1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Течна пудра за лице

Дискусија во 'Лице' започната од angel, 23 ноември 2009.

  1. eva2505

    eva2505 Активен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2013
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    1
    Кажете коментар, кој има користено essence или maybeline за сува кожа...или некој предлог за пудра...до кај 500 ден.
     
  2. dream.queen

    dream.queen Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    191
    Пол:
    Женски
    Mishela имам уште едно прашање сакам тебе да те прашам гледам повеќе знаеш :lol:
    Старата пудра ќе ја произведуваат ? уште бидејќи во секоја аптека различно ми кажуваат |(
     
  3. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.568
    Допаѓања:
    80.643
    Пол:
    Женски
    Јас колку што разбрав - не.
    Имаа(т) останато на залиха низ аптекиве од старата и си продаваат, ама мислам дека нема да ги носат, т.е. произведуваат повеќе. Па ни на сајтот нема повеќе информации за пудрата. :^)
    Според мене, ова им е ептен глупав потег, подобро ќе беше покрај подлогата да ги задржеа и пудрите, ама тоа е. :D
     
  4. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.417
    Пол:
    Женски
    Запамтете го мислењево како оче наш да го знаете :D
    И да не се повторуваме више, и не барајте преку леб погача.
    Пудри се не се фотошоп неможе се ама баш се да покрие.
    Не можете т.е не смеете уште од мали да се маскирате со препокривни пудри, па посебно преку ден, никако. Лицето додека да остарите никаво ќе ви се напраи.
    И кога ќе си ја најдете пудрата, или пудрите што ви се соодветни и ви одговараат, не ги менувајте како гаќи, тоа се одразува на кожата негативно.
    И за пудра добра вреди да се дае некој денар поише, на лице се става и те како прави разлка квалитетна од неквалитетна пудра.
    И еднаш у неделата оставете лицето да дише, цел ден не ставајте пудра, и секако убаво вадете ја пудрата од лицето на крајот на денот кога ја нанесувате.
     
    На Sexybaby86, koritsaki, Mishela и 2 други им се допаѓа ова.
  5. MishellBN

    MishellBN Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    19
    Фала ти ептен незнам како да ти се заблагодарам на исцрпниот одговор јас ја користев баш црната на Мен. и не само што не ми се погоди него катастрофа и е самата структура, ке пробам со твојата препорака дефинитивно.... ианку викендов ја земав светлата нијанса на ББ кремата на Нивеа па сега ке видиме каква подлога ке биде има лесна текстура подобра е од Јанг дермот мене не ми се допагаше ама ица ако е наш ама како и да е сабајле ставив од овој на Нивеа и цудно лесно си го чувствувам лицето.... па ке пишам како ке биде понатаму... ти благодарам уште еднаш!
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  6. mamacaci

    mamacaci Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    1
    Ми треба помош,од ноември минатата година ја користам пудрата на артдеко Artdeco Rich Treatment Foundation и сум задоволна ама мислам дека лицево ми се засити.Имам нормална со кожа и масна на т зона, барем до сега беше таква.Ама откога ја користам пудрава веке лицето не ми се масти.Пред нејзе ја користев Bourjois Health Mix Serum и ми беше супер за летно време лесна и не многу покривна, но некако светнував на т зоната.Е сега се мислам дали да ја пробам Bourjois 123 Perfect Foundation а имаат супер промоција во Шатци,заедно со сенки ја даваат или повторно да ја купам Health Mix Serum??????
     
  7. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    1.447
    ^ Ако ти пречи тоа што ти „свети“ кожата, обиди се врз течната да нанесеш камена пудра и на тој начин ќе ја неутрализираш мрснината.
     
