Сега моментално го имам Dove од краставица и зелен чај и лицето ми е ПРЕКРАСНО !! се мијам скоро 3 недели сабајле и пред спиење и лицето го осеќам свежо, чисто и мноогу мазно а пред тоа беше суво и на некои места ми се лупеше со еден збор - презадоволна
Здраво девојќи Сакам да прашам што ТРЕБА да се нанесе на лицето откако ќе се измие со сапун ? Дали секогаш е тоа некаква крема за лице или може да се остави и без ништо? Јас понекогаш ставам крема,а понекогаш го оставам така..да дише (иако од сапунот нели е суво, а тоа помалку и ми пречи) но, ме интересираше кој е правилниот избор и што се препорачува ? Фала на вниманието
Зависи каков сапун користиш. Пример, на Дав има убави, со кои по измивањето и не ти треба да ставиш крема, ако ти е комбинирана или мрсна кожата.Ако ти е сува, е пожелно, за да не ти се прават лушпи, лишаи и слично. Убаво е да се хидрира кожата редовно, ама и пожелно е да се одмара лицето од креми, пудри и се друго што се става на лицето, барем 1-2 дена во неделата. Некогаш, наместо крема можеш да употребиш маслиново масло и слично. Правилен избор и нема, се е зависно од твојата кожа и како таа реагира на препаратите кои ги користиш.
Mене Дав не ми ја суше кожата ама јас ако не ставам крем не се осеќам убаво. навечер ставам малку бадемово масло па бекутан кремче а сабајле дневен крем.
Обеќав дека ќе се јавам со впечатоците од сапунот кој што го набавив од Diva Soap, од Скопје.го набавив овој: http://divasoap.blogspot.com/2013/03/hearts-in-my-mind.html а пред некој ден и овој: http://divasoap.blogspot.com/2013/03/3-s-sensitive-skin-soap.html Јас сум презадоволна. Лицето ми се ишчисти,меко ми е и мазно, а за телото не ми треба никакво мачкање после бањање. Мојот сапун е со козјо млеко, јогурт и слатка павлака и уште многу масла и какао путер. Нема чешење, (што порано често ми се случувало), а кожата ми е мазна, хидрирана, мека. Сега го крадам од маж ми тој неговиот за осетлива кожа, и го мијам лицето со него. Маж ми е презадоволен. После само неколку дена користење, веќе ми нарача да му купам уште некој. Сега почнувам да се едуцирам за средствата за капење што порано сум ги користела и гледам колку штетни состојки содржат. Не е ни чудо што ме чешало на сите страни. Среќна сум што ги најдов овие сапуни,(ти благодарам дива сапуни) мислам дека ќе се свртам на природна козметика и за други работи кој што секојдневно ги користам. Следното е, природна крема за лице. Поздрав до сите, се надевам дека на некого ќе му помогне ова информација!
За роденден сакам вакво пакетче. Во стилот на Тошо малерот - нема Dove сапун што не ми се свиѓа, брат. Предобри ми се сапуните и мислам дека сите кои сум ги користела досега му годеле на моево лице. Штета што овој пат мајка ми купила сапун од козјо млеко со невен, инаку секако ќе си го купев новиот на Dove. И овој е добар, убаво го чисти лицето и не го затега дополнително, ама едно големо АМА - воопшто не ми пени и дури ме нервира на моменти. Спојлер Среќа што не купила неколку, па ќе го потрошиме овој и ќе си се вратам на моите омилени. П.С. Го има ли овој кај нас?
^ Дааа.. Јас го користам моментално, ми го купила мајка ми од некој маркет (можеш во Тинекс да си провериш) и супер е да ти кажам. Пена колку сакаш, лице како на бебе мазно. Како и сите други Dove сапуни и овој има од мене :up: Не му ја мисли Мишелке, ќе ти се допадне
Dove extra sensitive единствениот кој не ми ја суши кожата иако го употребувам секојдневно за вадење шминка (не верувам баш во пени,лосиони и сл.сапунче си е сапунче)
Користев и јас Dove, супер ми се стварно ама за промена земав од сапуните од козјо млеко и да ви кажам и од нив сум задоволна. Сакам уште еуцеринот да го пробам и да видам на крај кој најмногу ке ми одговара
Ако сакате лицето да ви биде мазно како на бебенце, без акни и црнки...Јас користам течен сапун на Clinique...Многу е добар...По првото миење се гледа разликата Исто изгледа...не можете да го најдете во Тинекс...само во некои специјални продавници...мислам дека го имаше во Веро..не сум сигурна...Јас го земав од Free Shop-ot на границата со Грција Малку е скап околу 2000 е...Јас по втор пат си земав
Додека бев средно користев Dove, ама почна да ми ја суши кожата. Оттогаш не користам никаков сапун за лице.
користи ли некоја од вас сапун од козјо млеко често го рекламираат на тв,а јас имам проблематична кожа па сакав да знам какво е вашето искуство дали сте задоволни?
Незнам за кој мислиш, ако е од оној што го има во Космо околу 150 денари мене ми беше ужас, лицето го чуствував како немиено и лепливо, од кожа до кожа има разлика може тебе ќе то одговара
Јас го користам моментално сапунот од козјо млеко,го зедов од Зегин за отприлика 90 и нешто ден. и мене ми одговара на лицево.Пред 2-3 месеци лицето почна да ми се прави со мозолчина,а сега ми се среди целосно,мене многу ми помогна сапунов.Сепак секое лице е различно и различно реагира на одредени производи,еве на др членка не и помогнал воопшто,а јас не би го сменила за никој др сапун на светов.Се надевам помогнав.Позз
фала ви девојки за споделеното искуство,денес купив сапун од козјо млеко со зелена глина ми препорацаа во аптека,па се надевам дека ке има резултати поздрав
Девојки сакам да ве прашам оние кој го користите сапунот дове дали сите се за хидратација на лице или сите одделно имат некое дејство јас го коритам плавиот и зелениот ПОЗЗ
Моментално овој го користам уште овој не го бев пробала супер е сапунот, преубаво мириса и мека ја прави кожата. Презадоволна од сите Dove сапуни