1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Креми против брчки

Дискусија во 'Лице' започната од maja8, 17 јануари 2010.

  1. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    па јас веќе си почнав...ставам така помалку :) иако немам и тоа на критичните места каде е поверојатно да излезат, ја користам кремата на докторс со бадем Антирид и фина е, сепак бадем има би требало да е добра. :^)

    [​IMG]
     
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.004
    Допаѓања:
    11.125
    а колку чини кремава?
     
  3. CrystalNoir

    CrystalNoir Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    92
    70-80 денари,ги има скоро во сите поголеми маркети и аптеки
     
  4. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.671
    Допаѓања:
    97.723
    Пол:
    Женски
    Замислете мајка ми ми купила антирид крема и тоа ни помалку ни повеќе
    Одлична е навистина и знам дека е скапичка за мој џеб
     

    Прикачени фајлови:

    • images (4).jpg
      images (4).jpg
      Големина на фајлот:
      5,1 KB
      Прегледи:
      550
  5. Vesna.Spi

    Vesna.Spi Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2012
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    126
    Пол:
    Женски
    дерматологот ми има спомнато дека секоја крема за лице, убаво си делува и на пределот околу очите каде најмногу се појавуваат брчките, односно дека нема некоја специјална потреба од антирид.

    Од искуство, секоја вечер мрсно околу очите, пример обична павловичева, убаво храни.
     
  6. lovely-girl

    lovely-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    653
    Пол:
    Женски
    Се зависи до кожата на човекот, мајками не користи никаква крема за брчки, има 40 години, нема ниту една брчка, а има неколку смао околу очите, и тоа ке кажеш дека сега почнале да и се појавуваат... ама .. има мрсна кожа, а факт е дека мрсната кожа не е толку склонна на брчки :)
     
  7. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.017
    Пол:
    Женски
    Поентата на кремите против брчки не е да се користи одкако ќе се појават,туку како превентива за да го одложат нивното појавување.Препорачливо е да се користат од 25 година,иако немате видливи брчки.
    Веќе излезените брчки ништо не ги лечи освен лифтинг,туку може минимално да ги избледи.
    Имам видено доста кремички кои се 25+ за млада кожа,секако нема да купите како за мајка ви креми 45+.Јас сеуште не користам,но за година,две сигурно би купила некоја.
    Мајка ми користи Лореал и од нив е најзадоволна.
     
  8. mackice

    mackice Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    237
    Допаѓања:
    12
    Здраво, имам 22 години и би сакала да почнам како превентива да користам некои креми за да не ми се појават брчки понатака, само не знам која крема да ја земам, Нивеа Q10 не е за повозрасни?
     
  9. CrystalNoir

    CrystalNoir Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    92
    Кремите со Q10 и кремите со хијалурон препорачливо е да се користат од 25 години па нагоре,што значи за помлада кожа превентивно доволно е само некој хидратантен крем кој е наменет за површината околу очите.
     
  10. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.004
    Допаѓања:
    11.125
    Дајте некоја крема за +25 години. Има ли таква некоја во маркети, аптеки, да не е прескапа. Сакам да почнам да користам нешто. Ама страв ми е да имам контраефект.
     
  11. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.213
    Пол:
    Женски
    ^ Можеш да си земеш Нивеа Q10 плус, така мислам се викаше. Тие се за над 25 години.
    Можеш исто и Росал да пробаш, тие се поевтини (околу 200-300 денари), и имаат различни линии: за кожа над 20 години, над 30, над 40... Ја имам користено таа за 20+ и фина е, задоволна бев.
    По маркетиве ова имам видено.

    А уште поевтини креми можеш да најдеш во ДМ маркет, од линијата на Балеа и Алверде. Тие ем се природна козметика, ем се евтини.

    А, сега ми текна, има и на Green Line една крема за први брчки, т.е. за кожа над 25 години. Ја имам користено и оваа и убава е, а и не е скапа :)

    Сега има и една нова линија на креми, Биотен се вика, ја има по маркетиве и евтина е, само не сум загледала дали има креми баш за 25+.

    Од поскапите, има линија за над 25 години на Avene, во Зегин ја видов, ама цена не знам колку е. Во оваа група спаѓаат и Виши и Еуцерин, кои се квалитетна козметика, ама и прилично скапички.

    Избор има, само треба да си одлучиш во зависност од типот на кожата и буџетот, секако :)

    Јас моментално користам само крема против први брчки за околу очи од Балеа, беше некоја смешна цена, ама убава е :) За лицето користам една исто од Балеа за комбинирана кожа, ама оваа не е против брчки :)

    Се изнапишував, се надевам нешто од ова ќе ти помогне ;)
     
    На Zimone му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.004
    Допаѓања:
    11.125
    Фала ти, да исцрпно ми одговори.
     
