ајде да видиме, кои книги ги прочитавте во средно?? која ви се допадна најмногу?? зошто баш таа книга?? омилен лик, цитат...??? Спојлер П.С ако има ваква тема- клуч
Книги од средно па не прочитав многу, сега завршив 3-та година ... а дефинитивно книга најмногу што ми се допадна е ''Клетници'' од Виктор Иго (Les Miserables - Victor Hugo) хаха зошто, прочитаја па и сама ќе сватиш зошто од неа омилен лик ми е Жан Вал Жан и Козета, а цитат не ќе можам да ти издвојам ...
Книги од средно Знам дека ке отидам многу повеќе офф топик, ама да не отварам друга тема, ако нема. Може ли некој да ми ги пише кои се лектирите за прва година средно? (или во ЛП или тука.)
Книги од средно Ќе ви го повторам прашањето на inna.blood, ве молам да ми помогнете...Кои се лектирите за прва година средно(Корчагин)?
Книги од средно За во Орце се овие, а за другиве средни незнам. 1.Шагринска кожа 2. Скржавец 3. Галгамеш 4. Панонски легенди 5. Тристан и Изолда 6. Илијада 7. Царот Едип 8. Евангелие по Јован
Книги од средно Крпен живот затоа што е еден од најубавите романи во македонската литература и ни ги прикажува секој закрпен ден на семејството. Омилен лик Доста Рожденката една селска жена, која се разликува од останатите селанки
Книги од средно Пеколот од Данте Алигиери единствена книга од средно во која стварно уживав додека ја читав. Книга која мора да ја прочиташ неколку пати. Со секое читање наоѓаш некоја нова скриена порака, приметуваш нешто што претходно не си го приметил. Во книгата се осеќаат измешани емоции, и омраза и љубов. Можеш преку читање да ги осетиш чувствата на Данте Алигиери додека пишувал. И неколку дена откако ќе ја прочиташ, размислуваш за книгата.
Книги од средно Ми се чини ниту една од тие што ни беа за лектири не оставив непрочитана. Бар колку што се сеќавам... Најмногу впечаток ми оставија Клетници - Виктор Иго, Странецот - Албер Ками, Хамлет - Шекспир и гооолем дел од делата што ни се од македонски автори. Дениција е нешто преубаво, иако поезија баш баш и не обичам
Вакаа.. од лектирите за прва година средно што се : -Шагринска кожа -Скржавец -Гилгамеш -Панонски легенди -Тристан и Изолда -Илијада -Цар Едип и -Евангелие по Јован ме интересира дали некој може на кратко да ми ја раскаже Евангелије по јован и Тристан и Изолда.. Пробував сама ама некако не ми оди ... Ве молам девојки ако може помош ќе ви бидам благодарна
Лектири за средно образование Кратко, само колку да знаеш за што се работи или за во тетратка да препишеш?
Клетници. Како книга која ја прочитав без здив, која ме одушеви максимално. И Тристан и Изолда. Прекрасно дело. Кога ја читав беше лето, немав со кого да излезам или не знам, не ми текнува точно, седев дома сама и од досада грабнав да ја читам. Ја завршив, и некаде 10 страни пред да ја прочитам моите отидоа на гости. Од досада ја грабнав Кодот на Да Винчи итн итн. Таа како да ме подбуцна да читам понатаму.
Девојки, сакав да ве замолам да ми помогнете со Илијада. Следна лектира ни е а во библиотеката не можев да ја најдам. Може ли отприлика да ми раскажете за што се работи за да можам барем збор да кажам на час?
Само што е завришив прва година,и да ви кажам дека ги прочитав сите лектири.Не ми се нешто посебно,еднинствана што ми се допадна беше Тристан и Изолда.Преубава книга и мислам дека вреди да се прочита,јас останав без зборови. Иначе ќе може да ми кажите кој лектири се за втора година?
Од средно трите најомилени ми беа „Клетници“, „Злосторство и казна“ и „Чичко Горио“. На прашањето зошто баш тие ќе одговорам бидејќи се ремек-дела. Авториве на делата создале совршенства. Штета што повеќето не ни ги читаат.. Лик: Жан Валжан . Нема потреба да кажам повеќе, кој прочитал - знае.
Ана, кај нас лектири за 2 година се: Декамерон на Џовани Бокачо; Советен венец на Франце Прешерн; Македонски народни приказни, и Скендербег на Григор Прличев. А некои од делата за обработка се: Хамлет на Вилијам Шекспир; Евгениј Онегин на Александар Сергеевич Пушкин; Дон Кихот на Мигуел ди Сервантес, и Божествена комедија на Данте Алигиери (иако не знам дали трите дела ќе се обработуваат).