Дали некоја од вас има користено од колекцијата за лице на Vichy поточно онаа за проблематична кожа? мислам конкретно на овај производ што му е меѓу најпродаваните
Од оваа колекција сум го користела само ексфолијантот, и навистина помага за акните. Еден од ретките производи кој не сум го сменила веднаш по трошењето и сум купила нов уште пред да ми се истроши стариот. Креми имам користено од плавата колекција за хидратација, но ги сменив со Еуцерин, бидејќи отприлика исто одговараат на мојата кожа (чувствителна), а се поефтини. За Нормадерм сум слушала добри мислења, ретко се наоѓа некој незадоволен од Vichy.
Немам користено ништо од Vichy, ама ете овде читам пофалби, па како му се движат цените на производите?
Па не се баш најефтини... Ексфолијантот е околу 800 денари, кремите им се околу 1200, пудрите над 1300... точни цени не знам, ова отприлика. Ама многу се квалитетни. Ги има само во аптеки, медицинска колекција е.
Бројче...мене ми е убава и ми одговара.Покрива добро и тоа со малку пудра.Инаку ја има во аптеките на Реплек и е негде 600 и нешто денари.Ако си заинтересирана и ако најдеш купи и пробај.
^^Девојки, зборите за Vichy Dermablend? Јас ја користам таа, и морам да ја пофалам дека е одлична, со малку нанесување покрива навистина се. Вреди да се проба
Јас за Аера Теинт немам слушнато, ја имам пробано Норма Дерм (за мрсна кожа, за да дише, мене ми беше прилично сува, ама добра е), а сега ја користам корективната Дермабленд и мн сум задоволна, засега не би ја менувала. Покрива одлично, иако е малку потешка за дневна шминка. Ја користам само за вечерна шминка, а за дневна само понекогаш, помешана со малку крем за да ја "олеснам".
Изгледа за различни зборувавме... Течните Нормадерм и Дермабленд се околу 1300 (барем јас толку ги купив од аптека), а таа другата што беше спомната не сум ја видела и не сум ја пробала, можеби за таа важеше 600. (?)
^^Да, да Дермабленд е 1300, ама стварно се исплати. И јас ја користам за ноќна шминка, за дневна ретко кога ставам пудра додуше. Па затоа и мислам дека се исплати иако е поскапа, затоа што долго издржува.
Јас некогаш кога ќе ставам пудра,ставам од Виши. Ја купувам од Реплек,мислам дека само таму може да се најде,дека ти се увозници. Пудрата ми трае веќе 8-9 месеци,слабо се шминкам.
пудрите се над 1200 јас ја користев таа со зелено за проблематична кожа и добра беше најважно од се беше лесна и делуваше многу природно... само маалку ми се солени цените па сега се префрлив на лореал тру мач