Редовно користам црн молив за очи ама никако да најдам некој кој што ќе има убава заситена боја. Досега најдобриот што го имам користено е на Seventeen. Каков молив за очи користите вие? Колку често го користите? Како го исцртувате вашето око - и на горен и на долен капак или...?
Понекогаш користам моливчиња за очи, кога не ставам сенка. Не ги исцртувам очите, од проста причина што ми се малечки и ако ги исцртам целосно, уште помали ми изгледаат. Кога имам појака шминка (како на пример за излегување) ставам моливче на горниот капак. Најчесто користам црна, кафеава и виолетова боја. Од Seventeen ич не сум задоволна, не ми цртаат убаво, од Oriflame така-така, а дефинитивно број еден ми се на Gosh - Kohl Eye Liner - даваат добра боја, долго траат, прецизно се нанесуваат затоа што се меки, ама и лесно се размачкуваат што мене исто така ми одговара, затоа што не сакам остри линии. Чинат околу 200-250 ден. зависно кај купуваш. Во Cosmo Tinex се 200 ден.
Јас ги исцртувам очите а најмногу сакам кога ке ги исцртам и на горниот и на долниот капак и со шминка за излегување користам моливче од авон црно имам и кафено ама црното почесто го користам тие што се од орифлејм немам пробано а се канам да си купм некое поскапо ама добро да црта а најмногу сакам црн туш ама никако да порачам мн ми се скапи од авон
Јас долго време користам Импала моливче и задоволна сум. Имам крупни очи, така што секогаш ги исцртувам. Ставам само на долниот капак, а за горниот користам туш, потоа ставам маскара and I'm done
Па често користам моливче за очи,ми се чини ако не ставам,како гола да сум некогаш ставам минимално од моливчето,а некогаш и повеќе зависи,користам моливче за очи од Golden Rose и севентин,а ги исцртувам горниот капак и долниот капак од окото.
sekogas gi ocrtuvam ocite so molivce za oci gosh zaso imam plavi oci i bas kontra mi se svigja mnogu i na ocnite kapaci sekogas stavam tenka linija tus na gosh.samo molivceto mi predstavuva malku maka koga go mijam liceto zaso e mislam vodootporno ama mnogu dobro boi crno zatoa i go koristam,a podobar tush od gosh nemam koristeno i mi trai dolgo pakuvanjeto sigurno 3 meseci a stavam sekojdnevno.prezadovolna sum od gosh
Секогаш користам различни моливчиња за очи (различни марки), а имам црно, зелено и сино. Најчесто го исцртувам само долниот капак, а горниот го исцртувам само кога не планирам да ставам сенка (горниот го исцртувам само со зеленото или синото; со црното никако пошо имам доста малечки очи).
Па моливчето за очи за мене е потенцирање и истакнување на окото, го користам секојдневно и за дневна и за вечерна шминка, но за вечерно излегување користам плус и сенка и туш. Инаку најчесто ги користам моливчињата од орифлејм и гош.
Најчесто користам црно,но понекогаш ставам и бело моливче на долниот капак. Избегнувам да ставам црн молив одвнатре бидејќи ми ги прави помали очите.Најчесто го користам за повлекување линија наместо туш бидејќи тушот побрзо се размачкува и малце ми е потежок за нанесување.Користам црно моливче од авон и сум презадоволна. Кога одам на некој поважен настан го нанесувам врз сенката за очи и правам линија нагоре и стои прекрасно.
Ставам, скоро секогаш, ама зависи од приликата и од облеката. Црното речиси најретко го користам, за навечер најчесто. Ама за преку ден ставам сино, зелено, лилаво, сиво-сребрено, зависи. И убаво ми стојат тие бои, ги исцртувам целите очи со синото, а со зелено и лилаво само горниот капак, над посветла сенка. Така ми стои. Црниот креон ми е за посмели комбинации, за смоуки изглед, оти имам темно кафеави очи, речиси црни. И сите се од Гош, освен лилавото, тоа е од Авон.
Како што кажа и Горде, ако не ставам моливче се чувствувам како да сум гола. Па така и јас, сум зависник од моливчето за очи, црно, зелено, сино, бело..Во сите бои, секако, во зависност од облеката.
Koристам црно и кафеаво моливче. Црното не знам од која марка е, ама подобро немам видено ) Кафеавото е од Avon и сум презадоволна, плус на едната страна има додатно четче за размачкување. Го исцртувам само горниот капак со тенка линија до трепките, а имам пробувано и на долниот ама не ми стои
јас моментално користам моливче од макс фактор убаво е ама пак ми се размачкува, ми паѓа читам од вас дека од gosh е убаво ама незнам ми треба некое што ќе стои на мене цело време
Имам едно што го земав во маалска продавница , не беше ич скапо ама најдобро ми е и црно е . Најчесто тоа го користам . Од орифламе не ми се убави , ко точки да остава..
моливче ставам само за вечерно излегување преку викенди, и тоа само на крајот некаде до половина исто и доле и горе најчесто користам темно сиви или некое со светки (од авон) за врз сенка
Црно, и тоа само на долниот капак од Авон што е професионалното од Julian Dempsey и има четче од другата страна за смоуки изглед. На попуст иди и до 130 ден. а е многу убо и трајно.
Сега ми пристигна ново креонче од Авон од едната страна црно од другата сиво (слично е на тоа што го имав предходно ) розевко е цело со цветчиња и ќе го пофалам особено сивото преубаво стои.