1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како до чисто лице?

Дискусија во 'Лице' започната од LovelyGirl, 21 февруари 2010.

  1. anggell

    anggell Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    4.775
    Допаѓања:
    8.783
    Пол:
    Женски
    Штом не се работи за внатрешен проблем, посети дерматолог, искрено јас не знам како не ви е страв да одите на козметичари, тие уште толку ја влошат работата. Овде на форумот ќе прочиташ искуства од девојки од кој се најзадоволни и оди таму. Ке ти препорачаат соодветни медицински креми и третмани, вака само лицето го измачуваш :) .
     
  2. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.538
    Допаѓања:
    7.819
    Пол:
    Женски
    Козметичарки избегнувајте колку што можете барем кога се работи за ваква област лице, посебно ако станува збор за проблематична кожа.

    Кога ќе видам кој се им работи во салониве за убавина, ми се одмилува желбата да им влезам во салон.
    Ретко кој си ја знае работата од нив, а реално и како ќе си ја знаат со три годишно образование, каде што не учат туку дремат по клупи низ парк со цигара и пиво. И на таква некоја да и дадам да ми го лекува лицето од акни no way :^)

    MayDiamonds прочепкај ја темата за дерматолози, исчитај ја цела, ќе ти одземе време ама ќе дојдеш до одговор кој дерматолог навистина си ја знае работата. Девојкиве се потрудиле и испишале доста информации, од тоа како работата, каде се наоѓаат па дури и броеви има, твое е само да прочиташ :)
    Јас баш поради таа тема ја одбрав Николина. И многу сум им благодарна на девојките кои ја препорачале, затоа што успеав конечно да си го решам проблемот.
    Единствено нешто што се каам е што порано не посетив дерматолог, туку губев време на домашни третмани и слични глупости и само се депримирав.

    Не губете ни време ни нерви по козметичари и креми кои сами на своја рака ќе си ги земете. Отидете на дерматолог.
     
  3. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Девојки што мислите за оваа маска? Скапа е, ама според коментарите на страната вреди.
    http://www.howtobecomeyounger.com/news/mkx1ddweq/1/

    Ме интересира дали некоја ја има користено и дали е навистина вака добра?
     
  4. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.135
    Допаѓања:
    88.483
    Пол:
    Женски
    Деновиве лицево ми се нафрла пак со прилично болни бубулици, кои беа големи, као за стискање и имаше внатре течност ама кога ќе се обидев да ги стиснам стануваше ситуацијата полоша. Болни на допир, а богами и без да ги допирам беа прилично болни, ваљда дека собираа што знам.
    Бидејќи негата ми е ок, мислев дека е од алергија. Испив апчиња и за алергија, не се смирија.
    Бидејќи постојано на нет гледам видеа за нега на лице, а и од статии што сум читала ми текна дека аспиринот помага.
    Најдов вчера дома цела лента, истолчив 6, ставив капка, две вода и ставив малку мед. Измешав и ставив на лицето. Оставив 30 мин. и кога го измив забележав дека болката ја нема. Утрово освен некои црвенила мозолчињата се намалени за некои 80% во големина, оние што беа огромни, а малите освен црвенилото не ги ни има.
     
    На mamma-mia, Mishela и senza.parole им се допаѓа ова.
  5. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.809
    Допаѓања:
    38.278
    Пол:
    Женски
    Јас имам едно прашање, може малку е глупо ама...си купив мицеларна вода од Нивеа и убаво ми го чисти лицето, но некако многу брзо ми се троши, дали јас многу го натопувам памукчето или што е работата не знам, како го чистите лицето вие со неа, дали прво го мието со средство, сапун. и сл или само со водава и отприлика по колку се става?Јас како сум тргнала за недела дена ќе ја снема.
     
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.667
    Пол:
    Женски
    Јас лицето прво го чистам од шминка со мицеларна вода, менувам повремено Биодерма и Гарниер затоа што имаат поекономични џамбо пакувања. Обично не го топам многу памукчето, со два-три пати капнување ми е доволно да ја отстранам пудрата од лицето. Во спротивно, ако го натопам премногу ми смета кога е многу водено, ми прави неред и не ми вади ништо.
    Шминката од очите ја чистам со средство наменето за тоа, а дури потоа мијам со гел или пилинг - зависи што ми дојде при рака.

    Потоа си нанесувам лосион против црнки, па крема. Можеби треба прво да се измие лицето од шминка па да се помине со мицеларна вода, ама јас не можам да замислам на неисчистено лице да ставам гел и да натопам со вода неисчистени очи. Апсурдно ми е и по малку гадно.
    Мислам дека нема погрешен или правилен начин, сама ќе си видиш како ти одговара најмногу и така практикувај си. За мене ова се покажало најефикасно и не ја менувам „маршутата“.
    Ако ти изгледа мало шишенцето, а мало е, следниот пат купи ја водата на Гарниер. Големо е шишето и многу споро се троши, ќе ти трае со месеци. :)
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Бројче, јас ја имам мицералната вода од Нивеа сигурно веќе два месеци, ако не и повеќе, ја користам два пати дневно, а имам уште една третина останато од неа.

    Како што те разбрав користиш памук. Јас користам вакви [​IMG] и можам да кажам дека не се наквасуваат толку како памукот, туку течноста се задржува и нема потреба да се користи многу од истата.
    Ги користам и за бришење лак за нокти, исто ми треба помалку ацетон со нив.