    На Iva4kit му/ѝ се допаѓа ова.
  13. MissDior

    MissDior Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    1.180
    Допаѓања:
    10.084
    Ако може некоја искусна феминка да ми даде совет. Неколку пати сум пробала крема за околу очи против брчки од Нивеа, но после неколку минути чувствувам пецкање и непријатност, понекогаш и црвени точки поради што одма се мијам. Оваа реакција сум ја добила и од други креми од овој тип. Кажете ми некој совет што да нанесувам околу очите за да го спречам настанувањето на брчки, зошто имам повеќе од 20 години.
     
  14. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    девојки
    креми против брчки-антирид се користи по 25тата година-колагенот почнува да опага и затоа е така секако дека не се користи за секој тип иста крема, верувам дека знаете :) после 30тата година се појавуваат т.н. трајни брчки но ако се овозможува правилна нега-чистење, потхранување, може и 60 годишна жена да изгледа ко 30 секако и најбитен фактор се гените. Една брчка кога ке се појави не исчезнува така лесно а најдобро решение е БОТОКС инекциите-ординација која се занимава со тоа е др Анчевски и тимот на професионалци-баш читав статија колку трае како што на ф.б. имаше.Младите девојки околу 20тата година ако не и помлади, експериментираат со се и сешто и може да дојде до несакани последици на кожата за тоа внимавајте-совет од професионалец
    ако не знаете кој тип на кожа имате,Орифлејм имаат тестови за одредување на типот на кожата.
    иако имам 27 години, користам лесни креми на лицето од 100 % природна Полска козметика-од камилица и алое вера зависи како-кога и Дермогал лосион за чистење на лицето бидејки имам сува кожа и ми е потребно похранување :)
     
  15. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.798
    OLAY од ДМ маркет е многу убава крем, со прифатлива цена. Ги има повеќе видови. :)
     
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.004
    Допаѓања:
    11.125
    Ама сепак на 27 треба веќе нешто да се преземе нели?Јас имам толку, па сакам онака да се енгувам. Мислам дека имам нормална кожа, па нешто да ми препорачаш кога веќе имаш искуство со козметика.
     
  17. MaDa

    MaDa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2010
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    320
    Пол:
    Женски
    Дечки јас можам да ви предложам да ги пробате производите на FGM04. Во колекцијата за лице DMAE имате повеке производи за нега на лице меѓу кои се и кремите против брчки за лица до 40 години и за лица над 40 години. Јас во моментов го користам гелот за чистење лице, а мајка ми кремата против брчки и серумот против подочњаци и сме презадоволни. Битно ми е многу тоа што се на природна база.
    Ако некој сака да ги проба знам дека ги има во Јуник на друго место не сум видела.
     
  18. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.097
    Пол:
    Женски
    Смешно или не, јас кога забележав како ми се "збираат" очите кога се смеам, одма си купив крема за брчки околу очи. :lol: Ја земав кремата на Др. Цолиќ, околу 750 денари беше. Ставам секоја вечер околу очите, а за ефект рано е да кажам, ја користам околу една недела.
    Ќе речат некои, кремите за брчки се за +25, +30 итн. Но јас лично сметам дека ова е генетски и брчки неможе да се лечат, туку може да се спречат.

    Јас ја имам оваа, ноќна крема за околу очи:

    [​IMG]

    Исто морам да напоменат дека пред да ја купам, добро ја прогуглав, се консултирав со фармацевти на факултет онака уз муабет, зошто баш таков предмет имавме, Козметологија, па никој не ми рече нешто негативно особено за Др. Цолиќ кремите, кои ги има секакви, дневни, ноќни, за брчки, стрии, целулит итн.

    Се надевам "суштествава" ќе имаат усул, па побавно ќе се шират. :rofl:
     
  19. anggell

    anggell Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    4.627
    Допаѓања:
    8.514
    Пол:
    Женски
    Девојки а не мислите дека е рано за вакви креми :?: , ве гледам сите сте помалку од 30, јас искрено не би , подобро ставајте некој природни маски против брчки за лице, дури и природната маска за брчки не се препорачува често да се користи. Сепак најголема улога за брчките е генот и типот на кожа, оние со сува кожа се повеќе склони кон брчки. Ние може и на глава да стоиме џабе е мајка природа не може да ја смениме. Имам лично видено жени кои и тие на рани години со креми, третмани за брчки па некни видев една од нив искрено се уплашив какво и беше лицето :x . Имам другарка на која лицето уште во пубертет и беше со брчки ама тоа е, сепак ген . Јас искрено пред 30 тата година не би ставила :)
     
  20. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.004
    Допаѓања:
    11.125
    Може и ти е добра идејата. Моја братучетка од 15 год се и сешто става на лицето и сега изгледа овенато. Изгледа плус 4 год постаро. Мајка природа е најважниот фактор, јас почнав на здрава храна да се фокусирам, и тоа е добро како и да е.
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.