1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Корекција на носот

Дискусија во 'Лице' започната од enca.69, 7 јануари 2010.

  1. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.948
    Допаѓања:
    20.770
    Колку време отприлика се чека во државна и дали доктор јане сеуште работи?И колку време поминува додека да се намали отокот и модрилото?
     
  2. The.Oz

    The.Oz Активен член

    Се зачлени на:
    17 август 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Ме интересира како оди процедурата односно дали треба упат или не ? и дали Др. Јане сеуште работи, а ако не работи ако може некоја ваша препорака или искуство да ми кажете... благодарам
     
  3. PaLaVa

    PaLaVa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    3.704
    Пол:
    Женски
    ^^ Мислам дека Др. Јане сеуште не е вратен.
    Јас бев кај Др. Јакимовска, моментално сум на листа на чекање веќе месец дена. Неа ми ја препорача доктор специјалист, а и видов неколку пациенти на кои им вадеше гипс, убаво им беше испаднат носот... баш како што сакам јас. :)
    Инаку кај неа закажав преглед со упат од специјалист оториноларинголог од мојов град бидејќи операцијата пред се ми е поради здравствени проблеми (девијација на носна преграда) а сакам дополнително и естетски да ми се среди врвот на носот.
    Е сега само за естетска корекција не знам дали треба упат, мислам дека не треба зошто тоа оди приватно но вие пак распрашајте се за посигурно.
     
  4. SunshineYo

    SunshineYo Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2014
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    316
    Пол:
    Женски
    Јас имам проблеми со коската што го дели носот. На едната страна е свиткана и неможам да дишам со тој дел од носот. Ми препорача еден доктор овде пред година дена ако не ми се подобри ситуацијата за од прилика една година да одам на операција. Е сега моите секако сакаат да одам и незнам од каде слушнале и дали е вистина дека во државна болница поради здравствени причини е бесплатно до 18 год. Сакав да прашам дали имате слушнато и дали знаете дали е точно ? Исто сакам да ги прашам оние на кои им е корегиран носот дали боли коската на промена на време и за колку време се вади гипсот и поминува модрилото ?
     
    На Coco-Chanel му/ѝ се допаѓа ова.
  5. The.Oz

    The.Oz Активен член

    Се зачлени на:
    17 август 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Може некој да ми каже каде е заминат Др. Јане и дали има некој било каква информација во врска со неговото доаѓање ? И ако може некој од "искусните" ( кои веке биле на хируршки зафат ) да споделат некое свое мислење, да препорачаат некој добар доктор или да го споделат своето искуство пред и после операцијата.
     
  6. borisa

    borisa Активен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0

    Да те прашам дали направи веќе операција и ако да, како помина и како си задоволна од Др. Туџарова и гледам викаш дела чини околу 500 е дали твојата операција е чисто естетски или имаш и здравствени проблеми, зашто некој вика чинела околу 150 е ???

    tnx a lot :))

    Сакам да прашам некој што правел операција кај Др.Туџарова како сте задоволни и колку чини операцијата? Фала однапред.
     
  7. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.669
    Конечно после скоро 3 недели од зафатот тука сум да го споделам моето искуство.
    Не сум пишувала во темава претходно ама ја следев постојано и благодарение на една девојка од тука која исто неодамна се оперираше ги добив сите потребни информации како и целосна поддршка за што знае и сама дека бескрајно сум и благодарна.
    Бидејќи решив да напишам поопширно, со оглед на тоа што многу малку искуства има на форумов, долго е и опширно и кој го интересира нека читне во спојлер.

    Целото дејство некако се случи многу набрзина, од прегледот до операцијата имав само една недела да се спремам и ги завршам сите испитувања. Земав упат од кај матичната и се решив да ја правам во Воена болница (8ми Септември по ново) кај Добри Стоименов. Реално немав некој страшен проблем надворешно освен мала грпка и поширока коска, но затоа имав девијација од едната страна, некаков внатрешен оток од другата и сето тоа резултираше со отежнато дишење и постојано затнат нос.

    Првата консултација со него помина некако ладно, докторот не е од оние што зборат многу и ветуваат брда и долини туку баш реален што мене лично ми се допадна. Истиот ден од таму ми дадоа упат за да проверам крв, ЕКГ и рентген (сето тоа не чинеше повеќе од 300 денари), а на денот на приемот бев кај анестезиологот да даде конечно мислење и амин за понатаму.

    Попладнето ме примија и ме сместија во фина соба дури со изненадувачки добри услови ко за во болница. Морам да нагласам дека цел оддел е реновиран, собите и креветите се сосема солидни и храната е добра, а сестрите се супер и постојано достапни.

