Книгата на твојот живот Секој ден животот ти нуди нова страница во книгата на твоето постоење!
Твоето минато е веќе напишано и неможеш да го промениш; во неговите страници можеш да ја најдеш твојата историја.Некои страници имаат убави бои, а некои темни сенки.Прекрасни сеќавања на среќни времиња или страници кои би сакал да можеш да ги искинеш.
Денес имаш можност да напишеш нова страница.Од тебе зависи какви бои ќе има, затоа што дури и во несреќа можеш да додадеш нежни бои на спокојство кои ќе ја претворат во убаво искуство.
Денес...како ќе го напишеш својот ден ???
Се зависи од твојата желба да ја претвориш денешната страница од книгата на твојот живот во страница која ќе ти биде во прекрасно сеќавање во иднина.
Кога би знаел дека имаш уште еден ден, што би направил ???
Без сомневање би се помирил со Господ и со оние околу тебе, би уживал во златните сончеви зраци, тивкиот ветер, љубовта на онаа специјална личност и многу други Благослови кои Бог ни ги дал, а некогаш ги земаме здраво за готово.
Уживај во овој нов ден!
Пробај да ги запомниш сите убави работи во твојот живот и живеј го секој час расположено, давајќи се од себе.
Не им наштетувај на другите и биди среќен што си жив и што можеш некому да помогнеш.
Никогаш не е доцна да започнеш нова, свежа страница, полна со среќа и љубов, во книгата на твојот живот.
Фала му на Бога за денешниот ден и можност да го претвориш овој ден во нова прекрасна страница од книгата на твоето постоење.
Запомни дека и покрај несреќите, проблемите и тешкотиите, од тебе зависи како ќе го живееш денешниот ден...
...исто како да ти е прв ден...исто како да ти е последен ден...ЕДИНСТВЕН ден од книгата на твојот живот!
Ми се допадна многу па решив да го споделам со вас.Доколку не е во соодветната тема слободно преместете го.
