Па девојки, што сакате и користите повеќе сјаеви или кармини, што ви е најважно кога ги купувате (квалитет, цена, марка..) и какви се бои може да се најдат во вашите колекции ?
На кармин и лабело сум алергична, така што користам стриктно сјаеви за уста. Ги имам испробано сите на Нивеа и омилени ми се, а често купувам и од Авон во различни бои.
Кармин не користам, некако ми е за жени Лабело и сјај секојдневно и тоа од АВОН најчесто. Сега моментално имам неколку сјаја во златна боја,праска,црвенкаст,темно розев,безбоен... Многу се!
Дефинитивно сјај за усни. Од Орифлејм, Авон имам купувано мал милион сјаеви. Сега користам сјај за зголемување на усните од Авон и од Нивеа сјајче праска боја.
Сакам и сјај и кармин. Кармин црвен, а сјај розев. Купувам и од парфимерии и обични маалски продавнички.
кармини сега за сега не користам, само лабела и сјајчиња во разни бои, ама сепак најдобри ми се безбојните си ја бендисвам бојата на устата
Користам и кармини и сјаеви за уста, ама повеќе ги сакам кармините за навечер а за преку ден сјајче или лабело зависи. Кармини користам претежно розеви нијанси, најчесто ги порачувам од авон
Користам повеќе сјај за усни во боја од Голден Роуз,ретко користам кармини,многу ретко,доколку користам најчесто светло кафен кармин или нежна нијанса,црвени никако не ми стојат додека за сјај за усни истото некогаш практикувам да ставам кармин, а потоа малку сјај за усни нормално во иста боја или пак седефест кармин за колку да им дадам на усните ефект на полни усни,сјај,иако се полни но не многу таман се значи правам комбинации и од кармин и сјај за усни.
Ретко користам сјај за усни, да не речам, воопшто не користам, леплив ми е, а тоа ми смета. Ако се одлучам да ставам сјај на усните, ставам од сјајот кој што се суши, како сјајчињата на max factor. А на кармините имам мерак, како малечка дури сум ги јадела од што сум ги сакала. Сега, мислам дека карминот не е соодветен за моите години, па така да и не ставам кармин за излегување и слично, добро ретко, и некоја посветла нијанса која што нема да биде многу впечатлива и нема да се приметува. А и не ми треба, ни кармин, ни сјај, си ја сакам бојата на усните! Сепак, јас сум си за лабелото. И е со заштитен ефект, и добро изгледа на усните! Не ми треба никакво лепило на усните.
Сјаеви!И најчесто користам на Менхетен или Лореал некако најубави ми се и не се собираат како остатоци на краевите на устата.Ааааа и исто така ќе заборавев уствари до сега најубавиот ми бил на Ланком ама поскапичок ми е тој и поретко можам да си го дозболам(по густ е некако и мн долго трае).
Дечко ми ич не сака кога ставам сјај или кармин Поточно кажано кармини не ни употребувам,едноставно не ми стојат никако! Најчесто си употребувам сјајчиња и лабела.Имам сјајчиња за уста од авон,од пазарче еден ефтин си го зедов месо боја и имам уште еден леплив и безбоен на голден роуз.Тој многу ми се допаѓа и често си го употребувам.
Кармини не користам, освен еден од месо боја кој го ставам како подлога, а сјај - обавезно! Без сјај не излегувам од дома. И лабела користам исто така. Најмногу ги сакам сјаевите од Nivea и од Авон.
Користам само еден или два кармина и одозгора ставам сјај Лабела и сјаеви не знам ни јас колку имам .. не знам ни каде ми се . Имам од орифлејм , авон .. од тука по парфимериите што купувам . Лабелата ми се од нивеа . Имам и од странство што ми ги донесоа за нега на усни , лути се ама после усните многу убаво изгледаат. Не сум нонстоп со огледалцето и сјајот во рака . Ставам кога искачам и после дали не сакам дали заборавам не знам
Најчесто користам лабело. Барем сега може да се бира, има во сите бои и вкусови. Сјај за усни имам само еден, во принцип не сакам усните да ми се лепат на секое затворање на устата, па затоа поретко ги користам, освен ако налетам на некој кој не лепи толку, како овие на Орифлејм со вкус и мирис на шумско овошје. Кармини повеќе користев како помала, металик нијанси најчесто, сребрена, златна, металик виолетова и слични. Понекогаш ставав и месо боја. Сега имам месо боја кармин, како и еден во т.н deep red нијанса, кој го ставам само површно, колку усните да ми добијат боја (бледи ми се многу).
Повеке сакам сјај..одколку кармини..и сјајот го користам секогаш кога и да излегувам...дали навечер или преку ден...користам сјаеви од авон од орифлем..имам и некои од парфимерии ..најчесо во розева боја...светли...кармини понекогаш ги ставам само како подлога а после нив ставам сјај...најчесто се во кафеава боја..месеста...а црвени кармини не користам...бидејки не ми ни стоат..
poveke koristam labelo karmini ne se gadam od niv cat pat moze i sjajce no mnogu retko se desava toa imam 2-3 taka stojat proziren,nezno rozev i meso boja ali poveke sakam labelo sega sakam od tie sjajcinjata na nivea bi koristela sjajcinja ama koga bi imale prekrasen ovosen miris pa dajte nekoja preporaka da ne lupam pari za gabe