Се надевам дека убаво го пребарав форумов и дека нема слична тема. Нека оваа тема помогне на сите оние кои ќе се најдат во слична ситуација како мојата, кога не можат да најдат некоја книга. Лично мене, многу голема услуга ќе ми направите доколку ми помогнете. Барам книга, чијшто автор и наслов не го помнам.. Можам да се сетам само на тоа дека насловот беше многу необичен и дека се работеше за љубовен роман, во кој се раскажува за љубовта на ангелот и ѓаволот. Почнува со случки од секојдневниот живот на луѓето, и како ангелот (односно ѓаволот) "учествуваат" во дадената ситуација.. Заплетот е нивната случајна средба и љубовта која ќе се роди поради сплет на околности... Крајот не ми е познат. Претпоставувам дека е *happy end* .. Истава книга ја немам прочитано, но пред една година прочитав за неа во еден дневен весник. Сега повеќе од никогаш ми треба да ја најдам, бидејќи ќе претставува совршен подарок за моја многу драга личност. Однапред ви благодарам!
Да не се работи за = демонот и госпоѓицата прим = од коелјо, така ме ацоцира, иако оваа е нешто за борбата меѓу доброто и злото
Да не е од Марк Леви Седум дена за вечност? Луцифер и Господ ги избираат своите најдобри агенти за последната битка во која ќе се одлучи дали Господ или Луцифер ќе владее со земјата во анредните 1000 години. Но агентите се вљубуваат... Вака мислам беше со оглед на тоа што ја имам читано одамна, но мислам дека оваа ја бараш
Најдов место за мојов пост... Се работи за книга на еден словенски писател Иван Цанкар. Книгата мислам дека се викаше Шолја кафе .... Дали некој има претстава каде можам да ја најдам оваа книга ? Ви благодарам однапред
Ја нема на сакамкниги.мк.... ( и не само оваа книга, туку воопшто, од овој автор нема ништо регистрирано). Најверојатно оваа книга сеуште нема превод.
Имав некои делови во еден учебник по македонски, но учебникот го немам... А за превод мислам дека има, а и не е битно може да биде на: англиски, шпански, српски, хрватски, бугарски или романски...
Ја барам книгата по која направена серијата BAND OF BROTHERS -(Стивен Амброуз -Браќа по оружје е преводот мислам) Ако знае некој линк каде да ја симнам.
Ја има ли некој видено по книжари The Hobbit, or There and Back Again....или Хобитот од J. R. R. Tolkien?
Ја барам книгата можеби 2-3 месеци и неможам да ја најдам. Се вика ,,Девојче со две имиња,, од Јадранка Валдова. Книгата ми е многу потребна па ако може некој да ми помогне. Благодарам однапред.
^^ мислам дека би ја нашла во библиотека иако не е задолжителна лектира за основно образование, можеби таму некаде на полиците фаќа прашина. Додека во книжарите не сум ја забележала. Spoiler Можеби ќе ти послужи линков http://3maks.com/Countries/ItemView.asp ... TUfg%3D%3D
Каде да ја најдам? Ја има ли Самрак во Библиотеките, (кај мене ја нема) книга што мислам дека вреди да се прочита, само што проблемот е што ми се здосади читањево онлајн (btw, сајтов ќе звучи смешно ама на него имате онлајн книги, баш секакви, многу е интересен www.baneprevoz.com, книгите се на српски ама се разбира, штом јас ги разбирам ) Ја имате ли видено некаде? Фала многу
Дали знаете во која книжара или библиотека, или било каде можам да ја најдам книгата Будење од Антонио де Мело Благодарам однапред
Јас ја имам дома, една од моите најомилени детски книги. Мислам дека ја видов неодамна во Култура, во делот кај детските книги и лектирите, забутани на крајот во ќоше, и не би требало да е повеќе од 200 ден. Или во Просветно Дело до ЈБТ, мора да ја има.
Знаеш ли да чуваш тајна? од Софи Кинсела.Претпоставувам дека повеќето од вас ја знаат оваа книга па нека ми кажат од кај ја купиле.Може ЛП? Фала однапред...