ве молам кажете ми како поуаво ке стои!Ке носам црно фустанче а накитот ќе ми биде сив .Каква шминка ќе ми соти повеќе црно ли сиво? Инаку имам смеѓа коса повеќе на плаво и сино-зелени очи.Фалаааааааа
Јас мислам дека сива шминка поубаво ќе ти стои.Дури можеш да ставиш и сребрени светки.Сепак е Нова година нели Ако ставиш црна,а и фустанчето ти е црно мислам дека ќе бидеш многу мрачна.Но,тоа е само мое мислење со кое не мораш да се согласиш.Ајде извести не што ќе одлучиш и како ќе испадне целокупниот изглед.
Што сакаш стави,ама те молам немој да изгледаш како драг квин како и сите девојчиња од 16 години па нагоре И морам малце да си мрчнам,ништо поврзано со темава и авторката,туку онака од мерак,пошо нема каде на др.место...добро бе маму му,при толку голотија на таа фамозна вечер,зошто девојкиве и понатака мислат дека баш нивната голотија ќе биде забележана.На сите страни задници,гради,нозе,нестегнати рачиња со *секнд хелоу* или попознати како *свадбарки*...мислам,јас да сум машко ќе барам некое девојче закопчано до врат,чисто за да се разликува од останатите и бар ќе знам дека е фино,културно,прибрано и приземно!Ајт така!
Pa Lilit i da znaes deka ako maskite ne baraat debojka za edno muvanje i za edna vecer bas takvo devojce baraat.(ova go znam od iskustvo)
Шминка за Нова Година низ слики Планирате сами да се шминкате за Нова Година или да одите да ве шминкаат?Идеи и слики добродојдени за феминките да почнам со мене...јас планирам да носам нешто крем...па според тоа ќе се шминкам сама затоа што доволно добро а и нејќам и на тоа да трошам пари...па да изгледам ко новогодишна елка
Шминка за Нова Година низ слики ОМГ. Зарем некој иде на шминкер и за Нова година Нормално дека сама ќе си се шминкам, и дека шминката ќе ми биде како и за секое излегување. Ако е нова година не значи дека и јас треба да бидам лампион.
Оф за греота... Не можам да сфатам како на тие бесни аутфити (вчера шетав низ град и налетав на Пинк продукција тезги и разноразни кичерајски облици) некој сака да зачини со уште појака шминка. Нешто лесно, едноставно, да се познава вистинскиот тен и цртите на лицето, а не да баците некој дечко и да го обележите со еден тон светки. Или нагласете ги очичките, а мавнете некој безбоен сјај или кармин во nude нијанса. A што е потресувањево за Нова година не контам... ах, се извинувам, ние во 7мо одд. собравме пари да купиме спреј во боја и сите женЦки да си офарбаме по еден прамен од косичките во сребрено. Само еволуирало лудилово.
А што, требало посебна шминка за Нова година? Јас да си прашам, да не се ставаат случајно и лампиони на ушите наместо обетки, бидејќи нели Нова година е?
Смоуки ајс значи од бело да се прелива во сиво и на работ на очите црно http://weheartit.com/entry/19059759 ете мене ова ми е совршено за нова година, а ако сакаш можам и јас да те нашминкам вака хахаха
Озбилно, зар толку се трескате како ќе изгледате за нова година, па одење на шминќер?! зар до толку? Јас сваќам дека сите скаме да изгледаме поубаво и погламурозно од другите вечери во годината, ама има луѓе што стварно претеруваат и забораваат дека всушност оваа ноќ е само уште една забава во годината. Нашмикјате се како што се шминкате за секоја друга забава, само ако сакте да изгледате погламурозно ставте малку глитер на сенката или нашминкјте се со светкави сенки, или може да биде тоа некој светкав туш во друга боја освен стандарната црна, малку сјај на руменилото, или ввпечатлив кармин......има милион начини на експериментирање со шминката, само да се остане до краницата на убав изглед. Спојлер
Јас ќе одам кај Дадар. Сепак професионалец си е професионалец и знам дека цела вечер ќе бидам како кукла.
Само што го прочитав насловов на темава паднав од смеа... абре уште сметате дека тоа е најлудата ноќ? помина тоа ехеее.. Од толку спремање и дотерување (а чинам секој викенд истото го правите) ќе изгубите осет за тоа што е излегување и забавување... Сеедно. Ве запусте тој глуп фејсбук брееееееееј! Like like like likeeee на кило.. се надевам дека ќе ја исплатат цената за шминката..
Хаха не знам. И нема да знам се дури не седнам да се шминкам, пола саат пред да излезам вечерта. Имам поважни обврски и проблеми од шминката што ќе ја носам за две недели од сега.