Хидратантен крем со фактор, илуминатор-подлога, коректор, течна пудра, камена пудра, руменило. Подлогата за сенки е многу ефикасна.
Еве нешто што сега ми излезе на фејсбук па да го споделам со вас. НОВО во Cosmo! Пронајден е совршениот баланс помеѓу шминка и нега на кожата. Bourjois ББ крем пудрата има 8 придобивки во еден производ: 1 – Изедначува 2 – Измазнува 3 – Ги прекрива недостатоците 4 – Ги намалува знаците на умор 5 – Матира 6 – Делува против стареење на кожата 7 - Хидрира 8 – Заштитува со SPF 20 Нeјзината нежна крем формула која содржи минерални пигменти е исклучително лесна за нанесување, совршено се адаптира на кожата и дава природен изглед. Спакувана е во практична амбалажа која содржи вградено ротирачко огледало и сунѓерче за нанесување, што ја прави идеален партнер преку целиот ден.
Има некој искуство за оваа ББ крема да сподели, ме замисли сега , ако ја има некој пробано нека сподели искуство
Ја има ли кај нас BB кремата од Maybilline? Кои нијанси ги има? Погодна ли е за сува кожа? Каква е во споредба со таа на Гарниер? Како стојат со цена?
Сигурно досега има некој пишано ама ај и јас кусо да не сум Зелената подлога служи за неутрализирање на сите црвенила, дамки и за да го изедначи тенот бидејќи на секој дел од лицето, не е ист. Речиси и да не користам пудра, освен за некои поголеми свечености за да не светам како одблесок на дијамант од блицовите на апаратите Како подлога ставам посебен крем за лице (иако кога ќе ставам од него немам потреба за пудра) кој е еден од ретките кои ми одговара за кожата на лицето. Немам потреба од нанесување на дополнителна подлога.
Колку пари е Боржуа ББ-кремот ? Чинам некаде прочитав дека бил наменет за сува кожа, ама не ме фаќајте за збор. И ме интересира, каков е по структура ? Спакуван е исто како камената пудра BioDetox, ама нели е крема - не верувам да е прашкасто. Признавам - огледалцето ме освои.
Како што реков ќе ја земам,и да кажам како сум задоволна. Прво,текстурата е одлична. Многу убав,мазен финиш остава највеќе што ме изненади е тоа што кога ќе се нанесе не ги истакнува линиите/порите на кожата баш напротив остава мазен изглед и мат што е најважно. Покрај база,ја си ја користам и за под очи,како некој си коректор и баш ми е супер.. Да беше уште поголемо пакувањето можеше и пред пудра да биде супер подлога! За долготрајноста,исто така е одлична,сенката стои подолго. НО,најголем минус а вооедно и единствен е тоа што не ја прави интензивна сенката како што е пример со базата на Артдеко (за оние што ја користеле веројатно знаат за што зборам). Оние кои не,мислам на сенката кога ќе се нанесе ја прави како 2 до 3 пати посилна,и поистакната.. Значи онаква како што е сенката таква ќе си биде и над базата... нема промена,освен долготрајноста. Штета го нема тоа ќе беше уште подобра,но океј. Ја препорачувам за преку ден повеќе него ли за навечер Еве и слика од базата : Спојлер Иначе,Мишела бб кремот на Бoржуа е 680 во Космо. Јас го земав и само пофални зборови имам! Значи одличен е ептен,многу многу ми се допадна! Бoржуа до сега не ме разочарале никогаш ,посебно со нивните пудри. Највеќе ја земав зошто е крем текстура,а на мојава мрсна кожа највеќе ми одговараат такви пудри и од сега само такви и ќе си земам! Преубаво се размачкува,плус јас добри 6 саати не светнав што е чудо за мојава екстремно мрсна кожа Така да од мене имаат голем плус за кремчево И е за мрсна и комбинирана кожа зошто мат ефект остава,никако за сува и нормална уште толку ќе ве исуши .
Само уште едно прашање за Beauchamp - колку милилитри/грами е ББ-кремата? Не можам да најдам по Интернетов.
А како го користите ББ кремот? Под него ставате ли обичен крем за лице што вообичаено го користитр или на чисто лице ставате само ББ крем?
Тоа зависи од твојата кожа, еве јас го имам бб кремот на Гарниер и сега за зимово обавезно ставам хидрантен крем под него, без разлика што пишува на бб кремот дека е хидрантен, од ладното повеќе ми се суши кожата, а додека кога ќе се затопли ќе нема потреба зошто тогаш и кожата ми е помасна. Пробај и со крем и без крем па ќе си видиш како повеќе ќе ти одговара.
Ве молам да ми кажете мислење за прајмерот на гош? Во план сум да го купам па да споделите искуства? Благодарам однапред
Јас денес си купив ББ крем на Гарниер, оној за комбинирана/масна кожа во тенка туба Спојлер Кога си дојдов дома веднаш ставив да го пробам и - многу ми се допаѓа! Веќе се поминати сигурно повеќе од 7 часа откако го нанесов и се уште немам знаци на „светнување“ Мене искрено ова на пудра ми личи, доста е попокривно од други ББ креми што имам пробано (Гош, Дебора, Јанг Дерм...) Прво кога го отворив и кога видов колку е течен, си помислив дека ништо нема да биде од кремот, дека сигурно е како вода и воопшто нема да има пигментација. Но не е така, баш напротив. Перфектно го изедначува тенот, го прекрива црвенилото и се изедначува со бојата на кожата. Јас земав нијанса light, и тоа на тепка, зошто никаде нема тестери од нијансите на чудово Мислев дека ќе биде многу светла нијансата, но си реков и така ќе ставам пудра одозгора, нема врска ако е светла. Меѓутоа, излезе дека воопшто не е светла подлогата. На пример Јанг Дерм посветлата нијанса е БЕЛА во однос на оваа, оваа е баш природна нијанса Сума сумарум, задоволна сум, многу ми се допаѓа и ќе продолжам да го користам, но самостојно нанесен, зошто немам потреба од пудра одозгора. Најмногу ми се допаѓа што не се познава на лицето дека воопшто имам нешто ставено и што тенот ми е еднаков. Ме изненади покривноста, како пудра е навистина. Утре не ставам пудра за на работа, ќе ставам од ББ кремов и ќе го тестирам уште еднаш за да се уверам дека навистина е толку добар. Презадоволна :up:
Пудра за лице Девојки што препорачувате да ставам под пудрата како подлога, за мрсна кожа? Инаку ја користам Римелот Lasting finish, што одговара најмногу?
Пудра за лице Ingrid cosmetic base како гел е под пудрата се става нешто најдобро значи лицето ти е меко пудрата лесно се размачкува трае подолго и жто е најважно мат финиш имаш
Пудра за лице Неодамна ја купив кремава од ДМ, мислам околу 180 денари и задоволна сум.. многу брзо се впива на лицето и ја користам како подлога пред пудра..не остава сјај на лицето, туку баш го матира некако, и некако како да ја затегнува (што не ми е баш пријатно ) фина дневна крема...