Во оваа тема можете да го опишете обликот, бојата и големината на вашите очи. (секако пожелно е да поставите фотографија, но не е задолжително ) Еве да започнам моите очи се зелени, средно големи и имам "тажни" очи
фалбачиски, ептен си ги сакам очите средни, со кафени трепки и најчудната сино-сива-зелена боја, која има обичај да се менува сериозно многу ми е интерсно тоа. И многу ми е мерак кога некој ќе ми ги пофали очите, си се гордеам посебно зашто само јас во фамилија имам синкасти очи имам само една замерка за нив, на сите фотографии да не излегувасат црвени, како вампир да сум
Па, имам така средни очи од кое едното е помало од другото а сепак поубаво ама ај. Онаква кафеава боја, ни премногу светла, а ни премногу темна. Средна да ја речеме. И имам многу долги трепки, ама за жал немаат волумен.
Моите се така средни и имаат г*мно боја,трепките треба пола саат да ги шљакам за да ми бидат убави... Аааа и морам да кажам дека само јас сум изродот во фамилија сите имаат плави и зелени очи освен мене
Мене ме мрзи да сликам а башка не сум шминкана така да боље ќе си опишам Средна големина на очи, форма на бадем (одлична форма за шминкање) И најважното зелени по боја
Црно-кафени, со долги трепки. Имам убава форма, па можам со моливче или туш да си играм со формата и да ги правам округлести , да ги издолжувам итн.
Ќе ги опишам само, затоа што неможев да најдам слика. Доста крупни, со форма на бадем, по боја темнокафеави, со долги и густи трепки. Многу си ги сакам очите.