Форумџика на годината

Кино, театар, опера и балет

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Trendafilka, 12 мај 2010.

  1. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Колку често одите? Која претстава ви оставила посебен впечаток и ме интересира вашето општо мислење за сите овие институции во нашата држава.

    Последниве неколку години во кино одам поретко (што би рекол другар ми - не е више шема да носиш девојка у кино) :D и се' некако завршувам во тие "кутиите" во Рамстор. Најчесто одам кога има премиера на некој филм, а се' уште нема dvdrip снимка на нет.
    Посебно сакам балет и со оглед на условите, сметам дека МОБ нуди доста квалитетна програма. Се изнасмеав пред некој месец кога не можеше да се најде ќорава карта за Шехерезада, а пред 4 и нешто години кога бевме со колешка да ја гледаме, беше буквално полупразно.
    Во врска со театарот, многу ми е жал што пустиот Драмски во Карпош ми е стварно далеку и ајде поблиску до Центар, ама последните неколку претстави толку ме разочараа, :( не знам што да кажам. Единствено Госпоѓа Министерка беше некое благо освежување и Сашко Коцев е одличен актер од помладата генерација актери.
    Посебно сум разочарана од поставата на Буре Барут, непосредно пред 10 годишниот јубилеј на прикажување. Кастингот беше ужасен, глумата никаква, сценографијата бедна, милион дечиња, имав чувство дека сме во игротека, а не во театар. Жално.

    Повелете девојки, Вашите мислења. ;)
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.063
    Допаѓања:
    66.816
    Пол:
    Женски
    На театар порано одев многу често. Сега немам време. Интересни ми беа Долу влада и Кандид во земјата на чудата.
    Во кино не памтам кога сум била последен пат. Веројатно од школо кога не носеле. А не ни планирам да одам, ниту пак сакам. Немаме некое WOW кино што мора да се посети. А на опера, балет, па да си бидам искрена не сум била воопшто.
     
  3. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.517
    Охрид на оваа тема има огромна минуска!

    Денеска во 19 часот беше претставата „Умри машки“ и многу сум среќна што ја гледав. Плус - актерите како глумеа - закон!
    Ама толку... сега претстава.. за 5 месеци.. онака случајно. :(
     
    На QueenElena му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.163
    Допаѓања:
    138.864
    Порано одев мноооогу во кино и театар, па после немав време, и сега пак се враќам во форма :)

    Буре Барут е претстава со која мојата генерација порасна. Јас ја имам гледано барем 10 пати, ако не и повеќе. Не знам сега каква е, и со кои актери, јас ја имав гледано на почеток, уште Игор Џамбазов кога играше. Скоро ја гледав Госпоѓа Министерка, ок беше.

    Во кино не сум била одамна тука, ама затоа во странство не пропуштам за изгледам некој 3Д или ајмакс филм.

    Балет многу сакам, а на опера немам навика да одам, само неколку пати сум била.
    Ама затоа филхармонија... екстаза!
     
  5. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.756
    Последен пат на театар, пред неколку месеци. Жално! На Сомнително лице бев. Супер впечатоци имам од таа претстава, и жал ми е што се некако немам време да отидам да видам што ново се нуди на репертоар.
    Во кино бев на Аватар исто, значи пред неколку месеци, и сфаќам дека кино културата кај нас се уште е на најниско можно ниво. И не ме изненадува тоа, проста маса секогаш ќе дрдори на мобилни додека филмот трае, луѓе ќе коментираат гласно. Да си грицнеш од газот од мака :D
     
  6. amor

    amor Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    порано одев многу на кино... ама ова торентиве на интернет ми ја расипаа навиката.

    ама затоа на театар си одам редовно. Драмски ми се прираснати на срце, сите претстави ги имам гледано, а во очекување на новите, си ги репризирам старите ;) нема ништо подобро од собрано друштво, претстава и после на пијачка за раскажување на импресиите по претставата...
     
  7. Ticijana

    Ticijana Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    5
    Вечерва бев во МНТ на Тупаница полна со љубов. :inlove: Доста интересна претстава. :) Иначе во последно време почесто одам на театар, има многу интересни претстави и имаме прекрасни глумци. :talk: Секоја чест за нив, секогаш заслужено го добиваат аплаузот од публиката. :clap:
     
  8. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Во Театар бев предходната недела,искрено се разочарав.Претставата беше на мнгоу ниско ниво,сакале нешто да направат и се потрудиле меѓутоа не излегло се како што планирале.Можеби беше моја грешката што избрав погрешна претстава,меѓутоа знам дека преемногу ми беше здодевно.
    Во кино последен пат бев кога се прикажуваше документарецот за Тоше.Немам посебна навика да одам во кино.Како помала одев многу,меѓутоа дојде друго време и секој филм може да се симне од интернет.Чувството не е исто кога го гледаш дома и во кино,меѓутоа тоа е.
    На балет и опера не сум била никогаш,а се надевам дека ќе отидам и се надевам дека нема да ми биде здодевно. :D
     
  9. Ema.Sk

    Ema.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    4.776
    Бев скоро на претставата " Болва во уво " .. кој не ја гледал да ја гледа обавезно !! јас прснав од смеа :rofl:
    И да .. многу се нервирам од бучавата .. зборат на сред претстава до мене .. на мобилен .. довикуваат на актерите !! божее ... :@ а во Рамстор го гледав Паранормална активност и Бруно ...
     
