Девојки немам видено до сега ваква тема и ајде да отворам зошто ме интересира каква подлога за шминка користите?
Кога бев еднаш во едно козметичко студио на шминкање, пред да ми стави пудра ми стави една зелена подлога, ама не знам што беше и сега ми е многу криво што не прашав, а не постои веќе тоа студио, и таа подлога беше и како коректор затоа што се покрива, а и ја фиксира пудрата. Цела вечер играв ( зошто на свадба бев ) се испотив, зошто лето беше, а шминката кога си дојдов дома не ми беше воопшто размачкана ни избришана, ми стоеше така како што излегов од салонот. Ако некој има искуство со вакво нешто нека пише.





