Девојки дали ја имате користено кремата против акни DIACNEAL и дали сте задоволни?http://www.athenspharmacy.com/photos/20061204131353AVENE%20DIACNEAL.gif
крема против акни DIACNEAL ја користеше една моја другарка и многу е задоволна, само пред некој месец диакнеал веке престана да се произведува и сега има триакнеал усте подобра од таа (со три состојки внатре). вреди за парите
Пошто ги имам користено и докторс и триакнеал (диакнеал немаше), можам слободно да ти кажам дека кај мене поголем резултат имаше докторс кремчето. Евтино е некои стотина денари, па ни толку. Малку е гадно за користење, па можеш да го ставаш навечер. Мене лицето ми го смири бајаги. А триакнеал ми се чини беше некаде 950 денари, резултати скоро и да немаше. Да не даваш веднаш толку пари, пробај со нешто поевтино. Името и цената не мора да значат ништо.
Докторс анти акне е прилично добра крема, ја користев и за акни и како подлога за шминка, бидејќи тогаш ја користев пудрата на Менхетн, па ми беше одлична подлога. Ја сменив кремата кога ја сменив и пудрата. Инаку, задоволна бев од кремот, за брзо време ми ги снемуваше акните и единствена замерка ми е тоа што малце необично мириса. Други креми од ваков тип немам користено.
На едно видео на Фемина за девојка која има голем проблем со акните кој колку толку го решава со шминка имаше оставено коментар дека за акните многу помага кремата ,,Здраве" (во плава кутија). Она што ме интересира е дали некоја од вас ја има користено и дали навистина помага.
Tanjic јас ја имам користено и сеуште ја користам..порано кога имав поголем проблем со акните ја користев во комбинација со Хлоракол и навистина ми помогна.Сега ја користам во комбинаицја со млекото и тоникот на гарниер за нормална до комбинирана кожа и супер е . Само навечер се става оти го прави мн бело лицето ( не упива во кожата ) а исто и ако имаш проблеми со црвенило од стискани акни или слично помага кремата .поз
Ќе можете ли да ми кажете каде можам да ги најдам кремите и колку пари се, во последно време лицето ми е катастрофа, благодарам однапред.
кремите ги има речиси во сите подобро снабдени маркети и се прилично ефтини, околу 50 денари тука некаде.
јас ја имам пробано само сината „здраве“ на арома а за другава не можам со сигурност да тврдам сината е одлична
Е ја сум од помал град,ја од аптека ја зедов околу 50 денари беше и ми помогна, види во аптека пазар продавница поголем маркет...
Баш деновиве ке купам и ке пишам за резултатите...Девојки дајте некоја друга крема што и да е, некој домашен рецепт или др. што помага за акни и мрсно лице....Инаку сум живчано девојче и само ги стегамакните ама што да се прави во пубертет сум....Ииии пишете нешто...Помошш!
Девојки, јас пред два дена ја купив здраве кремата и можам да кажам дека сум презадоволна пред една недела ми се исфрла лицето и ова кремчето ми го среди за два дена, му го препорачувам на секој што мака мачи со оваков проблем. Кремата ја купив од зегин и чини само 50 денари. Со среќа на сите што ќе ја купат, сигурна сум дека нема да згрешат. позз