Околу очите имам темни кругови и наликуваат на подочници. Како вдлабнатини се, се познава една линија.. Ме интересира да не знаете некој начин како можам да ги отстранам пошо се многу непријатни денски, баш глупо изгледа некогаш ни коректор ниту пудра не помага. Пишете некој совет или доколку некој имал ваков проблем нека пише како го решава. Модератор: При пишување на мислењата користете кирилица.
прво види да не имаш некој проблем со бубрезите ако ти се појавиле нагло темните кругови или оток на утро посебно... или некој друг сличен проблем ако пак не имаш еден куп креми.. на природна база помагаат кругови од компир ...но целосно да ги снема тешко е :?
nemam problemi nisto i na lekar otidov mi kazaa deka se vo red ... aj ke probam so kompiri pa ke ti kazam dali mi uspealo
пробај... и пред спиење пробај неколку вечери мачкај се со рицинусово масло по многу малку зошто е густо (од него растат и трепките повеќе) а помага и онаа кремата од авон што е во две бои жолта и бела за дење и ноќе но ти имаш 22 год па мислам дека е глупо од сега да почнеш... за поголем ефект пробај со рендан компир
Доколку сакаш да ги корегираш користејќи шминка иди до парфимерија некоја и купи си коректор.Нијанса потемна од твојата боја на кожа.Најдобро би било жолт коректор ама кај нас не сум видела до сега таков, само зелен имам најдено меѓутоа тој користи за покривање на црвенило.Gosh се добри, околу 300 денари чинат.
Темни кругови под очите Вака. . Имам сериозен проблем со подочниците, премногу ми се познаваат и кога сум наспана.. Сум пробала и со коректори и пудри и ништо не помага Дајте некој совет што да правам- ноќен кошмар ми се
Ахх ии мене ми се така .. Уште од малаа .. дури и вени ми се покажуваат .. тоа коа сум повраќала како малаа ии сум се напнала ии од тогаш ми е такаа .. со коректор ... бела сенка .. аа исто така и помага посветла пудра од твојот тен
plus ako si i so crn ten na kozata veruvaj nisto ne pomaga od iskustvo kako ke vrvat godinite se poizrazeni ke bidat
Да, и јас имам ваков проблем, користам обавезно коректор на голден роус, во спротивно сум ко некоја наркоманка
леле и јас исто, секогаш сум со подочњаци, ама таква сум шо да правам, освен коректор нема друго чаре
Подочњаците никогаш не може да се отстранат засекогаш, но треба да се внимава на очите. Значи носење на очила за сонце кога си надвор, пред пц кога седиш заштитни наочари и кога читаш или учиш да биде тоа на јака светлина. инаку и чај од камилица помога, пробајте. на газа или самите кесички стваете ги на очите и нека ви стојат 10 до 15мин.
Подочнаци Девојки, дајте помагајте :? Спиела не спиела, постојано ми се појавуваат темни кругови околу очите, што понекогаш ептен доаѓаат до израз и ми шетаат по нерви :roll: Пробав она што кажуваат со кругчиња краставици или лажичиња од фрижидер, ама ништо... Сте слушнале нешто од исхраната да им влијае? Некој крем??? било што.....
Е па тоа мислам дека ти е природно... Ако имаш подочници црни постојано, тогаш таква ти е кожата околу очите природно. Барем јас така мислам... :? :? :?
И јас имам ваков проблем, за среќа немам темни кругови околу очите, туку само ми се потечени. Кога сум заморена ставам облоги од камилица кои ме освежуваат, а исто така ја пробам кремата на Нивеа - Expert Lift Eye Care и имам забележано дека откако ќе ја ставам веднаш ми се затегнува кожата. Лек за ова мислам дека нема, единствено може со шминка да се покрие. :?
Па можда е природно, ама последниов месец се потемни и ептен изразени.. особено на слики многу се познаваат Мислам дека имам зезнато нешто во исхраната овој период.. Ама никако да сфатам што :?
Или ти е од замор преголем и си склона кон тоа да ти се појавуваат тие темни подочници или да одиш да провериш како ти се бубрезите.
и јас сум исто така,без коректор небива цела сум црна наркоманјаста и црвена бррр . Пробај коректорот на макс фактор околу 500 ден. е јас го користам е прекрасен е,не само за околу очи туку и насекаде по лицето,за црнки,акни,црвенила и слично.Покрива се !