    На Malechk0 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. lebarka

    lebarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    26
    Ех, како обожавам театар и идам на театар скоро секогаш кога ќе ми се пружи прилика. Кино исто е супер, ама во кино гледам филм само ако сметам дека вреди да се гледа во кино. Сепак, далеку повеќе ценам глума во живо (театар), отколку само да гледам во некое платно. На балет и опера не сум била со години, затоа што не ме привлекуваат нешто посебно. Меѓутоа, сакам концерти со класична или традиционална музика.
     
  11. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.358
    Секогаш кога имам барем малку слободно време, обавезно морам да го потрошам на едно од овие нешта. Добар начин, да се одмориш од градските гужви и проблеми. Мозокот ти е на пасење, едноставно кажано.
    Посебно балеттот ми причинува некое задоволство. Толку грациозност, толку женственост, кај девојките секако, како ги искажуваат емоциите со дела. Интересно.
    Од театарскиве претстави, скоро сум разочарана од нив, но сепак, знае да се најде и некоја добра, на која ќе се свиткаш од смеење.
    За киното, немам нешто посебно за кажување, освен дека често сум таму. Милениум-Рамстор, Рамстор-Милениум :rofl:
    На оперска претстава, досега не сум била. А и не верувам дека во скоро време ќе отидам, не ме привлекува тоа Аааа Оооо. :D Но сепак, ако имам можност ќе отидам и таму, па ќе ги напишам моите импресии. Но сепак јас си стојам на моето, дека нема да ми се допадне. :D
     
  12. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.046
    Допаѓања:
    394
    Сакам да одам на кино,театари опера но нажалост тоа е многу ретко.Живеам во мал град каде што не се сеќавам кога последен пат е имало филм во кино, а да не зборувам за останатото.Пред некој ден имаше претстава,влезот беше слободен,но и покрај тоа имаше малку луѓе.Луѓето кај нас едноставно немаат навика да одат затоа што веќе одамна изумреле тие вредности во нашата средина и се ретки оние кои навистина ги ценат.Жалосно но тоа е вистината.
     
  13. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    На опера и балет не сум била никогаш.
    На театар последно пред... два месеци негде. Повеќе од два месеци. Драмската секција од моето средно правеа претстава, конкретно Викенд на мртовци. Се пресмеав :D Супер ја имаа сработено.
    На кино последно на Аватар...
     
  14. N.E.87

    N.E.87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    270
    Допаѓања:
    12
    Баш среќа што ја најдов темава, сакав да прочитам ваше мислење,за кино и театар.
    На опера и балет не сум била никогаш,а на кино само неколку пати,повеќе сакам дома да погледнам некое филмче.Ама затоа театарот ми е слабост.Не сум некој редовен посетител,ама секогаш кога ќе најдам време и имам услови одам.Најчесто го посетувам драмски,а еве ќе издвојам неколку претстави што ми оставиле силен впечаток: Кинегонда во карлаленд,Граница а најмногу ми се допадна 2012-Последните македонци,тоа е и последната претстава што ја гледав ама сега од први секако ќе одам да ја погледнам уште еднаш ;)
    А да не ја заборавам Демонот од дебар мало :lol:
     
  15. chicka

    chicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2010
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    98
    Многу мие жал што живеам во место каде што културните случувања се на многу незавидно ниво.Поточно кажано ниво нула.На опера и балет не сум била.Кино - и да сакаш кај нас не се прикажува ништо.На театар одев секогаш кога имаше претстави и претежно беа од ученици од средното училиште,но беа феноменални.Сум се смеела како луда.
    Жално е што кај нас нема никаква заинтересираност за вакви случувања.
     
  16. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Обожавам да одам на театар. Ги имам сите претстави гледано од репертоарот на МНТ и Драмски, некои дури си ги гледам и по неколку пати. Дома ме зафркаваат викаат како дел од столчињата сум. Обавезно ме има. :D

    Најдобро сработена престава е Мара Сад и глумците се супер, носат многу енергија ,живост на сцената. Исто и Сомнително лице беше добра, ама сега со Александар Микич е сто пати подобра отколку со Џамбазов.

    Штета што летен период нема претстави,а тогаш сум најслободна и највеќе ми се оди. :)

    На кино одам многу ретко последно што гледав беше Аватар. И можам да кажам дека квалитетно ги потрошив тие неколку саати.

    Искрено, на опера сум била неколку пати и не сум фасцинирана не сум музикален тип и некако не уживам премногу во сето тоа.
     
  17. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.335
    Допаѓања:
    5.867
    Во кино одам,но не често.Во театар како мала имам одено скоро секоја недела,но сега не се сеќавам кога последен пат сум била.На опера и балет бев зимото со една другарка.Имаше 2 карти и решивме со другаркава да одиме и ќе го паметиме тоа одење.Се изнасмеавме тој ден. :D
     
  18. butterfly.mimi

    butterfly.mimi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    103
    Кино,Театар,Опера и Балет

    На кино ретко, скоро ич. Театар обожавам и одам кога имам време. Едвај чекам да почне новата сезона :) На опера не сум била, а на балет 1 и тоа во Антички во Охрид и ми се допадна :)
     
  19. CupCake

    CupCake Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    165
    Мислам дека на вакви места се поретко се оди.
    Јас одам понекогаш во кино или театар,ретко на жалост.Обожавам балет и имам отидено на неколку претстави.Опера не ми е по мерак,па затоа до сега не сум била.
     
  20. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Сум била на театар, опера и кино. И најмногу уживам на опера. Ми се ежи кожата од гласовите. И оној кој ги исмејува, е само простак што појма нема од животот, а далеку од музика и уметност.
    Мислам едно е да не ги слушаш, а друго е да ги исмејуваш кога не се ни разбираш.
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.