1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Max Factor производи

Дискусија во 'Лице' започната од AuroraMar, 8 мај 2011.

  1. AuroraMar

    AuroraMar Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Здраво девојки. Ќе можете ли да ми кажете нешто повеке за производите на Max Factor производите и нивните цени. Би сакала да ги купам. До сега од Маx Factor ја имам користено само пудрата и сум многу задоволна. Сега би сакала да ги купам и другите производи камена пудра, маскара, молив за уста, четките за шминка, руменило. Ви благодарам однапред :)
     
  2. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.384
    Јас во јуник видов четка за течната пудра-500 и нешто, тоа еее навистина претерано. -.-
    Не мислам дека треба многу да се троши за шминка, па затоа немам некој макс фактор производ, ама четка за течна пудра не сум видела во скопје, па кога ја видов цената... :x
     
  3. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Кај нив се е квалитетно но многу скапо!
     
  4. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Макс Фактор се квалитет, ама се премногу скапи
     
  5. la-chicka

    la-chicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    1.336
    Допаѓања:
    1.571
    Пол:
    Женски
    Ај кога веќе има тема ќе се самоцитирам и тука :D

    И цена ако знае некој ? :)
     
  6. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.464
    Ако си грда грда си !!! Крај на приказната :!: не викам дека треба да се купува сешто да се става на лице ама барем пудра сигурна сум во најголем дел може да си ја дозволиме .
    Макс фактор си е макс фактор ако ти дозволува џебот зошто да не ? !
    Инаку цените се такви какви што се ... за некого недостижни за некого нормални за некои ефтини . ;)
    За квалитет нема потреба што да се дискутира.
    И мене ме интересира за овие маркериве многу ми изгледаат интересно :)
     
  7. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.893
    Hе сум ги пробала сите производи на max factor,маскарите им се ок-но со преголеми цени,сјајчината не ми се допгаат,овај маркери не ги имам пробано,а како сјаеви нешто се? :wasntme:
     
  8. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.935

    Значи што е претерано, претерано е. За 500 денари ќе најдеш преубава течна пудра, а не четка :^) Сум слушнала за скапо, ама ова.. Јес да се квалитет, ама треба и квантитет. Што ако се квалитет кога пудрата како и да е брзо ќе ја потрошам. Океј е за некој што му се фрлаат толку пари за шминка, ама за нашиот пазар се прескапи... Барем според мене. А колку сакам да ги имам. У пич..усвари не :D
     
    На Rock-a-Fella му/ѝ се допаѓа ова.
  9. lattie

    lattie Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Женски
    За цената незнам немам купувано до сега но ми имаат кажувано дека биле задоволни од козметиката на max factor јас сакав да си купам пудра но ми рекоа дека пудрата на max factor била за по зрела кожа дека не била за тинејџери па така да ме предомислиа
     
  10. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    31.228
    Пол:
    Женски
    И јас се сложувам дека призводите на Max Factor се доста скапи. Но, според мене, вредат за секоја паричка дадена за нив.

    На пример, оваа маскара мене ми е незаменлива. Единствено решение за моите глупави трепки. Цената е некаде околу 500 денари, ако не се лажам. Јас лично сметам дека вреди за овие пари, мене ми е убедливо најдобрата маскара некогаш што сум ја користела. И по авантурите со Maybeline знам дека веќе нема ја менувам, па што сака нека е.


    Пудрава ја користев неколку пати порано. Искрено, не се сеќавам колку точно беше цената, знам дека не беше евтина, нормално :) (Се нешто ми иде дека околу 800 денари беше, не сум сигурна.) Добра беше, но како што кажаа и погоре-пудрава е за малку позрела кожа, и е за нијанса потешка од она што треба за моето лице. Инаку, имаше одлична покривна моќ, и кожата на лицето ми ја правеше мазна и убава.



    Други работи од Max Factor не сум користела досега, освен овие горенаведениве. Пак ќе кажам, скапи се, но според мене вределе :up:
     

    Прикачени фајлови:

    На Trnche му/ѝ се допаѓа ова.
  11. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    пред некој ден видов дека порано сум купила два производи од оваа козметика
    -златеста сенка за очи
    -кармин розев
     
  12. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    Јас од оваа фирма никогаш повеќе нема нешто да купам.

    Незнам за другите производи, но знам за пудрата која ја купив пред година дена, пудрата или беше фалсификат, а можеби стара или со послаб квалитет, незнам што беше во прашање. Имено кога ја купив, заедно со пудрата ми дадоа еден куп тестери со истата боја и една посветла, ги користев тестерите најпрво и пудрата беше повеќе од одлична, како помада и покривна, нооо :!: кога преминав на шишенцето увидов дека пудрата не е иста во поглед на текстура и ефект, беше поретка и ме печеше лицето така што по 3-4 употреби се исфрлив, пудрата не ја користев една година и решив да и дадам втора шанса, но од шишенцето излегувааше црна течност, а рокот беше валиден.

