1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Драми

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од kuchka, 23 ноември 2010.

  1. kuchka

    kuchka Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    13
    Oмилен дел од литературата ми се драмите :) со нив најдобро можам да го доживеам истото како и ликовите не ѓи сакам тажните драми повеќе сакам да се изнасмејам со хумористичните :D :D . Kаков вид драми преферирате па ставајте и текстови и видеа од драми :) позз
     
  2. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Драми обожавам, но не да ги читам - туку да ги гледам во театар. И не сакам некои премногу „тешки“, со многу различни ликови кои не можам да ги „сварам“ :) . Обожавам љубовни теми, комедии и поучни драми. Историски не сакам
     
  3. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    932
    Сакам драми, и да ги читам и да гледам. Посебно ги сакам трагедиите. :)
     
    На elimkd и selly.gomez им се допаѓа ова.
  4. kuchka

    kuchka Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    13
    :D :D Во последните денови мене ме обзема новогодишната еуфорија па сакав да ве прашам дали знаете некоја новогодишна драма која би успеала да ме развесели однапред благодарам ;)
     
  5. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Овој жанр навидум изгледа лесен за реализација на лист хартија, меѓутоа воопшто не е.
    Драмата, исто како и наративниот роман е чиста уметност, без разлика дали станува збор за - монолог или за дијалог.

    Меѓу многубројните убави македонски драми - би ви ја препорачала драмата Чест на Васил Иљоски.
    Значи , јасно е , сите ги знаеме Македонска Крвава свадба (Чернодрински), Чорбаџи Теодос, Бегалка, меѓутоа Чест е невидено добра драма.

    Нема да верувате што ми се случи вечерва - Ненад Вујадиновиќ
    Ова не е типичен автор, човекот ми беше асистент по српки јазик на факултет, има неверојатна смисла за хумор, луциден, крајно шармантен и надарен за пишување.
    Тематиката е многу модерна, смешна и тажна истовремено.
    супер драма.

    Ендрју, Љубов и други непогоди - Жарко Кујунџиски
    Жарко К. - лудак, во најпозитивната смисла на зборот.

    Дефинитивно треба да му се даде повеќе шанса - како на овој жанр, така и на младите македонски автори.
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  6. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Кога станува збор за драмите еве да кажам дека јас ги сакам комеедите, сакам кога одам во театар да се изнасмеам, да се расположам, го обожавам громогласното смеење, кога публиката аплаудира и паѓа во делириум, што би се рекло заоѓа од смеење и во тие моменти доживувам катарза, тотално прочистување на душата...ако на утакмици одев за да ја испукам нервозата и да се ослободам од негативноста, театарот и комедиите ми ги полнат батериите...
    Драми кои ме насмеале до солзи се Г-ѓа Министерка, Умри машки и Сомнително лице (која ја имам гледано само на ТВ-ама верзијата со Џемо Биљбиљ)...сакав да ја гледам и Вагинални монолози (сестра ми ми ја фалеше, ама не бев во можност да одам).. Најискрено секогаш сум се воодушевувала на глумата на актерите кои после секое громогласно смеење и овации останувале ладнокрвни, вистински професионалци, навистина секоја чест :bow: :bow:
    И уште нешто страшно ме иритираат дофрлања од публиката од поедини личности кои според мене патат од комплекс на внимание и мораат да се истакнат со невкусни и несоодветни коментари, кои дошле не да уживаат во она што им се презентира туку да докажат некому нешто(пр. некого да импресионираат), а всушност не сфаќаат дека само се глупираат,..да го додадам и ѕвонењето на моб.
     
  7. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    И јас сакам драми. И да ги читам и да ги гледам. А и да драматизирам. :)
    Иако повеќе ги сакам романите бидејки подобро се искажани чувства, сцени, ситуации, сепак драмите ми се некако посебно интересни. Директен говор, лесно можам да си ја замислам ситуацијата и сценографијата, полесно ги запознавам ликовите и ги доживувам.
    Комедија, трагедија-какви и да се, драми да се. :)
    Би ги издвоила оние на Плаут. Кратки, лесни, разбирливи...
     
  8. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    Тие се еден од моите омилени жанрови.
     
  9. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    4.879
    Пол:
    Женски
    Драмите <3 Ги обожавам премногу значи! :)
    Инаку ги обожавам комедиите :) И би сакала да ви препорачам да ги прочитате драмските текстови од Дејан Дуковски,дефинитивно според мене има многу добри текстови :)
     
  10. Jeny

    Jeny Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    230
    Драмите ми се омилен жанр после кратката проза. Кога станува збор за македонските драматурзи посебно би ги издвоила Горан Стефановски, Венко Андоновски, Дејан Дуковски и Јордан Плевнеш.
    Инаку од странските омилена драма ми е Нора од Хенри Ибзен.
     