    Наредното утро ми беше закажана операцијата за 10.30, но дојдоа скоро саат порано да ме спремат, ми дадоа спаваќа и немав време за паники или да размислувам многу што и како ќе се случува. Ме однесе сестрата во сала, имав последна консултација со докторот и легнав. Пред операцијата примив инекција, без скроз смирена и правев муабет со сестрите додека ми ја ставаа инфузијата и наредно што се сеќавам е дека се разбудив од што ми беше ладно. Знаев дека поминало се, малку ми беше матно и веднаш почнав да зборам со сестрите. Ме вратија во соба после некои 10тина минути (целата процедура траеше нешто помалку од 2 часа) и веднаш бев способна да зборам по телефон или да пишувам пораки. Болки скоро и да немав, буквално глава ме има болено повеќе и ми дадоа само парацетамол, но бидејки изгубив многу крв на операцијата (плус намалено железо и ослабнат имунитет) примав секојдневно инекции и инфузии.

    Утредента и наредниот ден беа потешки, не заради болка туку заради големите отоци и гипсот што прави да биде неподносливо исто како и дишењето само преку уста. На изглед бев како страшило ама јас се чувствував сосема во ред. Докторот (патем доаѓаше постојано да ме провери и имав посета од доктори 3 пати во денот) ми препорача да пијам витамини кои чинеа некои 650 денари и од нив ептен брзо ми се повлекоа отоците. Гипсот и тампоните ми ги извади после 5 дена што беше малку непријатно искуство, но повторно ми го мобилизираше носот и челото само со гипс. Седмиот ден ме пуштија од болница со преврската на лице.

    Вкупно болничките трошоци, сместување, храна, терапии, плус нели зафатот чинат не повеќе од 16000 денари, но бидејќи мојата процедура ја покрива фондот платив само 1700 денари. Со отпусната листа добив и понатамошна терапија, капсули, спреј и капки за нос кои сите заедно ме чинеа околу 400 денари.

    Една недела потоа бев на контрола за вадење на гипсот, но докторот инсистираше повторно да ми стави преврска. Преврската (само на носот овој пат) ја носев 4 дена и конечно после некои 2 и пол недели видов како ќе ми изгледа носот и конечно бев задоволна. Претходните два пати кога ми ги менуваше завоите изгледаше буквално страшно, отечен и голем и бев благо речено разочарана, но очигледно му требало време да се повлече и среди за да заличи на убав нос. Дома продолжив да го масирам и мачкам со маст што ми ја препорача докторот, нешто помалку од 700 денари.

    Сеуште имам отоци кои за среќа не се многу видливи, модринки под очите и оток на горната усна.
    Препорачувам оние кои планираат да се оперираат барем еден месец претходно да внимаваат повеќе на себе, да се хранат здраво и квалитетно, крвта да им биде во одлична состојба и да прекинат со цигари. Посакувам јас да го знаев и практикував ова, верувам ќе поминев многу полесно.

    Да резимирам, мило ми е што се решив на овој чекор и што собрав храброст да го решам проблемот што ме мачеше со години. Дефинтивно не е лесна процедура, но сепак е вредна да се направи. Дишам одлично и морам да се пофалам дека и носот исто така ми изгледа одлично, истенчет, малку намален и отстранета ми е грпката, измазнета коската, толку природно слеано и совршено ми стои на ликот. Секоја чест на докторот за грижата и за одлично завршената работа, јас од денешна гледна точка сум презадоволна. Останува сега само на мене добро да се грижам и внимавам на него во наредната година за целосно да се повлечат отоците и да зарасне како што треба.
     

    Прикачени фајлови:

    • nose.png
      nose.png
      Големина на фајлот:
      280 KB
      Прегледи:
      1.201
    На fina erika, Marijam7, calliope и 22 други им се допаѓа ова.
  8. MeriB

    MeriB Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    3
    Ми кажаа имало на мтв на вести дека д -р. Јане е пуштен на слобода и е веќе вратен на работа, бидејќи не можев никаде да најдам , ако знае некој нешто нека сподели :)
     
  9. laven1

    laven1 Активен член

    Се зачлени на:
    4 април 2014
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Здраво на сите.

    Долго време ја следам оваа тема ги имам прочитано сите постови , но дури сега се решив да пишам. Сакам да направам ринопластика, немам никакви здравствени проблеми , единствено од естетски причини, бидејќи сметам дека имам голем нос со прчест врв и мала грпка. Сметам дека и вака изгледам убаво и Воопшто не се срамам од мојот нос ( дури можам да кажам дека го сакам прчестиот врв , и малата грбка ). Но мислам дека ако ми е помал носот би изгледала подобро, би се чувствувала подобро.