    За оваа пудра лупнав добри 900 денари за да заврши во канта, ем парите за џабе ем пудрата во канта. Така за оваа фирма милиони да имам, нема ни цент да дадам.


    За оваа пудра станува збор,
    [​IMG]

    и тестерите кои несомнено се различни од пудрата, најверојатно оригинал.
    [​IMG]

    Неможам да сватам што и беше на пудрата, од тогаш повеќе од 400 ден за пудра не давам.

    И феминки ако купувате било каков произдвод од поскапа фирма, чувајте ја сметката или извештајот од платежната картичка, од парфимеријата се согласија да ми ја заменат ама јас немав доказ дека од кај нив е купена. :@
     
  13. Marina89

    Marina89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2010
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    42
    јас ја имав xperience онаа со зелен икс,па луѓе немам пробано погрда пудра во животов,и импалата е попарна од неа,абе КАТАСТРОФА,а и ја купив од австралија нели таму треба да е поквалитетно,ама ете ништо,значи она што е грдо секаде е грдо! :@
     
  14. CrystalNoir

    CrystalNoir Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    92
    Имам користено повеќе производи од Max Factor,пудра,маскара,молив за очи и кармин и од се бев задоволна,производите се со одличен квалитет само зависи на кој што од сите тие производи им одговара.
     
  15. Akana

    Akana Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    93
    Зависи за која како па немаме сите ист тип на кожа на лицето. Мене многу ми се бендиса пудрата си ја зедов летото и воопшто не ми се познаваше преку ден и ми покриваше и сеуште си ја користам истата.

    За маскарите од Max Factor сум презадоволна посебно од False lash effect :inlove:
    [​IMG]
     
  16. ANGEL1

    ANGEL1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2011
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Цел живот сакав да ја пробам од Макс Фактор пудрата , уште откако почнав пудра воопшто да користам, ама пошто беше поскапа па често се премислував, кога конечно ја купив...се разочарав... ми го сушеше лицето како затегнато и неудобно се чувствував и + не ми покриваше многу. Така да мислам дека тоа е индивидуално, во зависност од кожата, неможе секоја пудра на секое лице да одговара, па ако сакате и цело богатство платате за неа...
     
  17. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.092
    Можеби е во зависност од кожата ама Мах фактор се светски познат бренд вакви грешки не смеат да се случуваат.Пудрата е 900 ден. за тие пари треба да биде ептен добра а има поевтини производи што се подобри.Трошат толку пари за реклами,манекенки,Ева Лонгорија им беше во една реклама значи се јака светска фирма.Како е можно производите да не им се квалитетни?А за типот на кожата,сите пудри и кремови имаат за мрсна,комбинирана кожа ама тоа е наведено на производот и дури и ако не си го погодил типот на кожата сепак не се толку лоши резултатите.
     
  18. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    Во парфимеријата каде ја купив ми кажаа дека одговара на мојот тип на кожа, ајде да земеме во обзир и дека сум ја утнала пудрата и не ми се погодила на кожата, но зашто после една година од пудрата излегуваше црно-зеленикава боја, бојата на пудрата беше драстично изменета, а рокот и беше валиден? :^)

    Јас пудра користам по потреба, што значи поминува и година а да не ја употребам, пред оваа пудра имав земено на Лорал за мојот тип на кожа исто така на периоди ја користев и никогаш од неа не излегла ваква течност, од прв момент како ја купив таква и остана се додека ја потрошив.

    Гарант оваа од МФ е тежок фалсификат. Барав некоја лабораторија да ја испитам ама никој незнаеше да ми каже каде да се обратам.
     
  19. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Јас многу сум задоволна од макс фактор.
    Ја имам користено Long lasting performance течната, и онаа камената што е како бронзер.

    Течната е малку потешка пудра одлично прекрива, совршено го изедначува лицето.
    Камената исто така, и изгледате како професионалец да ве шминкал. Е, ако не сакате тешка шминка нема да ви одговараат, ама за вечерни излагања и свечени пригоди комбинацијата е совршена.

    Долго ги користам и маскарите на МФ, Dramatic look ми е најдобра.
     
  20. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.025
    Допаѓања:
    1.082
    Пол:
    Женски
    Исто и јас ја користам Lasting performance и не можам да ја заменам.. за подарок пред неколку месеци добив и камена само не знам која е и сум многу задоволна и од таа :)
     
    На Saricko му/ѝ се допаѓа ова.