    Не мора да земеш Нивеа- ги имам пробано и нема некоја разлика од нив до оние поевтините.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.135
    Допаѓања:
    88.483
    Пол:
    Женски
    Зависи колку шминка имам на себе. Ако имам пудра и повеќе шминка на очи (под повеќе мислам повеќе од маскара), тогаш чистам прво со водата, па после се мијам, а ако останало уште нешто околу очите од шминката тогаш топам стапче од оние за чистење учи и поминувам околу трепките. Само што мене со тек на време водава ми смета околу очите, па јас ја мијам :$
    На лице често ја користам после миење како лосион/тоник, зошто убаво и нежно ми го прави лицето.
    Само што јас мојата од Гарниер ја имам околу 5,6,7 месеци и еве сега сум при крај.
     
  9. befit

    befit Активен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2014
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    12
    Да прашам дали јас правам грешка во отстранувањето на шминка. Кога имам ставано потешка пудра најпрво ја отстранувам пудрата со влажни марамици ( какви ми се најдат дома ), потоа го чустам лицето со крем за чистење на лице, па потоа го поминувам лицето со мицеларна вода на нивеа, потоа млеко за чистење на лице од орифлејм и на крај ноќен крем. Истава постапка кога ставам полесна пудра само без влажните марамици, бидејќи најчесто ставам лесна пудра наутро и дури навечер ја отстранувам па нема потреба од влажни марамици.
    Дали постапкава моја е добра или е многу комплицирана?
     
  10. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.667
    Пол:
    Женски
    Ако ти прија на лицето тогаш не правиш никаква грешка, битно на крај е исчистено од целата шминка, без разлика каква била.
    Напротив, иако можеби делува комплицирано, јас би рекла дека е дури и повеќе од доволно за убаво и темелно да се исчисти лицето.
    Јас можеби би го изоставила млекото за чистење на лице по чистењето со мицеларна вода и би одела со крема, но мислам дека нема ништо погрешно - секоја си има свој тертип. :)
     
    На befit му/ѝ се допаѓа ова.
  11. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Нема потреба после се да поминуваш плус и со млеко за чистење.
    Одиш како што треба, само тука грешиш.
    Еве ја мојата постапка:
    - млеко за чистење лице
    - гел за миење лице
    - тоник
    - ноќна крема и крема за околу очи.
    Ако немам ставено шминка само со гел се мијам не ставам млеко.
    Очите ги чистам со маслен отстрануваш на шминка од очи.
    Влажни марамици не употребувам никакви затоа што додатно ми ја сушат кожата на лицето и само ги натапкуваат нечистотиите.
     
    На befit и simoncelicius им се допаѓа ова.
  12. befit

    befit Активен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2014
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    12
    Добро тогаш може ќе ги изоставам влажните марамици и ќе одам по твојот редослед само наместо тоник ќе ставам мицеларна вода и пишува на неа дека ја прави идеална кожата за нанесување на крем и ќе го изоставам кремот за очи поради едноставна причина, немам крем за околу очи.
    Ви благодарам на двете :)
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. luncika

    luncika Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    171
    Ќе почнам да ја применувам и јас твојава постапка, само не знам какво млеко, гел и тоник да купам за мојата мрсна кожа? :wasntme:
     
  14. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.667
    Пол:
    Женски
    Земи ги млекото и мицеларната вода на L'Oreal. Можеби се малку поскапи, но навистина вредат и ја негуваат кожата страшно добро.
    Зелената колекција во квадарести пакувања е за мрсна кожа.

    А гел за миење можеш каков сакаш, можеш да земеш и со гранули за подобро одмивање на порите.
     
  15. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.263
    Пол:
    Женски
    Овие денови во план сум да купам ново средство за чистење на лицето. Претходно имав Јанг Дерм, ама немаше видливи резултати, и премногу ме затегаше лицето.
    Паа некои предлози? :)
     
  16. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Какви и да земеш земи ги сите од иста фирма, така има најдобри резултати.
    Јас имам сува кожа, така да за мрсна не знам баш да ти препорачам, ама имаш од сите фирми.
    Како што кажа Мишела и јас сум многу задоволна од Лореал, ама и Нивеа не се лоши. Најново земав на Зиаја и исто така сум многу задоволна посебно од гелот за миење лице. Во Космо ти се на попуст до крајов на месецов со клуб картичката и таман можеш да се подновиш. Гелот за миење лице од Зиаја за сува кожа земав јас со маслинка е околу 140 денари, млекото е некои 20 денари поскапо. Имаш и сетови спакувани со крема и млеко, а тие се уште поефтини околу 300-400 денари е пакет. Ако не се лажам имаше и лабело со нив или околуочна крема...
    Разгледај и распрашај се во парфимерија, побарај и сетови и види што најмногу ти се исплати.
     
  17. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Јас го зедов и гелот и лосионот на база на клиндамицин од Леа и лицето мажала ми се опорави мн сум задоволна од овие 2 чуда ќе продолжам да си ги користам...
     
  18. Iv.girl55

    Iv.girl55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2013
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    103
    Пол:
    Женски
    Девојки некој совет или третман за чистење на мозолчиња ?
    Што користите за тоа ?
    И дали знаете некој добар дерматолог во Скопјево што знае да препорача добра крема, бидејќи последниот пат кога бев "успешната докторка" ми даде погрешен третман :) ?
     
  19. Snowbell

    Snowbell Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2013
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    143
    Можеш да направиш третман за чистење со дермоабразија и хемиски пилинг. Јас одам кај Др.Коста Цветковиќ и сум многу задоволна.Ќе ти препорача и соодветна терапија а не е воопшто скапо.Еве ти нивен вебсајт http://dermaplus.mk/. :)
     
    На Iv.girl55 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. nemir26

    nemir26 Активен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2014
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    1
    сум пробала секакви маски за лице,купени и домашни но најмногу ефект имам од маската со сода бикарбона.две лажички сода и една вода да стане како паста.се става на лицето 15 мин и нежно се имива со вода.има многу убав и брз ефект