    Подолго време размислував за опцијата да направам операција, сега сум решена дека навистина го сакам тоа. Не се плашам од операцијата , туку најголемиот страв ми е како ќе реагира околината, како тоа другите ќе го прифатат тоа. Би сакала да ги слушнам вашите мислења или можеби доживеани ситуации.
    Се надевам ќе ми одговорите.

    Исто така имам неколку прашања за операцијата , па би сакала ако може некој кои поминал низ операцијата да ми пише во лп, за да му поставам некои прашања .

    Ви благодарам :*
     
  10. Blabla16

    Blabla16 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    161
    Пол:
    Женски
    Ако ти е добро направен, секако дека реакцијата ќе биде позитивна :) Најважно е како ќе се прифатиш ти со новиот нос, за околината да не ти е гајле.
    Во мојот случај сите што ме видоа после операција реакцијата им беше дека ми е многу поубав носот и дека сум сменета :) Со тие што имам само здраво на улица, не ни забележаа промена ( и подобро ) :D Ни самата не верував дека еден нос може толку да влијае врз изгледот :) После 2-3 пати видувања се навикнуваат на тебе и исто како да не си правел операција. Не се оптеретувај со околината. И јас се плашев од тоа што ќе кажат другите, али на крајот сватив дека за тоа не сум ни требала да размислувам, дека тоа бил најнебитниот дел од приказнава ;)
    Пиши ми лп ако те интересира уште нешто.
     
  11. missSunshine

    missSunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2010
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    9
    Дали ќе може да стапиме во контакт за подетално да ми кажеш информации доколку си расположена се разбира :) Ти испратив и ЛП но ми стои во сандачето „Се испраќаат“ и никако да се испрати :) Може да ми оставиш маил или мобилен во ЛП за да искомуницираме :) Фала ти
     
  12. Velvet

    Velvet Активен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2012
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    11
    Случајно чепкајќи низ сајтовиве најдов нешто што според мене е многу добра идеја.
    http://www.nosesecret.com/

    Дали има некој купено,дали е задоволен? Јас би сакала да купам но само shipping-от е 48 евра и би се исплатело ако се земат повеќе сетови. Еден сет е 35 евра. Што мислите за овој продукт?

    Разгледувајќи видов дека многу луѓе имаат позитивни резултати и дури ги користат во своите makeup tutorials како Мichelle Phan на пример.
     
  13. Velvet

    Velvet Активен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2012
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    11
    Неможам да се редактирам па затоа ќе напишам нов одговор. Shippingot e 5 евра а сетот 25. Значи се вкупно е 1800 денари. Единствен проблем е што не прифаќа shipping до Македонија па најблиску е Србија,друго незнам..
     
  14. invisible666

    invisible666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2011
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    0
    Јас користам вакви неколку години, првите месеци е супер ама потоа трајно ти го раширува носот и добива уште полош облик и потоа мора уште да ги носиш,т.е постојано.Не се нешто трајно, што значи морад да купуваш постојано бидејќи мекнеат, околу 6 месеци траат некогаш до плус месец или два.Инаку ако толку сакаш, можеш да нарачаш, мери го носот дијагонално долниот дел до врвот за да знаеш колкава големина,и со тек на време ќе се зголемува потребата од поголем број.Позз
     
  15. joana18

    joana18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    439
    Допаѓања:
    268
    Дали некој правел корекција на нос во Штип ?
     
  16. principessa123

    principessa123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2014
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Женски
    во штип мислам дека не дури и да има колку би биле искусни....во Скопје не се,а заштип да не збориме...да би имало во штип од што морам ке отидам и јас.пошто сум близу до штип..али нема..Скопје не ни бега! :)
     
  17. jasmince91

    jasmince91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2010
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    3
    Здраво , би сакала да ве замолам ако имате контакт емаил или телефонски број од докторката Фродита Јакимовска да ми дадете, дали докторката работи во државна болница дали има листа на чекање, и одприлика колку кошта операција на нос само од естецки причини ...Ви благодарам
    Погоре во вашите коментари е споменат и доктор Добри Стоименов кој има искуство кај овај доктор ?
    поздрав ;)
     
  18. pinkyyy4

    pinkyyy4 Активен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Ме интересира искуство од кај Др. Смиља Туџарова, барав многу по форумов ама не најдов за нејзе ништо конкретно? Ве молам некој ако има искуство да пише :) :*
     
  19. Bila.01

    Bila.01 Активен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    1
    Ме интересира дали некој слушнал за докторка Никица што работи во Воена болница?
     
  20. iva33

    iva33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Како можам да ја исконтактирам Др. Јакимовска?
    И ако знае некој нешто повеќе за ДР. Стоименов нека сподели :)