Зависи от типот на кожата што ја имаш. Ако е сува, ти го препорачувам класичниот крем за лице, во лимена темно сина кутија што е. Ако е нормална, тогаш Нивеа софт, бргу се впива. Само малку има чудна структура
Девојки, дали некоја од вас знае дали во нашите аптеки може да се најде Проактив колекцијата за лице? Фала!
Oваа од Нивеа е за мрсна кожа, јас ја користев долг период. Мислам дека беше околу 370 денари и стварно е добра - барем мене ми беше. Мириа прекрасно, убаво го хидратира лицето и има гел-структура.
Јас ги земав дневна и ноќна по 195 од Космо инаку комбинирана ми е кожата и добра е,ми се допаѓа само незнам што е разликата овие две и другиве Nutri i Hydra ?
Девојки само да ве известам дека во Рамстор маркетот има акција на Лореал трипл актив крема со мицеларна вода за чистење лице по цена од некои 350 денари. Имаше за нормална до комбинирана и за сува и осетлива кожа. Исто видов и за позрела кожа вакви комплети, ама тие беа 100-200 денари поскапи. Па ако ја користите кремава или ви е во план да ја купите, стварно е добра зделката, затоа што само кремата е околу 370 денари.
Да да и јас баш ја видов акцијата денеска во Рамстор, само мислам дека со мицеларната вода сетото е 540, а сетовите со две креми трајпл екшн се 340.И за сметка напраена над 300ден, со Лореал производи се добива гратис сјај Глам шајн мис кенди.Така да поисплатливо од ова здравје.Поопширно за промоциите пишував во темата известување за нови промоции... Само овие цени се со клуб картичка, но кој нема на каса одма може да си извади 50ден е и веднаш да си купи производи намалени со клуб картичка.
Па баш пошто некако неразбирливо пишуваше проверив според истакнатиот бар код и затоа така сфатив како што напишав. Како и да е понудата е одлична, одете видете што ќе ви одговара.
И јас ја користам Бекутан но немам намера сеусте да ја сменам затоа што сеуште некако ми ја поднесува кожата најубаво
Моментално ја користам оваа на Dalton и сум презадоволна. Најдобра крема што ја имам користено за мојата пресува и чувствителна кожа, лесно се упива и многу хидрира, а не ги затвара порите и кожата ми станува премека https://www.facebook.com/photo.php?...11685357.36955.150318478354017&type=3&theater
Моментално овај и многу сум задоволна зато шо мојата кожа е хиперосетлива и ретко нешто да и се погоди.
Спојлер Биотенот дефинитивно не е крем што би го купила пак. Премалце го има, а и ефектот кој го дава не е за пофалба. Веднаш, за дел од секунда се впива и имам чувство како воопшто крем да не сум ставила, па повторувам постапка уште еднаш, и пак ми се прават суви лушпи околу устата, не го бива за подлога, едноставно може и не е до него,до мојава кожа е, ама не, веројатно би бил подобар на многу масна кожа Афродита, новата универзална крема со алое и невен, веќе реков дека првиот впечаток од неа ми беше дека е помасна крема, и помислив дека нема воопшто да ми одговара, ама во комбинација на Дав сапун за лице и сосем мала количина од неа, ја бидува Навистина, еве ја користам само неа, не ми се прават лишаи, немам проблем со пудра, е сега пошто е потопло по неколку часа се осеќа она потење или мастење на кожата,ама јас имам навика да се мијам лице едно 3-4-5 пати на ден па не ми е проблем одново да ставам Значи, оцена 7.9/10 Ниедна досега не ми задржала внимание повеќе од месец-два,па ваљда со оваа ќе ми се посреќи, вака од око ги задоволува моите основни критериуми
CICALFATE Cream Антибактериски крем за обнова. За осетлива, иритирана и оштетена кожа. Индикации Антибактериски крем за обновување на кожата, наменет за: Во случај на кожни воспаленија (рани, мали пукнатини на кожата, црвенило од пелени...). По мали дерматолошки хирушки зафати (електрокоагулација, ласерско отстранување на мадежи, брадавици...). Карактеристики Овој крем е особено погоден за осетлива кожа кај возрасните, децата и бебињата. Содржи висок процент на Avène термалната изворска вода (45%), која има смирувачки ефект и антивоспалителни својства, со што овој крем ја омекнува иритираната кожа. Смесата од бакар сулфат и цинк сулфат има синергистички ефект, а ексериментирањето со голем број на концентрации, овозможија добивање крем со јако антибактериско дејство. Додатокот на микронизиран сукралфат, единствен и особено активен, овозможува не само смирување на ослабената кожа, но и зголемување на можноста за ткивна регенерација. Освен тоа, ЦИКАЛФАТ-от го потпомага брзото враќање на пријатното чувство на кожата. Современата текстура има значителни козметички квалитети и лесно се нанесува. Упатство за употреба Се нанесува еднаш или двапати дневно на оштетениот дел, после внимателно чистење и сушење на кожата.
Јас после долго време користење на плавата Нивеа или Cera di Cupra Rosa, решив да започнам со дневна и ноќна крема па веќе еден месец ги користам Оriflame Milk&Honey Gold кремите додека околу очи си мачкам од Cera di Cupra Rosa кремата за поголемо потхранување. Лицето го чистам со бебешката купка на ќерками а лосион за лице користам на Cera di Cupra. Имам сува до нормална кожа и задоволна сум од ефектот на оваа комбинација.
Моментална ја користам од Нивеа mattifying day care со зелено капаче и сум многу задоволна.Дневна, лесна крема, убаво ми ја хидрира кожата и ми дава здрав сјај.За мојата мрсна кожа е супер.А и многу убаво мириса
Порано користев Olay, па Nivea, но дефинитивно најзадивилна сум од L'oreal triple active day https://www.google.com/search?q=loreal+ ... B305%3B262