  11. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Повеќе преферирам да гледам драми отколку да ги читам. Во овој случај давам предност на визуелната реализација. Колку и да е добра приказната подбро би ја претставиле глумци во театар, него ли дијалог во мојата глава.

    Не посетувам често театри, но сепак знам да наминам со или без причина затоа што од училиште ни организираат групно одење во театар, но не е добро реализирано.Иако ретко наоѓам друштво во театар, одам ради лична сатисфакција.

    Кога сме веќе кај драмите што се читаат, читам со намена за во училиште инаку вака од личен избор никогаш не сум избрала, не ми се многу интересни и не ми привлекуваат внимание.Од тие до сега што сум ги прочитала ке ги издвојам Македонска крвава свадба, Парите се отепувачка и Вујко Вања.
     
  12. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Кога бев основно, само драми прифаќав да читам од се што ни беше дадено за лектира.
    До сега сум прочитала неколку. Некои за на училиште, некои од мерак. Последна која ја прочитав на моја иницијатива беше Макбет.
    Прва ја прочитав Македонска крвава свадба, бев просто фасцинирана од неа и од можноста што ми ја пружи да се вметна во светот кој е опишан.
    Порано, омилена ми беше Чорбаџи Теодос. Ја прочитав во петто или шесто одделение. Бев болна, не ми се учеше, па се фатив да читам. :wasntme:

    Уживав во Чекајќи го Годо. Го обожавав делот од часот кога го обработувавме значењето на Годо. И сите настапија со мислам дека Годо е всушност од Господ добиено. Википедија напиша домашна. :rofl:
     
  13. mamma-mia

    mamma-mia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    1.024
    Допаѓања:
    2.253
    Пол:
    Женски
    Го обожавам Дејан Дуковски. Драматуршки генијалец, дефинитивно. Токму двете драми кои ми се поставени на пиедестал се негови. Буре барут и Маме му ебам кој прв почна? се култни македонски драмски текстови. Во двете современи трагедии, насликан е македонскиот ген, со цинизам, иронија и сарказам.

    Анѓа: И најстрашниот ѕвер знае за милост.
    Црна Арапина: Јас не, затоа не сум ѕвер.
    Анѓа: Ѓаволи почнале да зборуваат вистини?
    Црна Арапина: Ангели почнале да се лутат?
    Анѓа: За тебе има место само во пеколот.
    Црна Арапина: И уште едно.
    Анѓа: Зандана.
    Црна Арапина: Твојот кревет.
    Анѓа: Дојде да ме убиеш?
    Црна Арапина: Дојдов да ти речам љубов.
    Анѓа: Немаш право на тој збор.
    Црна Арапина: Имам право на тебе.
     
  14. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.140
    Допаѓања:
    76.529
    Пол:
    Женски
    Јас драми не обожавам.
     
  15. Oscar Lady

    Oscar Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2015
    Пораки:
    1.170
    Допаѓања:
    6.347
    Пол:
    Женски
    Сакамммм :)
     
  16. BojanaLegija

    BojanaLegija Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2014
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    66
    Љубителки на драмата,
    Која може да се сети на некоја македонска драма каде што барем еден дел е поврзан со славење на свадба?
    Ми треба за една средношколска театарска претстава, каде што треба да ги претставиме обичаите кои се прават кај нас на свадба. Нашата група не сака целосно тоа да се претстави, да не се игра претстава од типот на драмите меѓу двете светски војни како "Макеоднска крвава свадба". Може да е современа, меѓутоа да има барем мал дел поврзан со она што го бараат од нас.

    Се надевам на одговор
    Поздрав :)
     
  17. Norah Jones

    Norah Jones Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2019
    Пораки:
    1.045
    Допаѓања:
    494
    Пол:
    Женски
    Здраво, ве молам предложете ми драма за средношколци. Може да е пократка или да може да се направи само неколку чина ама да има поента. По можност да е интересна смешна или современа
     
  18. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.021
    Допаѓања:
    6.015
    Пол:
    Женски
    Драми ми се далеку од омилен жанр, а ги имам прочитано многу. Некои ми биле и лектири. Од Шекспир имам прочитано над 30 драми (на македонски и англиски). Има доста тежок стил на пишување и секоја една негова книга бара посветено внимание и време.
     
  19. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.079
    Допаѓања:
    11.220
    Како дете на 10-11 години читав и доста драми и тоа од странски и домашни автори. Сакав да видам дали еден ден можам да напишам драма, детално гледав како се пишувани. Замислував сцени, ликови, амбиенти, како тоа да го напишам и опишам. Но, тоа не е за мене. Тоа ми беше тогаш во глава, потоа идејата ја снема. Драмите се тешки за пишување, а ретко кој ги чита.