Форумџика на годината

Како до побели заби?

Дискусија во 'Лице' започната од GlamourouS, 30 ноември 2009.

  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    A мислите дека со паста може да ја измените бојата за забната коска????

    Смешки. Тие резултати се краткорајни и минливи.
    А оние бабини деветини како сода бикарбона, ќе ја уништат глетта на забот со честа употреба, а секако и тоа е краткотрајно. Добиваш бели заби 1 ден, а потоа цел живот уништени заби.

    Ласерски третмани е она што може да избели. Ама за тоа треба паааааари.
    А и добро е од време на време да се избелуваат забите кај заболекар, мада тоа е едно обично чистење на забите, кое сепак пред се е хигиена, а потоа белеење некакво.
     
  2. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Точно.
    Сакав и јас претходно сличнава поента да ја потенцирам.
    Не верувам во пастите што прават чуда, а уште помалку во сода бикарбона како средство за белеење.
    Инаку еднаш отидов на заболекар за избелување, и ми зема 3000 денари, за не знам какво чистење и белеење. И првата недела стварно се приметува, понатака не баш. Ама битно темелно ги чисти забите, на места тешко достапни за четката, па самото чувство во устата е поубаво.

    Коската на забите си има своја боја. Некогаш со применување на било што не може да се осветли. Познавам луѓе што биле и на третмани, со пасти, четки и триста чуда, ама забите им остануваат жолтеникави.
     
  3. CattyMac

    CattyMac Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    pastata ja imav jas.. mala e :) colgate se vika :)) i nema mnogu epten efekt.. ama super ee :))
     
  4. Kalimerka

    Kalimerka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2010
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    1
    Е како патите немаат ефект? Па тоа е нешто што се користи секој ден, и тоа повеќе од еднаш. Јас обавезно се мијам наутро и насабајле. Користам Сигнал Вајт Нау и може е поскапа од другите (некаде 160 ден.) ама си ја користам само јас, ми трае по 1 месец и гледам ефект. И сега ако ја баталам и ако земам да користам некоја глупа фала богу дека забита нема да продолжат да ми бидат бели.
     
  5. RedRose97

    RedRose97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2010
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    159
    Јас моментално ја користам оваа само од кристал минт (ја добив со четка за заби) многу ги обелува забите. :)
    [​IMG]
     
  6. trendy

    trendy Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2010
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    172
    видов во едно списание за нега на лице и тело
    да ги миеш забите по секое јаденје(освен ако си излезен надвор да јадеш) да ја менуваш четката за заби редовно и мораш да се миеш заби на утро и на вечер(после миењето заби да не се јаде) со пастата colgate така забите ќе ти бидат кристално бели..
     
  7. crnokosata

    crnokosata Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Женски
    Три големи лажици сода помешани со две мали лажички сол. Не е воопшто штетно секој ден да се четкаат забите со ова.
    Исто така се препорачува еднаш неделно да се мијат забите со смеса од една лажица кисела вода и една лажичка сода.
     
  8. asus

    asus Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2010
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    jas bev na stomatolog i mi kaza deka treba so sol ednas vo mesecot da gi mijam zabite i stvarno pomaga probajte

    [mod-kirilica:t15hgywz][/mod-kirilica:t15hgywz]
     
  9. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    822
    Женски полека ова со содата, како не е штетно ви се молам?? :!: И тоа секој ден.. :x Па содата ја разјадува глеѓта на забите, немојте бели бели па после штрби да шетате. Ова најдобронамерно :*
     
  10. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Јас пробував неколку пати со сода но не видов никаков резлутат па се откажав ...
     
  11. avemaria

    avemaria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2010
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    3
    Да јас сум направила корекција на нос и платив 900 евра кај еден приватник кој незнае со прави ама повеке не постои потоа ми бесе мака па се одлуцив за Aнчевски и на вистина си ја знаат работата е цената зависи што ти треба ама е над 1000 евра
     
  12. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    915
    Татко ми е стоматолог и ви препорачувам да не одите да ги полирате забите, бидејќи се уништува глеѓта на забите а тоа значи дека може потоа побрзо да ви се расипуваат. Еве ви еден рецепт за бели заби ќе ставите содабикарбон и лимон на четката за заби и така исчеткајте ги ќе видите дека ќе има резултати, но немојте стално тоа да го практикувате можете еднаш месечно да ги миете така забите.
     
  13. feminna09

    feminna09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    14
    Па вака .. имам забележано дека забите кај мене имаат супер бела нијанса но двете тројки горе ми се жолти , мислам многу повеќе се разликуваат од бојата на другите заби а редовно 2 пати во денот ги мијам :^) чаре ? ;D
     
  14. mackice

    mackice Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    237
    Допаѓања:
    12
    и мене ме мачи тој проблем жолти заби,побарав паста од докторс за белење али не знаев коа точно дека на сите пишува за белење на забите ,па ако може некој нека ми каже која е најефикасна? и ќе го пробам ова со сода бикарбона и лимон поздрав
     
  15. unique.lady

    unique.lady Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    69
    па купете си бе колгејт навистина помага неколку дена да се миеш заби на вечер и на сабајле и одма бели забите :angel:
     
  16. mackice

    mackice Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    237
    Допаѓања:
    12
    Ги мијам секогаш со колгејт али ништо ,пак ми е иста бојата ама мислам зависи и од коската ако ти е пожолта џабе е се....
     
  17. renata76

    renata76 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    34
    Исто и јас барам нешто за побели заби,сум ги миела и со Колгејт Вајтенинг, ама пак исти ми се,
    не знам ова со содата би го пробала,
    ај да видам,

    ако знаете некоја друга паста кажете,
     
  18. inmate1807

    inmate1807 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2011
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    4
    Батали такви работи, ја оштетува глеќта. Пробај со паста од Алое јас имам супер резултати. Нормално не ко оние од рекламине :D
     
  19. mackice

    mackice Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    237
    Допаѓања:
    12
    Како се вика пастата од алое ,да ја купам и кај ја има позз
     
  20. inmate1807

    inmate1807 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2011
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    4
    знам дека ја нема во маркетиве и продавници. ај, ке ти пишам во порака. да не искочи тука ко реклама :P