Лакигрл, супер колекција. Ми падна во очи парфемот на Yves Rocher. Како беше задоволна од квалитетот??
Нормално дека не можам се да сликам, па така ги сликнав само најомилените работи, козметика и шминка кои ги користам секојдневно(речиси секојдневно) А и поголемиот дел од козметиката не се наоѓа во мојот несесер, го делам со сестра ми. Овде ми се омилените тушеви и моливи за очи, моментално омилените парфеми, сјаевите и карминчињата за уста што ги користам секој ден, неколку препарати и повеќете лакчиња за нокти. Извинете за лошиот квалитет на сликите
Evidence досега најубав парфем што сум го имала многу е нежен, траен со еден збор прекрасен. Јас го добив поклон од Германија баш како на сликава беше спакован само 100 мл http://im4.ebidst.com/upload_big/9/7/4/1279670424-27906-0.jpg
Ја има и кај нас оваа козметика, затоа те прашувам. А некое време се мислам дали вреди инвестиција во Yves Rocher парфем. Имав некои тестери од нивни парфеми и ствааарно добро мирисаа! Ти благодарам за информацијата. Спојлер Ако некој не знае, еве го сајтот да си разгледа што имаат: http://www.yves-rocher.mk/shop/
Вреди вреди го имав и ова малецко беше и тоа убаво мириса ама со Evidence не си го можи http://www.yves-rocher.mk/shop/item.aspx?itemid=57
Конечно ја најдов темава...мислев ја избришале Еве ова сликнав набрзинка,најосновните работи, а после ке ставам слика и со моливчиња и сјајчиња бидејќи сега ќе излагам. Па повелете
^^ сдп што е тоа од колекцијата clear skin, да не е корективниот крем или гел за миење е? како си задоволна:
Ајде тие што ја имаат пудрата Импала со пумпица нека кажат колку се задоволни и за каква кожа е? Иста е со онаа другата во тубичка, или?
Ахх бре луѓе, вашите козметички катчиња стварно биле “скромни“ како што напишале некои Јас моето катче да го ставам, гарант ќе се сожалите на мене и ќе ми пратите по нешто
Хаха, баш заради тој момент и јас собирам храброст сега да ставам ќе си речат лелееееее...гревче па уше се дрзнуе и да стави
Стави си што има врска ете и моето е скромно спрема другите може и мизерно,ама тоа е тоа што јас го имам и можам да си го дозволам а сега за сега ми е и доволно,тоа е она што го користам.
girl1985 видов во сликите дека ја користиш bourjous healiti mix i серумот можеш да ми кажеш која е подобра јас денеска пробав од серумот ми се допадна бидејки несакам големо покритие а мирисот ммм ке ја купев но пак да си прашам која е разликата во healiti mix i серумот поздрав
Па во глобала се слични. Серумот има полесна структура и има помала покриеност, но дава многу природен финиш и навистина воопшто не ја оптеретува кожата. Со другата има поголема покриеност, но сепак и таа е лесна пудра, па ако сакаш поголема покриеност земи ја таа, ако сакаш поприроден финиш земи го серумот. Секако мене лично и двете ми се ептен по ќеиф, серумот вообичаено си го користам преку ден, а обичната за излегување.
фала на брзиот одговор ке видам пак за која ке се одлучам колку само прекрасно мириса и многу ми се допадна како се адаптира за кожата сепак фала уште еднаш
Поклон ми е од една другарка. Мислам дека ми го донесе од Холандија. Не се кој знае колку квалитетни, ама подобри се од некои козметики овде.
Еве да додадам уште нешто. Беа на -50% зошто веќе се распродаваат и нема да ги има во оптег. И еве да додадам што користам за лицето.