  8. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.382
    Допаѓања:
    34.171
    Пол:
    Женски
    Ќе ве замолам за совет околу мојава дилема која пудра да си ја одберам. Имам сува кожа, до сега ја користев mabelline affinitone mineral, ама сакам да сменам. Се двоумам меѓу bourjois healthy mix и max factor colour adapt. Макс фактор ја користев порано и прекрасна ми беше, а тука читав дека ја препорачувате оваа на буржоа, па ме интересира некој што ја користел да ми каже искуство. :)
     
  9. mamacaci

    mamacaci Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    1
    Само што гледав рецензии на youtube за bourjois healty mix serum,ја препорачуваат за сува кожа и затоа изгледа мене не ми одговарала.Пробај ја убава е,лесна и со средна покривност за лето таман :)
     
    На An-na му/ѝ се допаѓа ова.
  10. shangri-la

    shangri-la Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2012
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    31
    Кожа: комбинирана - мрсна кај t-зоната
    Тен: светол

    Испробани пудри:
    Revlon colorstay
    [​IMG]
    ја користев 150 Buff, откога првпат на кожа ми ја нанесе шминкер и заглавив на неа неколку години.
    Мојот бел тен беше измеѓу нијанси, најсветлата ми беше пресветла, а следната некако прерозева.
    Пудрата е со одлична покривност, не се пренесува дури ни ако 5 саати лежите врз белата кошула на дечко ви :lol: и е една од ретките пудри за кои можам да кажам дека е навистина долготрајна. Немав никаков проблем со сјај на кожата, ниту пак потреба во текот на денот или вечерта да правам корекција ниту пак да користам камена пудра. Цената е околу 900 денари.
    Лошите страни се што тешко се размачкува, течна е премногу но штом ја нанесеш на кожа веднаш се суши фиксира и секакви корекции се невозможни. Бидејки е високо покривна преку ден знае да делува прејако, посебно на сонце да створи ефект на порцеланска кукла ако се претера со неа, јас ја користев со хидратантна крема како подлога и ја нанесував со мокро сунгерче за пудра. На тој начин полесно делува. Единствена маана што би ја посочила е тоа што во t-зоната.. бидејки кожата лачи , после некое време се појавуваат точки кај што се порите кои претходно биле покриени; но никогаш не дозволува сјај или светење на лицето. Дури ни во најтоплиот ден, што е одлично за тие со мрсна кожа.


    Max Factor - Lasting Performance
    [​IMG]
    ja користев 105 soft beige
    Кога ја направив променава конечно се почувствував ко дека кожата ми дише. Структурата за разлика од ревлонот е многу полесна и поедноставна за нанесување, во смисла не треба да си премногу детален и да ја поминеш цела површина на лицето со сунгерчето пред да се исуши. Бидејки прелесно се размачкува и отпосле. Покривноста е одлична, и нијансите се природни и прилагодливи на мојот светол тен. Дефинитивно допринесува за здрав изглед наспроти ревлонот кој некогаш делува порцелански. Цената е околу 750 денари. Што се однесува до трајноста, ревлонот подолго останува на лице, сум заборавала на огледало и сум доаѓала дома иста како кога сум излегла. Со макс факторот оние со мрсно лице веројатно би имале потреба од камена пудра. Кај мене немаше потреба. Престанав да ја користам бидејки во консултација дознав дека е една од најтешките пудри, па сега е дел од мојот ноќен несесер за посебни прилики :)

    Тука преминав на потрага за секојдневна пудра и се одлучив за
    Bourjois youth extension flower foundation
    [​IMG]
    Ја користев 53ката
    Me ќарија најрпво со делот youth во името :D потоа со SPF факторот, апликаторот кој дефинитивно знае да се најде кога треба на брзина да поправиш нешто без да миеш раце претходно. Цената е околу 800 денари. Одлична на мојата комбинирана кожа. Покривна, а хидратантна. Преубаво мириса, но за разлика од ревлонот знае да се пренесе на облека заради кремастата текстура. Не се фиксира и суши на кожата. Изборот на нијанси е одличен, и тоа што најмногу ми се допадна беше тоа што иако на прв поглед на тестер ти делува дека не си ја земал вистинската кога се суши на кожа некако се прилагодува на тенот. Кај секого различно. Дефинитивно би ја препорачала за секојдневна употреба преку цела година. Јас ја променив кога дојде лето бидејки забележав дека во многу топли денови не успева да ми се задржи на кожата, па ми создаваше потреба со себе да носам крем пудра секој ден или камена за навечер за корекции.

