Здраво..! Ако може да ми препорачате некоја пудра, бидејки тешко да погодам некоја. Имам светло лице ама не многу, онака средно, но на образите ми се појавува она руменило и незнам која пудра би ми го покрило тоа руменило, и ич убаво не изгледа усте кога ке ставам руж...
Па секоја пудра што добро покрива би ти го покрила руменилото , избери си некоја од минатите страни, разгледај што девојкиве збореле за секоја пудра и во однос на тоа каква кожа имаш одбери си некоја... Доколку несакаш, многу да е тешка пудрата (многу да покрива) тогаш и некоја полесна ќе ти заврши работа, таман после и малце да ти се гледа руменко, ќе биде ко руж да си ставила..
ме интересира тој зелениот коректор остава зелени траги или не? има само на гош као што знам исто така и црвен од други фирими не сум приметила дека има!
Девојки, денес во шопинг по нова пудра и претходно испробување на истите. Во право бевте за новата на Дебора "Comfort Lift", тоа и очекував од Дебора, скоро сите пудри им се добри, густи се и убаво прикриваат, идеални се за вечерно излегување.. E сега, само мојот тен е доста специфичен и од Дебора обично ми одговара првата нијанса "Fair", само што имаат малку црвенкаст под тон а за мојата кожа одговара жолтеникав. , ама нема врска можеби и ќе си ја купам... Исто од Мaybelline-Dream Satin Liquid, ја пробав за прв пат, прекрасна пудра, многу убаво прикрива и таа, а мајка ми повеќе ме бендиса со неа..
Loreal True match, тоа е тоа Презадоволна сум од пудрава, многу е добра, сите ми ја фалат а мајка ми краде од неа Пробајте ја нема да зажалите, морам да кажам дека имам нормална кожа
Како мислиш траги? Ако мислиш на дали се познава зеленото- Зависи како го нанесуваш и со каква пудра го покриваш. Ако е пудрата лесна и транспарентна, и ако не го нанесеш убаво нормално ќе се познава. Јас обично (откако ќе ставам фејс прајмер , подлога) нанесувам неколку точки мали на саканите места, со прсти размачкувам, врз тоа ставам коректор или крем пудра, потоа покривна пудра и финиширам со камена. И добивам беспрекорен финиш.
здеаво девојки! деновиве се спремам да заминам во странство. па би сакала таму да ја купам пудрава од MAYBELINE dream liquid mousse, бидејки тука кај нас ја нема. по форумов читам многу сте ја фалеле, инаку мојата кожа е масна и акнеста.дали пудрава би одговарала на мојата кожа или не, бидејки на интеренет прочитав дека е многу тешка пудра, дека не одговара за тие со масна кожа итн....???? Kој ја пробал нека ми пише што поскоро!!! позз и благодарам однапред
Блогови за козметика pudrata na maxfactor e zakon. po sovrseno nesto mislam deka nema.a se slozuvam za impalata.bljak
оваа пудра убава е мат ,но после неколку часа цело лице ми изгледа како со брашно да ми е, а ставам крем под неа и вас така ви се случува?
Девојки, знам пишувавте, ама сепак вака ќе прашам-оваа на менхетен, значи е за исклучиво мрсна кожа? Мене ми е комбинирана, со масна т-зона,ама дури и некогаш ми се лупи на носот, покрај устата. И затоа најчесто ставам во прав. Ама сакам и течна да земам сега, па да не ја утнам Сакам да биде убава, ненападна, имам на мис спорти, ама повеќе е како кремче, лицето ми е чисто, ама сепак за навечер не можам да го изедначам тенот...не знам како да ви објаснам...ај предлог? Извинете што прашувам по стотти пат Кожава ми е крива што нема нзс
Девојки, пудрата ми е при крај и сакам малку да сменам. Мислев тоа да биде Импала ама колку што имам прочитано многу не ја фалат. Колку што знаев јас Имапалата е бугарско производство и затоа не ми ја погалија (нешо многу мајмунлаци имао во бугарската козметика). Ама денес баш една другарка ми ја покажа нејзината пудра (Имапала) и баш се зачудив кога видов Made in Germany. Дали некој знае да ми каже точно од кај е пудрава (оти го сите го знаеме германскиот квалитет) и дали покрива?
Јас имам слушано дека е бугарска пудра,ама мене ми е добра.Јас моментално ја имам,баш сега ја гледам,ми пишува потекло: Германија.Мене ми е супер,убаво ми покрива
Импала е германска козметика колку што знам јас (барем така пишува). Само од пониска класа. А дали ќе ти се допадне пудрата зависи од она што си користела досега и на што ти е навикнато лицето. Зошто не направиш тест со пудрата од другарка ти?
Шај,јас лично не би ти ја препорачала Импала,бидејќи има колаген,а и моја другарка пред некој ден си купи импала и само што ставила одма и излегло црвенило на лицето...јас пред 2-3 години користев импала и баш и не верувам дека овдешната Импала е германска туку бугарска со некаква си “лиценца“,а и оттогаш па наваму мислам дека ја “измајмуниле“ пудрава.
Не можам да ве сфатам, па и да е бугарска, што е проблемот? Помина времето кога се што доаѓаше од Бугарија не чинеше, прифатете го фактот дека Бугарија има одлична козметика и одамна не претрка во секоја област. А конкретно за пудрава, другарка ми ја користи и е многу задоволна, ама секоја кожа е различна- не можете да очекувате за ситни пари огромен квалитет. Веќе Макс фактор не е тоа што беше, а не пак некоја си Импала. Само маани да се наоѓало бре. И постот не е наменет кон никого конкретно, да не се најде некој повреден
^^ ЕПА де секоја кожа е различна,јас ја користев Импалата пред 2 години и сосема добро ми одговараше,е сега кога ја зедов пред една недела и кога ставив веднаш ја тргнав и ми се појави црвенило ...значи не е дека не ми одговара на кожата,како тоа ми одговарала пред 2 години сега НЕ а кожата ми е иста не ми е променета,значи пудрата е измајмунета како што вели спојлдбејби...