчиња на телото инаку) и прво го исчистив со лосионот, потоа го намачкав од гелчето и сабајле кога го видов брумчето беше скрос повлечено. :D
     
    На mime87 му/ѝ се допаѓа ова.