    Значи лето, пеги и потреба за нова дневна пудра, ме донесоа до
    Manhattan Clearface perfect mat antibacterial foundation
    [​IMG]
    За жал има само две нијанси, и двете се прилично темни за мојот светол тен и ми одговараат само во лето кога кожата ми е потемнета од сонцето.
    Изборот го направив во консултација со дерматолог бидејки иако користам медицински фактор за лице кога одам на одмор, последното лето имав алергија од сонцето и се плашев да нанесам било што на кожата.
    Антибактериска и покривна ми звучеше како совршената комбинација. А цената е нешто над 400 денари. Не сум сигурна. Дефинитивно најевтината пудра која сум ја користела, па бев спремна да правам компромиси во смисла на колку си платил толку и ќе добиеш. Но тоа не беше случајот, на кожа е одлична. И тој, „антибактериска“ момент потсвесно ти дава чувство дека не и штетиш на кожата напротив дека добро и чиниш кога си ја нанел :D Одлично покрива, помага да заборавиш што беше тоа сјај и т-зона. Лошото е што се пренесува на ткаенини па не би ви препорачала пресоблекување без да ја извадите од кожа. Но ова увидов дека освен кај ревлон е така кај скоро сите пудри. За жал во есен ми стана претемна за лицето... па се обидов да најдам алтернатива од менхетен. Најблиска/најслична со неа е
    Manhattan Powder mat make up за комбинирана кожа
    [​IMG]
    Ја користам 80 sand, мислам дека е најсветла во нивната линија
    Цената е околу 500 денари, покривноста е одлична трајноста солидна.. добра, но не идеална замена на тоа погоре.

    Ова е моето искуство со пудри, во моментов сум во потрага по нешто ново некако се заситив од алтернативата за мојот менхетен. Макс факторот и понатаму ми е опција за навечер, ревлонот ми е претежок за преку ден, а буржоа не ми трае колку што би сакала. Чекам препораки :)
     
    На Agrona, Sexybaby86, nekoja85 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. nicolekidman

    nicolekidman Активен член

    Се зачлени на:
    2 март 2013
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    2
    Која пудра од макс фактор да ја корситам за моето лице (било камена или течна), имам акни за да ги покријам а и светол ми е тенот?
     
  12. Lexa

    Lexa Активен член

    Се зачлени на:
    2 март 2013
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    2
    Благодарам мишела, но касно видов ја купив :( :( :(
     
  13. Lexa

    Lexa Активен член

    Се зачлени на:
    2 март 2013
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    2
    Би ве замолила да ми препорачате некоја камена пудра за мрсна кожа, моментално ја користам од минхетен 2 во 1, задоволна сум но при крај ми е... па би сакала да слушнам мислење
     
  14. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    За Max Factor All day Flawless веќе напишав една кратка рецензија, само сега ќе дополнам дека почна да ми ги истакнува сувите делови на лицето, за што доби мало минувче кај мене, и сметам дека за тие пари ќе најдете подобра (иако во глобала е добра), зависно од тоа каква пудра барате нели.
    840 во Космо.
    Се цитирам.
    Е сега, ќе продолжам со другите кои ги користам.

