1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пори

Дискусија во 'Лице' започната од Kkrriissttiinnaa, 13 април 2011.

  1. Kkrriissttiinnaa

    Kkrriissttiinnaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 април 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    Како се справувате со многу видливи пори? Имам проблем со порите, многу ми се познаваат..помош?
     
  2. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Pori :worried:

    фино, закажи си третман на козметичар да ти го исчисти лицето, да ти каже која крема и лосион да ги користиш, и решен проблем :)
     
  3. Kkrriissttiinnaa

    Kkrriissttiinnaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 април 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    Чисто ми е лицето, само има многу отворени пори.Одев на козметичар пред тоа, но повеќе ми се исфрлаше лицето...
     
  4. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.667
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    колку толку, помага :)
     
    На ZoeRaivotar му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Gypsy

    Gypsy Активен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Решение за отворени пори??

    Дајте некој совет за Еуцерин кој да го купам?
    Имам лице без мозолчиња ама порите ми се мн отворени
    Не мора да е Еуцерин некој друг дане има некое слично искуство?
     
  6. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.635
    Допаѓања:
    251.296
    Пол:
    Женски
    Имам и јас проблем со особено видливи пори на и околу носот. Немам некоја проблематична кожа освен што е сува но тоа го решавам со Дове крем, но за пориве не сум паметна што да направам :^)
     
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.667
    Пол:
    Женски
    И јас имам тука-таму по некоја поричка, посебно во пределот околу носот. Тоа ми е секако резултат од мојата масна кожа. |(
    Ме интересира дали можат некако да се намалат? Тоа чудото за миење лице наменето за намалување на порите што сум го постирала погоре не чини - пишете му икс. :D
    Немав некои уау ефекти, не беше ни приближно толку добро како што мислев.
    Во потрага сум по крема, лосион, било што за да ги намалам порите.
    Не се којзнае колку забележителни, ама ми паднаа в око утрово и ќе си кукам сега. Леле, невозможна сум. :D
     
    На Feminka22 и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  8. supergirl22

    supergirl22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2011
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    11
    И јас имам пори, не се многу видливи ама сепак сакам да сторам нешто ама незнам што ....????
     
  9. Vesna.Spi

    Vesna.Spi Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2012
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    126
    Пол:
    Женски
    Пробајте со ова:
    100 ml дестилирана вода
    1 портокал
    гранчиња од рузмарин.

    Водата да зоврие, се става излупена кора од портокал и рузмаринот, покријте и оставете да отстои половина саат. Исцедете преку газа или слично, и се чува во стаклено шише.

    Со тоников двапати на ден, наутро и навечер се чисти лицето, потрошете го за неколку дена да не стои, се расипува, затоа и толку мала количина се подготвува, нели нема ништо вештачко...е сега треба 2-3 месеци редовна употреба, делува.
     
  10. anu6kaa

    anu6kaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    429
    Пол:
    Женски
    Флеки и дупчиња од акни на лицето

    некој лек за проширените пори? :) некој со такво искуство?
     
  11. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.213
    Пол:
    Женски
    Имав пишано низ темите за креми за лице и претходно, еве и пак ќе пишам. Најдобро нешто што ми помогнало во намалување на порите (мрсна кожа имам, секако :^) ) е само ноќната крема на Виши Нормадерм линијата. Значи само ноќна крема користев, ни дневна крема, ни тоник, ни ништо друго и имав феноменален ефект. Можам да замислам каков ефект ќе има ако се користи цела линија. Еве линк од кремата, инаку чини околу 1200 денари во Зегин (колку што ме држи сеќавање).

    http://www.vichyusa.com/images/product/packshot/100033_l.jpg

    Наменета е против неправилности, проширени пори и нееднаква кожа. Го изедначува тенот и видливо ги намалува порите, така пишува на амбалажата и навистина е така, проверено од прва рака :D Треба да се користи некои 3 недели континуирано пред да се забележи некаков ефект, ама и те како ги смалува порите, ги прави речиси незабележливи.

    Е сега, јас само еднаш ја имам користено, откако ја потрошив не бев при пари да ја купам пак и лицево си се врати на старо, ама тоа е. Ако се користи упорно и континуирано, феноменална е :) Инаку една туба трае добри 5 месеци, така да се исплати инвестицијата.
     
    На Lul41, Jova4e и FotoLina3 им се допаѓа ова.
  12. single.lady

    single.lady Активен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    проширени пори

    Вака на лицето имам ситни дупчиња дали тоа се проширени пори или лузни од акни и како можам да ги отстранам?
     
  13. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    2.835
    Допаѓања:
    9.756
    Пол:
    Женски
    Како до чисто лице?

    За проширени пори на лицето се користи тоник за лице Може и маска да си ставаш од белки од јајце и 1 чаша сок од портокал ;)
     
  14. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.557
    Допаѓања:
    2.785
    Пол:
    Женски

    Значи по 3 недели се појавуват резултатите или? :)
     
  15. Marinelce92

    Marinelce92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    16
    Како до чисто лице?

    Како се справувате со отворените пори? незнам дали е за во ова тема комеентарот :?:
     
  16. MorbGoth.666

    MorbGoth.666 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    148
    Мислам дека крема треба да се става за да се затворат, но најубаво отиди кај дерматолог, он нека ти препорача која, или на козметичар :?:
     
  17. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Дали некој нешто корист за минимизирање на порите?
     
  18. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.667
    Пол:
    Женски
    Јас го имам серумот во средина на Клиник, можам да ти кажам дека сум презадоволна. Mислам дека со редовна употреба би имало забележителни ефекти, јас го користам кратко и не толку редовно, но се приметува од авион дека ги „смирува“ порите, не ги затнува, но ги минимизира и не лачат себум во толку голема количина.
    Сигурно го има во Космо, но не знам колку чини. Јас го купив околу 30 долари. :)
    [​IMG]
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.288
    Допаѓања:
    6.937
    Пол:
    Женски
    Здраво проширени пори имаме сите кој помалку кој повеќе видливи и би сакала да ти дадам неколку совети како да ги минимизираш и да спречиш да се појават нови.
    Како прво нешто креми и пудри за лице без силикони и без нафтени деривати. Верувај ми овие состојки се број 1 причина за порите на лицето затоа што ја запушуваат кожата и таа неможе да дише, ги собира сите маснотии кои не излегуваат правилно надвор и доаѓа до формирање и на митесери.
    Втора работа обавезно користење на тоник за лице. Одбери некој добар со природни екстракти најдобро органски (барем знаеш дека е 100% чист), тоникот е многу важен чекор во негата на кожата затоа што ги затвара порите.
    Трето, никогаш ама никогаш не легнувај со шминка на лицето. Навечер пред спиење секогаш обавезно да се чисти шминката без разлика на тоа колку сме уморни.
    Четврто користи барем еднаш неделно маска од зелена глина која ја чисти кожата и ги затвора порите. Помешај една лажица зелена глина со лажица зелен чај и лажица мед. Одлично ја чисти кожата а притоа и ја негува благодарение на медот. (важно: не ја земај зелената глина со метална лажица затоа што реагира во контакт со метал, користи пластична или дрвена).
    Пробај полека да следиш барем дел од овие совети и ќе видиш подобрување.
    Поздрав
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. AmericanGirl05

    AmericanGirl05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2015
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Ова мислам ќе ти помогне.Го има во dm.Мене лично ми помогна и ми е супер за кожата.Пробај и ти.:)
     

    Прикачени фајлови: