1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Книги и лектири од средно

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од L0ve, 11 јуни 2011.

  1. Smurfette.M

    Smurfette.M Популарен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    621
    ^^Евгениј Онегин е за трета година...не ја работевме оваа година, а ја запишавме како дело(или лектира) за следната година :D
    да не бидам офтопик, книги кои ми оставиле впечаток до сега, се: "Дон Кихот", "Тристан и Изолда", "Шагринска Кожа" и "Хамлет" :)
     
  2. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    1.793
    ^
    Кај нас и минатава генерација ја работеа во 2 година, а чим и професорката ја кажа тогаш ќе ја работиме. :D

    Инаку мене впечаток ми остави само „Александар Македонски“ на Жан Расин, единствено поради тоа што беше пишувана во стихови и ми беше премногу интересна за читање. :lol:
     
  3. Smurfette.M

    Smurfette.M Популарен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    621
    па добро, изгледа за секое школо различно е тоа....еднаш ќе мора да се прочита, не е важно дали во втора или трета година :lol:



    да додадам, и "Цар Едип" беше интересна :D
     
  4. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Во средно имавме професорка по македонски јазик која секогаш сакаше длабоко да навлекуваме во содржината на делата. Кај неа, обработувањето на некое дело не беше од типот - прочитај го, раскажи го, туку секогаш дававме свое мислење, па се надоврзувавме на другите дела од истиот автор, па што му била мотивацијата, како би ја објасниле метафората...
    Тогаш ми беа многу досадни тие часови, и дури некогаш главата ме болеше од толку размислување и суштинско обработување на некои дела, ама морам да признаам дека тоа многу ми помогна за понатаму. Почнав повеќе да се задлабочувам кога ги читав делата, подлабински да ги анализирам ликовите. Едноставно, целта на нашата професорка беше да влеземе во умот на авторот.
    Има многу дела кои ми оставиле впечаток, ама еве сега не можам да се сетам на сите. Некои дури ги раскажував во тетратки, па после тоа ги наследи сестра ми, со убаво соџвакана материја.

    Би ја издвоила Злосторство и казна. Мислам дека тоа дело го обработувавме цела недела. Правевме целосна анализа на Раскољников.
    Исто така и Шагринска кожа. Тука се сеќавам дека повеќе се осврнавме на човековата алчност и ненаситност.
    И Гуливеровите патувања - дело во кое Свифт на мошне метафоричен начин го прикажува општеството, угнетуваниот народ од страна на власта.
     
  5. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.904
    Ќе може некој да ми ги каже лектирите и делата што се обработуваат во четврта година во скопскиве гимназии?
     
  6. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    8.646
    ^
    1.`Демјан`
    2.Смртта во Венеција`
    3.`Цвеќиња на злото`
    4.`Пиреј`
    5.`Црно семе`
    6.`Диво месо`
    7.`Црнила`
    8.`Парадоксот на Диоген`
    9.`Големата вода`
    10.`Чекајќи го Годо`
    11.Раскази од Чехов (Обавезно Павалјон бр. 6)
    12.`Судбината на човекот`
    13.`Странецот`
    14.`Процес`
    и плус избор поезија од Петре М.Андреевски (`Дениција),Радован Павловски,Матеја Матески,Влада Урошевиќ и Гане Тодоровски.

    Ако се сетам на уште некоја ќе ти пишам.
     
  7. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Кај нас горенаведениве без Цвеќиња на злото ( или пак јас прескокнав да ја препишам :?: ) и плус овие : :)

    15.Игра во ‘ ржта
    16.Проклета авлија
    17.Пустина
    18.Генералот на мртвата војска
    19.Зора зад аголот
     
    На Waka-waka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. kathy-style

    kathy-style Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2012
    Пораки:
    301
    Допаѓања:
    191

    Ајде и јас ако можам да помогнам.... сега и јас ќе бидам за втора година па лектири за втора година же ни бидат:
    1.Басни-Доситеј Обрадовиќ
    2.Кандит-Волтер
    3.Алдександар Македонски
    4.Басни-Иван Крилов
    5.Македонска народна поезија
    6.Глуверовите патувања-Свифт
    7.Пеколот-Данта Алигиери
    8.Канциониер-Франческо Петрарка
    9.Декамерон-Џовани Бокачо
    10.Дон Кихот
    11.Хамлет-Вилијам Шекспир
    12.Сид-Пјер Корнеј
    13.Тартиф
    14.Басни-Ламфотен
     
  9. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Разбој од Владо Малески е дело или лектира за четврта година средно? Знам пред 2-3 години им беше , ама сега колку што гледав во листите со лектири и дела во моето училиште на ја видов. Кај Вас е/беше оваа книга за IV ?
     
  10. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.880
    Допаѓања:
    4.877
    Пол:
    Женски
    Еве мене сеа кој лектири ми се за втора..

    Лектири:
    1.Басни-Доситеј
    2.Кандит - Волтер
    3.Александар Македонски - Раисм (незнам дали е точно имево од авторов,оти набрзински го запишав а и не убаво дослушнав)
    4.Гуливеровите патувања - Џонатан Свифт
    5.Басни - Крилов
    6.Македонска Народна Поезија

    Дела :
    1.Пеколот - Данте Алигери
    2.Де камерон- Бокачо
    3.Хамлет - Шекспир
    4.Сон во летната ноќ - Шекспир
    5.Сид -Пјер Корнеј
    6.Тартив - Молјер
     
  11. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    1.793
    Александар Македонски е од Жан Расин, јас ја обработував во прва.

    Кај мене дела се:
    Декамерон на Џовани Бокачо
    Сонетен венец на Франце Прешерн
    Македонски народни приказни
    Скендербег/ј на Прличев
    и уште една по наш избор.

    И лектири:
    Пеколот на Данте Алигиери
    Канционерот на Франческо Петрарка
    Хамлет на Шекспир
    Дон Кихот на Мигел де Сервантес
    Евгениј Онегин на Пушкин
    Странствувањето на Чајлд Харолд на Бајрон.
     
    На DzingrlakaDzikica му/ѝ се допаѓа ова.
  12. vale.96

    vale.96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2012
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    10
    дали има некој линк од воведната песна од ДЕКАМЕРОН? :)
     
  13. it.1.girl

    it.1.girl Активен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2012
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    1
    Здраво ми треба анализа на 3 песни од современа македонска поезија ако некој има анализирано нека писе во порака :)
     
  14. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Во трета и во четврта година средно ги прочитав сите лектири. Одамна не сум била така посветена на нешто.
    Во прва и втора се правев паметна и забушавав со учење па читав што ќе ми падне на памет.
    Во Корчагин кај мојата професорка мораше да се чита лектири ако сакаш оценка. И за двојка имаше определено што да прочиташ и кога ќе те испрашува, вадеше прашања...Лелеј!
    Кога ќе се навратам на трета средно ми се темни. Дечко ми учеше во ЈБТ и додека ние имавме буквално секоја недела по една лектира, или некогаш по две, зависи (освен кога работевме граматика), он работеше 4 лектири во годината.

    Тенкаи, кај нас овие се обработуваа: (касно, но ако некој друг го интересира)
    1. Албер Ками „Странец“
    2. А.П.Чехов „Избрани раскази“
    3. Иво Андриќ „Проклета авлија“
    4. Михаил Шолохов „Судбината на човекот
    5. Томас Ман „Смрт во Венеција“
    6. Семјуел Бекет „Чекајќи го Годо“
    7. Шарл Бодлер „Цвеќиња на злото“
    8. Ѓорѓи Абаџиев „Пустина“
    9. П.М.Андреевски „Пиреј“
    10. Живко Чинго „Големата вода“
    11. Димитар Солев „Зора зад аголот“
    12. Коле Чашуле „Црнила“
    13. Горан Стефановски „Диво месо“
    14. Томе Арсовски „Парадоксот на Диоген“
    15. Блаже Конески (избор)
    16. Ацо Шопов (избор)
    17. Матеја Матевски (избор)
    18. Гане Тодоровски (избор)
    19. Радован Павловски (избор)
    20. Влада Урошевиќ (избор)
    21. Анте Поповски (избор)
    22. Богомил Ѓузел (избор)
    23. Михаил Ренџов (избор)
    24. П.М. Андреевски (избор)
    25. Јован Котески (избор)
    26. Ташко Георгиевски „Црно семе“
    27. Херман Хесе „Демијан“
    28. Франц Кафка „Процес“
    29. Д.Селинџер „Игра во р`жта“

    Се си мислам дека пропуштам нешто, ама ајде.
     
  15. Didi-13

    Didi-13 Активен член

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    12
    Имам една роднина и ме замоли да ве прашам: Да не знае некоја кои се лектирите за 1 година економско?
     
  16. it.1.girl

    it.1.girl Активен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2012
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    1
    некој ако ги имат прерасказано Илијада, Царот Едип и Гилгамеш нека ми ги писе во ЛП хитно ми требаат
     
  17. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Знам дека воопшто не е за фалење, ама во средново ниту една лектира немам прочитано. (освен Ромео и Јулија). А инаку си читам редовно книги по мој избор.
     
  18. Angelce201

    Angelce201 Активен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2012
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    6
    Здраво сакам да прашам да не има некој кратка содржина од ,,Горски Венец''-Петар П. Његош ...(Ве молам ми треба хитно)...
     
  19. WhiteAngell

    WhiteAngell Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2012
    Пораки:
    718
    Допаѓања:
    2.302
    Пол:
    Женски
    Дали некој ја има обработено лектирата Сонетен Венец од Франце Прешерн ми треба итно за утре а неможам нигде да ја најдам и ништо не ми е јасно од песните . Ако има некој нека ми пише ЛП.
     
  20. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    1.793
    ^
    Во делото има 14 сонети и 1 Магистрал. Важната работа за нив е тоа што последниот стих од секоја сонета, претставува прв стих во следната сонета. А Магистралот е составен од 14 стиха, односно од почетните стихови на секоја сонета. Ќе си видиш и самата во линкот поставен подолу, ако не ме разбра.

    Еве го делото (иако мислам дека не е целосно):
    http://mk.wikisource.org/wiki/%D0%90%D0 ... 0%B5%D1%86

    :)