Во октомври беше на акција во Шатци 630ден јас тогаш си ја зедов, провери да не има некој попуст и овој месец, а редовната цена е околу 800ден
ДЕвојки, ми треба ептен покривна пудра , значи да ми е лицево како порцеланско шо се вели не е битна цената се изморив од евтиниве пудри ке купам една асална сега па што сака нека биде Есте Лаудер, Клиник, Диор? Која е најдобра за сува кожа
За сува јас ја користев на Клинк Supermoisture, многу е хидратантна, му дава сјај и здрав излгед на лицето, а и покривноста и е солидна. Меѓутоа сега ја добив на поклон од Клиник исто Even Better и ми се чини подобра, за нормална со домбинирана кожа е, малку по сува текстура од Supermoisture (која патем има доста течна структура), по покривна е и по долготрајна. Јас искрено несакам да ми сјае лицето ептен како да ми е мрсно, и ако со Supermoisture го имав тоа со Even Better го нема, значи полу мат финиш има. Исто има и 15ка заштитен фактор, јас имам сува кожа и пудрава супер ми одговара. Кога веќе спомна за Есте Лаудер имам неколку кесички тестерчиња од пудрата Double Wear Stay in Place и можам да кажам дека вреди за секој денар, по тешка структура има, многу мала количина треба за да се размачка убаво, постојаност би рекла повеќе од 15 часа, затоа што добро ја тестирав бев на свадба. Лицето ми беше баш порцеланско, без ниедна дамка и црвенило, не ми ни светна од пот барем што се изнаиграв на цела свадба. По 15 часа не беше ни малку мрдната или избришана од некаде. Но јас искрено не би ја користела секојдневно, пре тешка е, иако лицето изледа пефректно со неа. Сега на попуст биле по 2300 во Космо, пишуваше погоре. Од Диор Nude ја имам користено, исто е предобра, ќе ти одговара на сува кожа. Лесна текстура, полу мат финиш, солидна покривност и убави нијанси има. Си вредат за паричките
Ова ми го напишаа во друга тема, и гледав некои туторијали на youtube и стварно ептен е покривна, ако не ти е битна цената тогаш ете оваа.
Конечно се решив да ја земам пудрава но не можам да се одлучам кое бројче Користам течна пудра на Есенсе -beige Akо може да ми предложите кое би ми одговарало највеќе
Здраво девојки, сакам да ве прашам дали некоја од вас ја има користено пудрата Импала и какво искуство имате??
Втората, третата или четвртата. Пробај си од тестери ако има, ако не од око види си, јас ја имам третата и доста е светла ама мене ми е супер. П.С. Или пробај да ја најдеш транспарентата, за неа немаш простор за грижи затоа што се прилагодува кон твојот тен. А што се однесува до онаа новата Севнтин мат - уште немам земено мостра, немам ниту време, а навистина сакам да ја пробам. Моментално и јас ја користам Натурал Велветот и супер е на покривност но во однос на мат ефектот чувствувам дека ми треба нешто доста појако зашто пудрава (Натурал Велвет) барем на моево лице не издржува повеќе од саат - саат ипол без да светне мрсното лице. Гледам да ја дотрошам и да ја купам оваа, по описите кои ги добив типувам на нешто помат варијанта и мислам дека ќе биде океј. Оксиморон, ја има пудрата но ако ја купиш пред мене, те молам сподели импресии.
Ти благодарам многу планирам да си нарачам од Асос моментално е на попуст и ја има транспарентната така да ќе ја земам таа како за проба
Можеш посветла камена пудра одозгора,па ќе има некој баланс или ако ја промешаш со посветла течна,односно кога нанесуваш стави малку од импалата на прст и малку посветла друга пудра ако имаш и измешај.Јас би ти дала совет веднаш да купиш друга пудра и онака за импалата мн лоши критики имам читано,за нејзиниот состав.
А мислење за оваа пудра ? Една другарка ја купи како демек препорака од продавачката ефтина а ефикасна, па сакам да ја пробам при крај сум со мојата инаку јас Менхетен мат користам па кажете ми искуства или да не ја менвам ?
Ја користел некој? Таа lasting finish ми е при крај ептен, па да знам дали да ја пробам, бидејќи гледам во Космо е на попуст и е 267 ден.
^ Мене ми беше многу течна, дури и на почетокот, а посебно после одреден период. Покривност релативно просечна (накај минимална) сигурно ќе мораш да и ставиш и камена одозгора. Јас искрено не би ја купила пак.
Девојки пудрата за каква кожа е, мислев дека е поскапа бидејки е на природна база, како стои со нијанси, ја има пробано некој да сподели искуство ?
Многу лесна структура, се прилагодува на тенот на лицето баш убави нијанси има. Лесно се размачкува има средна покривност. На природна база е и нема баш пријатен мирис ама брзо исчезнува и после не се осеќа никаков мирис. Јас сум задоволна од пудрава, доста е хидратантна. Ти ја препорачувам.
Мимс а за каков тип на кожа е, јас имам нормална о комбинирана кожа, се надевам нема да светнувам од неа