1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Книги - колку читате и што преферирате?

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Shelea, 27 ноември 2009.

  1. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.759
    Допаѓања:
    6.673
    Пол:
    Женски
    Преферирам Љубовни романчиња,по некоја авантура а најмногу сакам со криминалистика или нешто како ''Кодот на Да Винчи'' ''Ангели и Демони'' .
     
    На Andrianaaaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  2. MorbGoth.666

    MorbGoth.666 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    148
    Сакам да читам, поготово нешто како Кодот на Да Винчи, Ангели и Демони, и сакам психолошки книги :)
     
    На Andrianaaaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Femina777

    Femina777 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    534
    Допаѓања:
    236
    Сакам да читам и многу често читам читам секакви клниги ама најмногу сакам мисериозни , тинејџерски а и љубовни :)
     
  4. TheUnbreakable

    TheUnbreakable Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    17
    Многу обожувам да читам. Читам најчесто трилери, психолошки романи, филозофски дела и секакви останати книги од областа на сите науки. Најмногу ги одбегнувам љубовните, бидејќи речиси сите завршуваат исто а и немаат нешто посебно што ќе ти остане во главата, да размислуваш за него, за тоа што би направил ти на местото на главниот лик. Инаку читам по околу 2-3 книги неделно, зачленета сум во библиотека, некогаш повеќе, некогаш помалку, зависи од тоа колку време ми останува бидејќи сум ученичка.
     
  5. lallyy

    lallyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    3
    Љубовни романчиња обожувам осоебно оние на Николас Спаркс,Даниела Стил,Џемјс Петерсон,ги сакам и мистериозните книги на Линвуд Баркли,потоа голем дел книги од крими ремек-делата на Агата Кристи и едноставно читам се` што одзема здив и не ти дозволува да ја оставиш книгата се` додека не ја прочиташ последната страничка.Секако не преферирам научно-фантастични книги.
     
  6. richgirl998

    richgirl998 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    286
    Бидејќи сум во почетокот на мојата ,,читачка кариера'', сеуште читам љубовни романи, иако немам премногу време за читање. Единствено за време на летен и зимски распуст читам по неколку книги за релаксирање. Исто така редовно ги читам делата за во училиште. Обожавам да читам книги и кога читам потполно се внесувам во нив. Но, сметам дека сеуште е рано да преминам на врвните писатели, затоа што нели прво треба да се поминат овие поедноставни типови на книги и тек потоа да читам покомплицирани книги, па дури и на друг јазик :D
     
  7. Purrinn

    Purrinn Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    77
    Читам. Најмногу биографии, историски, филозофски и психолошки книги.
     
  8. Natali.3

    Natali.3 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    5.739
    Допаѓања:
    54.589
    Пол:
    Женски
    Многу често читам книги и ви препорачувам на сите и вие да читате, бидејќи со тоа си го збогатувате вашиот вокабулар на зборување! ;) :)
     
  9. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    2.147
    Зависи до периодот и што сум расположена да читам. Се случува да читам 2-3 книги месечно, а некогаш 2-3 книги за 5 месеци. Преферирам романчиња, трилери, историски книги.
     
  10. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    Не читам толку колку што би сакала, ама ќе дојдат и моите 5мин кога ќе иам повеќе време и ќе си надокнадам :) Љубител сум на трилери во принцип, а имам алергија на психолошки анализи на живото/личноста/среќата...
     
  11. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    286
    Пол:
    Женски
    читам книги различни во различен период од годината и во зависност од моето расположение и моменталната состојба. на одмор сакам лесни книги чик литература без некоја тежина онака релаксирано. имам периоди кога сакам драми, период кога сакам трилер, се зависи од периодот. исто така некогаш читам многу некогаш 3 месеци може една книга да не прочитам. мои препораки, сите од халед хосеини, посебно ИЛЈАДА НЕВЕРОЈАТНИ СОНЦА, потоа РИНГИШПИЛ, СЕНКА НА ВЕТРОТ и дефинитивно ЛОВЕЦ НА ЗМЕЈОВИ
     
    На StarSky му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.469
    Допаѓања:
    17.430
    Пол:
    Женски
    Јас често читам книги и читам книги од различни тематики и некои од нив кои ми оставиле силен впечаток ( во позитивна смисла ) се Животза живот и Калугерот кој го продаде своето ферари
     
  13. Budha

    Budha Активен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2014
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    21
    Читам се што ќе ми дојде при рака и секогаш кога можам. Мислам дека не би ми бил доволен цел живот за да ги прочитам сите книги што ги имам ставено на must read листата.
    Инаку сакам психологија, криминалистика, мистика, загатки, класици, чик литература... Единствено така не сакам научна фантастика.
    Искрено, кој не чита, губи многу.
     
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.
  14. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    26.999
    Пол:
    Женски
    Јас читам секогаш кога имам време, сакам добра книга. До пред извесен период читав само стручна литература, немав време за друга книга. Имав желба за убава книга, но некогаш и не се наоѓа време за се. Зедов пред некој ден една книга што ја имав дома, непрочитана и купена уште во дневните веснициве кога имаше некои акции со доплата. Почнав да ја читам онака лежарно, мислејќи дека книгава е квалитетна и интересна за читање, читам ама некако почнува некое внатрешно незадоволство, искажано преку нервоза од тоа што го читам, прочитав до некоја страна и веке знаев дека до тука беше. Поглупава книга во рака не сум држела. Беше тотална фантазија и без никаква реална смисла.
    Единствено не читам научна фантастика.
     
  15. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Порано читав се и сешто, а сега пребирам.
    Не сакам сешто да читам.

    Иако се вели дека не постои лоша книга. Од секоја можеш да научиш нешто. Јас лично преферирам езотерија. :)

    И во иднина ќе се трудам помалку да сум на интернет, а повеќе да си читам. Повеќе ме исполнува и ме прави побогата.
    Овој интернетов многумина не затупи. :^)

    ****************************************************************

    Она што навистина ме иритира, се многуте правописни грешки во нашите преведени книги. :x
    Сега во книгата која ја последно си ја купив, (околу 200 стр. е) најдов преку 30 печатни грешки ! Не е премногу ?? :tmi:
    Поради таа причина знам да купувам книги на срспски, хрватски, преводите се преодлични.
     
  16. ciganka

    ciganka Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    12
    многу често читам
    кога читам се искучувам и ме смирува и кога сум нервозна си земам книга
     
  17. Makeup

    Makeup Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2013
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    50
    Читам многу да не речам премногу :lol: !
    Инаку сакав да прашам можеби ова не е најсоодветното место ама неможев да најдам тема каде би можела да прашам. Дали некој знае во коа книжарница во скопје можам да ги најдам сите книги ( делови ) од Озборвачки ама на англиски бидеки многу се жалат од мк. Кој знае или има идеа ве молам во лп пишете. Благодарам Однапред :)
     
  18. NineTailedFox

    NineTailedFox Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2014
    Пораки:
    213
    Допаѓања:
    157
    Читам секогаш кога имам време. Сакам криминалистика, научна фантастика, трилер, ретко психологија :)
     
  19. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.415
    Пол:
    Женски
    Моментално сум во некоја истражувачка фаза. Најчесто читам книги со факти, некои интересни појави, светски чуда и слично.
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.628
    Читам секакви книги,инаку највеќе сакам психологија.