    Bourjois Flower Perfection

    Пудрава е фалена веќе не знам колку. :D
    Покривноста е одлична, дури и за тие со по некоја црвена акна, поголема.
    Од трајноста во глобала сум задоволна, меѓутоа ако се затриеш негде, нормално ќе избледи, е не сум ја пробала во летни денови, за тоа тогаш.
    Најмногу одговара за комбинирана кожа, според мене може и нормална.Се спомнуваше и за масна, ама еве мене конкретно малце ми светна делот кај носот и челото, дури и со ставена камена пудра.
    Текстурата е кремаста, лесно се размачкува, ама ако имате некои посуви делови, а сакате малку повеќе пудра да ставите, би ги истакнала и би дошле до израз, па би изгледало малку паштетесто.
    Тоа дека има полумат финиш веќе го знаете, и јас искрено не ја чувствувам многу тешка, иако за во лето би ми била.Мирисот е пријатен, а сунѓерчето ако го користите еднаш, треба редовно да го миете, зошто изгледа навистина многу гнасно.Не е многу практично, зошто е прилепено до самото капаче, ама ете на брзина некогаш ќе послужи.
    Многу солидна пудра, една од подобрите дефинитивно, иако е солена цената, ама бар знаете што ставате на лице.
    850 во Космо, а негде и за 820.
    [​IMG]
    Bourjois BioDetox
    Оваа е полесна од претходната, скоро исто се со покривноста, ама не би ја препорачала баш за оние што сакаат да ги скријат акните, иако со коректор би требало да е океј, за мрсна кожа е и е полесна според мене, совршена за во лето.
    Трајноста и е супер, е сега малку ме нервираа нијансите, сите ми маваа накај жолтеникаво.
    Не ја чувствував на лице, ми беше маалку така полесна од Флауерот.Мирисот мене искрено ми е грд, ептен ако се внесеш во миризбата може да почувствуваш нане, а може и не. :D
    Текстурата е малку поразлична од претходната, не е толку кремаста, и ко да ми се впи побрзо, ми беше потешко да ја размачкам, најверојатно затоа е и наменета за помрсна кожа.
    810.
    [​IMG]

    Essence Stay All day
    Оваа е наменета за комбинирана-мрсна и помлада кожа.Пудрата за 295 денари е одлична.
    Покрива супер, текстурата е кремаста, лесно се размачкува и дава природен изглед.Е сега, трајноста и не е баш добра, иако е stay all day мене ми трае 4-5 саати максимум, преку сила. Остава траги на блузи малку, па пазете ако носите бела кошула.
    Лесна е, не се чувствува на лице, ама во лето дефинитивно ќе светнете, па тие со повеќе мрсна може и во зима да засветат. :D
    [​IMG]

    Avon Extralasting foundation
    За разлика од другите пудри на Авон, оваа е солидна.
    Солидна покривност, има СПФ 12, јас ја земав најсветлата нијанса и супер ми се погоди, ама за тие со порцелански бел тен нема нијанси.
    И оваа како и другите би рекла дека е за нормална-комбинирана кожа, тие со масна би можеле да имаат проблем со светкањето.
    На лице не ми беше 18 часа :D , ама добри 5 ми издржа, после ја избришав.Ако ја тестирам на подолго време, ќе ви кажам.
    Се размачкува лесно, и може од прво да ја почувствувате како тешка, ама тоа е дур се впие, после си „легнува“ на лице.
    [​IMG]

    Ај доста е. :D
     
  15. Mia-K

    Mia-K Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    674
    Допаѓања:
    288
    Пол:
    Женски
    Што мислите за Yang dream Пудрата?
    Е помалку штетна од другите пудри?
    Се препорачува за 14 години?
     
  16. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Пудрата на Јанг Дерм мислам дека веќе нема да се произведува, ама можеш да ја користиш подлогата доколку имаш чисто лице.Ако ти е со акни, користи коректор и ќе немаш потреба од потешки и попокривни пудри.
     
    На Mia-K му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Mia-K

    Mia-K Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    674
    Допаѓања:
    288
    Пол:
    Женски
    Сакаш да кажеш дека повеќе ја нема?
    Можеш да ми препорачаш некоја добра пудра за 14 години шо прекрива,сакам да ги скријам пегите имам многу крупни на цело лице :(
     
  18. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Ух, за 14 години и не е убаво да користиш тешка пудра, а покривните се и баш тоа.
    А и на Јанг Дерм таа и не беше баш покривна.
    Кажи ми прво буџетот колкав ти е? :)
     
  19. Mia-K

    Mia-K Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    674
    Допаѓања:
    288
    Пол:
    Женски
    Буџет?не те разбирам! :\
     
  20. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    ^Колку пари можеш да одвоиш за пудра.

    Инаку,и ја имам 14,и мене ми треба препорака за пудра(МацаЛав,кога више се замараш со нас xD ),до кај 350 денари...