Од бубулиците ми останаа неколку флеки на лицето. Можам да ги покријам со пудра, но не е тоа тоа. Плус имам изгореница на раката од пегла Знаете некој лек за ова? :/
Мајка ми е аптеркарка и не ми дозволува да користам Контратубекс вели дека е наменет само лузни од операција
^ и јас така знам за контрактубексот, дека е за рани додека зараснуваат. ако е дупка или лузна од поодамна нема да има ефект!
И јас имам флеки од бубулици но користам крема од евтерпа и лицето почнува да ми се чисти и флеките исчезнуваат.
Mислам дека најдобро е да се посети доктор дерматолог,зошто сепак се работи за кожа,па уште на лице...Сега има секакви методи на лечење,ласери...Не треба да се земаат лекови на своја рака!
Остави ги флекичките со тек на време ке ти поминат. Ставај понекогаш лушпи од зеленчук (краставички, моркови и сл.) А за тоа од пеглата, најверојатно нема да ти се повлече целосно, но со тек на време ке избледе. (И јас имам огромна изгореница од топла вода на раката, и еве веке една година ми стои иста )
си ги депилирав надусниците и си ја изгорив кожата... ако знаете за некоја крема која би ми помогнала добро ке ми дојде,затоа што вечер сум на вечера поканета , како ќе одам вака се чудам
Во скоро време барав крема за мрсна коса и случајно сретнав крема за флеки од Doctors.Ја има во Тинекс,Сп,Веро, мала е, околу 80 денари мислам.
Девојки,која има искуство со ласерска депилација.Јас правев на надусниците и ми се појавија како темни флеки ,истите оние што се добиваат и со сончање.Ми е страв да не останат засекогаш Кажувајте ако имате нешто слично доживеано.
Немој да се плашиш,мачкај се со маслиново масло или масло од кантарион и за брзо време ќе ги снема.Сум имала таков проблем.
Јас правев епилација на надусниците, ама не ми се појавија такви флеки. Пробај да ги мачкаш и со зејтинлива трева.
Се мачкам со невеново масло,ама некако и како сеуште да имам влакненца,односно некои кои биле подлабоки и сега мали врвчиња стојат како црни дамки на површината на кожата.Пробав да ги извадам со триење на кожата,ама не излегоа а јас си направив уште повеќе ранички.Дали тие црни дамки сами ќе паднат?Леле прв пат правам и сега не можам да го гледам местово
Здраво девојки, сакам да прашам, на лицето имам како дамки,флеки мали и некогаш многу се познаваат. Сакам да прашам дали знаете како да ги отстранам?
Damki Какви се дамките.Да не се кафени такви како крукченца мали зигелдаат како да е испукана кожата???
Паа кафенки се така накај сиво скоро,како кругченца мали се.Не не кожата е таман, ама дамкичките многу ми пречат, некогаш се познаваат, а некогаш помалце