1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Каква крема за лице користите?

Дискусија во 'Лице' започната од SpoiledBaby, 22 април 2010.

  1. hehehe

    hehehe Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    57
  2. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.023
    Јас не би ти го препорачала, ја имам целата колекција од која го користам само гелот за миење лице. Кремата не е мрсна одма се упива ама за два-три саата ќе светнеш во лицето. Имам комбинирана кожа и обавезно од кремава по некое време на т-зоната светнувам :envy: па затоа и ја баталив си стои така, ама добр предлог тие да ја испробам како подлога за пудра или да ја купам специјалната крема подлога за шминка на Нивеа. И ако тие за бубулици, ова она за да си го исчистиш лицето, ништо од тоа.

    За цената не ја знам пошто ми е поклон целата колекција.
     
  3. LoVeR

    LoVeR Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    1.046
    Не знам колку од вас го пробале или го користат овој крем ама дефинитивно е најдобар за моето лице....
     

    Прикачени фајлови:

    На RIRIFENTY му/ѝ се допаѓа ова.
  4. no.name6

    no.name6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2012
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    57
    Nivea Soft ми е најдобра
     
  5. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.585
    Допаѓања:
    80.672
    Пол:
    Женски
    Баш ти благодарам за искрениот коментар, јас и онака имав сомнежи за кремава, едноставно сомнителна ми е.
    А може да знам на која крема мислиш, онаа како подлога за шминка ?
    И ако знаеш ценичка, за купување ќе се снајдам, обично низ сите маркети, аптеки ги има. :)
     
  6. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.023
    На оваа крема мислам, прашав и во темата за подлога за шминка ама не добив одговор, па јаде тука ако ја има некој користено нека пише впечатоци. Цената и беше околу 300 денари во Тинекс ја гледав пред некое време.

     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    ^Ако ти е од помош ова, мислам дека некаде на форумов прочитав некоја од феминките не беше задоволна ич од кремава ама не ми текнува која беше.
     
    На A-j-a му/ѝ се допаѓа ова.
  8. lejlita

    lejlita Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    13
    И мојата кожа е комбинирана, пред некое време земав крема од Логона, природна и сертифицирана козметика, по препорака од лекар и конечно нешто да ми одговара.
     
  9. dalika1

    dalika1 Активен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    7
    Девојки,дали е точно дена козметичките производи што содржат Aluminum Chlorohydrate се штетни.Јас дома имам NIVEAкрем на него прочитав и ја содржи истата состојка.
     
  10. ruze-ruzica

    ruze-ruzica Активен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2012
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    3
    [​IMG]
    кожата ја прави мека и мазна, ми ги реши проблемите со т-зона
     
  11. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.228
    Допаѓања:
    30.388
    Пол:
    Женски
    И можам да кажам дека сум презадоволна од тоа како ја освежува кожата,и дава сјај и ја омекнува.
     

    Прикачени фајлови:

    • images.jpg
      images.jpg
      Големина на фајлот:
      6,6 KB
      Прегледи:
      422
  12. anggell

    anggell Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    4.788
    Допаѓања:
    8.838
    Пол:
    Женски
    Девојки,дали е точно дена козметичките производи што содржат Aluminum Chlorohydrate се штетни.Јас дома имам NIVEAкрем на него прочитав и ја содржи истата состојка.

    да точно е , исто така и антиперспирантите кои содржат алуминиум хлор хидрат се штетни :)
     
  13. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.096
    Пол:
    Женски

    Алуминиум хлорхидратот, хемиски претставува сол, која има дезодорантно и антиперспирантно дејства (исто така се употребува како флокулант-кој служи за прочистување на водата.)
    Значи, не е добар за кремови кои се користат за лице и тело, затоа што ги затвараат порите, а тоа е причини за стварање на подкожни и кожни акни. :)
    Се надевам помогнав. :hai:
     
  14. bumbuleya

    bumbuleya Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    105
    [​IMG]

    Хидратантен крем за секаков вид на кожа. Го имам само овој, дневниот. Ако се покаже како добар ќе го земам и ноќниот. Го имам една недела и засега е добар. Лесен е и ја прави кожата мека :)
    Не беше воопшто скап, само 169 денари ама до сега вреди за повеќе :)
     
  15. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Девојки ај ве молам за помош. Откако се породив, кремата што претходно ја користев (нивеа) повеќе не ми одговара. Некако лицето ми е станато заникаде :worried: на моменти личам на тинејџерка (поради бубулиците што ми излегуваат). Ај да сфатам да треба да добијам па да ми излезат 1-2, ама мене постојано почнаа да ми излегуваат. Пробав со алое вера да си го чистам лицето-не ми одговара. Еуцерин не ми одговара. Единствено забележав дека кога си ставам пудра, некако се потсмируваат. Ама проблемот е што не сакам постојано да сум со пудра, не сакам да ми ја гуши кожата.

    Некое слично искуство имала некоја?
    Совет за крема дневна и ноќна?
     
  16. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.585
    Допаѓања:
    80.672
    Пол:
    Женски
    Блонд, пробај навечер да ставаш мелем од невен, по можност домашно направен. Обично повозрасните жени знаат како се прави, распрашај се, верувам дека ќе најдеш женичка што стално го приготвува. :)
    Иако можеби мрсен ќе ти се види на прв поглед, немај гајле, успешно ги смирува акните.

    За дневна крема самата си знаеш што ти одговара, а што не, иако јас би ти препорачала да пробаш со Дав на пример, или некоја од линијата на Гарниер, солидни креми се.
     
  17. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.096
    Пол:
    Женски

    И јас имав сличен проблем со мојата кожа.
    Добро, јас не откако се породив :lol: туку откако сменив средина. Кога појдов во Скопје, од водата ли-незнам од што тој кремот што го користев дотогаш, Нивеа обичен од тие во плаво пакување почна да ми прави бубулици. Го сменив со Nivea Vissage moisturizing, хидратантен и лицето, да не го заречам ама ми “светна“. :) Бубулици ми излегуваат само пред менструација.

    Пробај и ти со ваков, ефтин е, 320-30 денари е.

    Ваков е, со сино капаче, за нормална до комбинирана кожа. Ти можиш да си одбериш според твојот тип на кожа.

    [​IMG]
     
  18. dalika1

    dalika1 Активен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    7
    Може ли да ми кажете за каква кожа е кремата Dove и за која воздраст е (имам 14год. и незнам дали е за моја воздраст)
     
  19. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.585
    Допаѓања:
    80.672
    Пол:
    Женски
    Погодна е за секоја возраст, ќе ти одговара пошто обично дневно кремче е. :)
     
  20. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.037
    Sattwa со овошни киселини. Толку пари испофрлани на скапи креми и глупости и на крај кремче од 300 денари ми го среди лицето.
    Топло ви ја препорачувам, одлична е. И за акни, лузни, превенција од брчки, изедначување на тенот. За сите типови кожа, за сите возрасти. Феноменална е, стварно од прво користење има резултат. Само што за преку есен и зима е, кога е појако сонцето не поради овошните киселини.