ТЕМА: Како до побели заби?

Мислење 06 Фев 2012, 11:57

Сода бикарбона

Најраспространет домашен „лек“ за избелување на забите е сода бикарбона. Добрата вест е што е многу ефективна, а лошата е што има абразивно дејство и ако се користи многу често може да го нагризе надворешниот слој на забите и да предизвика оштетување.

Како да ја користите?

Натопете ја четката за заби со вода и макнете ја во сода бикарбона. Врз четката не треба да има многу сода. Тријте ги забите со кружни движења 2-3 минути, а ако можете продолжете и до 5 минути.

Потоа исплакнете со вода неколку пати или измијте ги забите со паста за избелување.
Јагоди

Јагодите се сосема природен начин за избелување на забите, па поради тоа многу луѓе решаваат да ги искористат и да го проверат нивниот ефект. И навистина, јагодите содржат ензими кои ги избелуваат забите, иако нивниот ефект е многу мал.

Како да ги користите?

Земете 2-3 јагоди и изгмечете ги. Ставете ги врз четката за заби и четкајте ги забите 3 минути. Или пак, можете да пресечете една јагода на половина и со неа да ги триете забите.

Јагодите содржат шеќер и киселини кои ги отстрануваат флеките од забите и ги прават побели, но во исто време го омекнуваат емајлот на забите. Затоа, по употребата на овој метод за белење, потребно е да ги измиете забите со паста за да ги отстраните шеќерите и киселините кои остануваат.
Хидроген

Многу распространет метод за избелување на забите е и методот со употреба на хидроген. Хидрогенот влегува во составот на многу пасти и други производи наменети за избелување на забите. Тој навистина помага за избелување на забите, но има лош вкус и може да им наштети на забите.

Како да го користите?

Употребувајте 1% или 3% хидроген. Плакнете ја устата 30 секунди со 2-3 лажички хидроген. Плукнете го и потоа исплакнете ја темелно устата со вода или уште подобро исчеткајте ги забите со паста, за да бидете сигурни дека немате повеќе хидроген во устата.

Хидрогенот е безбеден да го шмукате, но треба да бидете многу внимателни да не го голтнете. Кога користите хидроген, можно е вашите непца да се раздразнат.

Честа пракса е да се комбинираат различните продукти за создавање на поефективни „избелувачи“. Примери:

2 кафени лажички сода бикарбона и 3 кафени лажички хидроген.
1 пасирана јагода и ½ кафена лажичка сода бикарбона.

Лимоновиот сок е уште еден познат метод за избелување, но не се препорачува затоа што го омекнува емајлот на забите и ги прави забите почувствителни.
!

Внимание! Ако планирате да употребувате некој од многуте рецепти за избелување на забите во домашни услови, многу е важно да преземете мерки за заштита од несакани последици. Прво треба да внимавате да не сте алергични на состојките, а второ – да не ги користите често, затоа што можат да ги оштетат забите.

По употребата на кој и да било домашен рецепт, исплакнете ја темелно устата или пак измијте ги забите со паста за заби.
Аватар на корисникот
Katojiikutaka

Сино цветче
 
21168
Мислења: 168
Зачленет: 10 Јан 2012, 13:19
Незнам што очекуваш од мене,но може да добиеш само автограм. :)

Мислење 14 Фев 2012, 01:24

Па вака јас користам многу подолго време прашок од Докторс и многу сум задоволна, забите ми се пребели,а без ниедно ласерско или сличен третман, пробајте многу делува :)
Последна редакција: Gordana10 на 14 Фев 2012, 01:28; редактирано еднаш.
Причина: Мислењето беше напишано на латиница.Прочитајте ги правилата на форумот.
Аватар на корисникот
liili

Фем почетничка
 
00
Мислења: 10
Зачленет: 19 Јул 2011, 19:26

Мислење 14 Фев 2012, 19:33

Каков е тој прашак од Докторс? Стави слика и цената ако може? :)

Јас со содата од време на време пробувам, можеби има минимална разлика, некаде нијанса побели. Сепак до коската е.. :(
Ја користам Lacalut White и од неа баш нема некои посебни резлутати. Не знам не сум прашала по аптекиве, има некои средства стриктно само за избелување?
Аватар на корисникот
Emma89

Сино цветче
 
65224
Мислења: 391
Зачленет: 11 Апр 2010, 12:33
Локација: Малдиви

Мислење 15 Фев 2012, 15:54

Colgate Max White One!
јас ја користам и навистина делува.
Minareli

Фем почетничка
 
11
Мислења: 15
Зачленет: 15 Фев 2012, 15:46

Мислење 16 Фев 2012, 18:12

Квалитетна паста ...
Скриен текст: покажи
најдобро со colgate
Аватар на корисникот
awee

Сино цветче
 
6739
Мислења: 214
Зачленет: 06 Ное 2011, 13:39
Слика

Мислење 21 Фев 2012, 22:34

Minareli напиша:Colgate Max White One!
јас ја користам и навистина делува.

Токму така. Баш оваа паста ги прави забите побели. Проверено ;)
Аватар на корисникот
Herrera

Бело цветче
 
70
Мислења: 53
Зачленет: 14 Јан 2012, 10:56

Мислење 21 Фев 2012, 23:00

liili напиша:Па вака јас користам многу подолго време прашок од Докторс и многу сум задоволна, забите ми се пребели,а без ниедно ласерско или сличен третман, пробајте многу делува :)

Каков е тој прашак? Може слика? :D
Последна редакција: Gordana10 на 21 Фев 2012, 23:04; редактирано еднаш.
Причина: Мислењето беше напишано на латиница.Прочитајте ги правилата на форумот.
Аватар на корисникот
Chocolatelover

Бело цветче
 
565
Мислења: 99
Зачленет: 13 Јул 2011, 17:59

Мислење 24 Фев 2012, 16:38

Lacalut White, паста за заби ја има во аптеките ;-)
Аватар на корисникот
hehehe

Сино цветче
 
3911
Мислења: 113
Зачленет: 15 Дек 2010, 03:17

Мислење 28 Фев 2012, 23:27

Colgate max white one... Jа користев пред некое време, ама некако немаше големи резултати.
Ја купив другата паста Колгејт ама заборавив како се вика. Беше со микрогранули и како во помалечка туба. Беше повеќе ефикасна од првата, но сега мислам да си купам Лакалут да ја пробаме и неа :D
Прикачени фајлови
colgatemaxwhiteonetoothpaste.jpg
colgatemaxwhiteonetoothpaste.jpg (11.28 KiB) Разгледано 109 пати
Аватар на корисникот
butterfly33

Сино цветче
 
59150
Мислења: 267
Зачленет: 18 Фев 2012, 17:13

Мислење 28 Фев 2012, 23:30

Јас си ги мијам забчињата со сода бикарбона... и навистина ми помага :) но не секогаш... на месец на два-три недели и така... ми се обелуваат и си се гордеам со мојата насмеФка... :D 8)
Аватар на корисникот
Devojka20

Фем почетничка
 
05
Мислења: 6
Зачленет: 28 Фев 2012, 02:41

Врати се на Лице

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: Google [Bot] и 5 гости

Site Meter