1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Горјан Петрески

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од I.love.your.lips, 28 март 2012.

  1. scriptgirl

    scriptgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2013
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    1
    А во ,,Снеговите на Климентина Евин'' за што се зборува. Ми кажаа дека е интересна но не ја знам ни содржината
     
  2. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.282
    За една девојка од Охрид, која е одличен ученик и европски првак во пливање... Мислам дека ќе се заљуби во нешто недозволено на крајот од книгата...
     
    На Jay-jay и I.love.your.lips им се допаѓа ова.
  3. Devojka20

    Devojka20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2012
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    53
    Во книгите на Петрески има одлични поуки, мисли... Но ете додека чоек стигне на крајот од книгата, всушност сфаќа дека „таа“ книга е многу монотона... :worried: 2 прочитав и више никад, здодевни ми се, а можеби е и до моите години... Едната од тие две беше Спомените за Споменка.
     
  4. jEwElRy

    jEwElRy Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2013
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    244
    Значи единствен е! :D . Кога и да почнам да читам некое негово дело, се внесувам во книгата, почнувам да си фантазирам :$ . Најмногу ја сакам Споменка. Наубава ми е некако. Можеби затоа што е прва книга што сум ја прочитала од него. Исто така и Снеговите на Климентина Евин, Марта, Сама, Далечна љубов, Спомените за Споменка, Сонот со Споменка. Ама I дел од Споменка-Споменка е едниствен. :inlove: . Кога ќе дојдам на крајот мислам дека сум го изгубила најоглемиот пријател, и ајде пак од почеток.

    Една наставничка има зборувано за неговата лектира Снеговите на Климентина Евин, каде што, како што вели таа, имало знаци на педофилија. Кога го прочитав ова, оваква ставав => :envy: . Значи стварно не разбирам. Човекот се труди да продре во сржта на тинејџерите, да ги натера да читаат... А на крајот, Климентина сфаќа дека тоа не било љубов, туку огромна почит кон својот наставник. Толку.
     
  5. Milky.Way

    Milky.Way Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2013
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Женски
    Ги имам прочитано:
    "Исти очи"
    "Марта"
    "Снеговите на Климентина Евин"
    "Сама"
    Планирам да ги читам:
    Споменка
    "Задоцнети писма од Споменка"
    Сонот со Споменка

    Многу добар писател за нас тинејџерите. Единствена замерка ми е што некои од книгите (што јас ги имам прочитано) му се повторуваат описите на главните ликови. Пример во ,,Снеговите на Климентина Евин'' се работи за девојка која е добра ученичка, спортува, исто и во ,,Марта" девојката е со ист опис и во Сама.
    Сепак мене ми е еден од омилените писатели.
     
  6. Lella

    Lella a blasphemous bitch Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.287
    Допаѓања:
    28.785
    Пол:
    Женски
    Ми останаа ѕште 2-3 книги од легендава да прочитам.. :D
    Причитани ми се: Споменка, Спомените за Споменка, Сонот со Споменка, Марта, Бојан, Исти очи, Снеговите на Климентина Евин, Сама итн. Ми останаа Рано дојде љубовта, Вечниот ветар (обавезно ќе ја прочитам) и Далечна љубов.

    Библиотекарката рече дека Рано дојде љубовта од овие 3 е најнеинтересна, но сепак ќе ја прочитам.
    Всушност таа рече дека во неа се спомнувале многу животни, а јас не сакам во книгите описи на природата и така. :rofl:
     
  7. smurffi

    smurffi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    378
    Пол:
    Женски
    Дел од најубавите тинејџерски книги ги има тој напишано..:)
     
  8. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.192
    Допаѓања:
    123.792
    Бидејќи гледам дека има многу читателки на Горјан ПетреВски, ми текна дека пред некое време некоја Илина која била профероска на факс го избрука ептен, во смисла дка пишува еротски книги за деца.
    Да не ви прераскажувам, еве го нејзиниот текст
    http://www.scribd.com/doc/126369204/%D0 ... 0%88%D0%90

    Не знам дали вие ке се сложите со неа, јас секако не од причина што нејзин предлог за замена на оваа книга е Лолита.
    Сепак, еве што кажаа и останатите критичари на нејзиниот осврт.
    http://molnja.wordpress.com/2013/02/16/ ... %98%D0%B0/

    Па, што мислите? Држи вода?
     
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.747
    Допаѓања:
    65.195
    Пол:
    Женски
    Бре, бре, што плукање дала женава.
    Јас можам да кажам од сопствена гледна точка бидејќи книгата ја читав на таа возраст, 13 или 14 и морам да кажам дека се пронајдов во голем дел, впрочем, многу девојчиња на таа возраст поминуваат низ истото, чувствата се мешаат, допрва се раѓаат, не може да се разграничат. Но книгава воопшто не ја сфатив во ова светло, како дотичнава што ја исплукала, токму спротивното. Се идентификував со Климентина и нејзината љубов и ми беше многу полесно да поминам низ тој период.
    А оваа како ги претставила работите, ги извитоперила, ги гледа низ призмата на нејзиниот изопачен ум што останав без зборови.
    …ЌОР-ФИШЕК РЕЦЕНЗИЈА… …или за писанијата на професорката што соблекува „твитерки“?

    Видела жабата како го потковуваат коњот па и таа ја кренала ногата! Професорката Илина Јакимовска видела дека нашите книжевни критичари (ги има ли!?) ништо не пишуваат, па си рекла зошто таа да не рецензира книги! И, веднаш ја зела на нишан „Снеговите на Климентина Евин“ на Горјан Петрески, но не да ја анализира од книжевно-естетски аспект, бидејќи за такво нешто очигледно не е поткована, туку – да ја забрани! Па, „професорски“ строго заповеда: „оваа лектира за седмо задоволува доволно услови за да биде отстранета од наставните програми“. Бре, бре!

    А, зошто токму оваа книга да се отстрани од наставните програми!? Е, тука професорката Илина Ј. паѓа на критичарскиот испит. Бара аргументи кај што ги нема, а нуди факти што не се тоа. Имено, уште на почетокот од нејзината ќор-фишек рецензија, за да каже што е вредно за лектира наведува дека „со радост се сеќава“ на „нејзините“ лектири: Приказни по телефон, Малиот принц, Зоки Поки, Волшебното самарче, Сенката на Питер Шлемил, Старецот и морето… Значи, тоа што и’ било лектира на професорката, треба да им биде и на денешните деца.

    И откако во лит дидактичко-моралистички стил со (туѓи!) ќори фишеци ќе го „нападне“ писателот Горјан Петрески дека е „опасен“ за четиринаесетгодишните осмооделенки (каква што е Климентина Евин, главниот лик од „нападнатата“ лектира), професорката „критичарка“ во својот (нарачан!) памфлет ќе финишира со препораката дека наместо оваа (опасна!) лектира, на нашите ученици треба да им се понуди (безопасната!) Лолита на В. Набоков.

    Е, па професорке, несудена критичарке, вака стојат работите: уште во 1999 година специјален тим на Modern Library состави список од сто најлоши книги на дваесеттиот век. Во тој необичен „Клуб 100“, меѓу другите книги се најдоа и „твоите“ препорачани лектири Старецот и морето на Е. Хемингвеј и Лолита на В. Набоков! Кои други дела и автори се застапени во ова рангирање професорката „критичарка“ може сама да провери (списокот е објавен во „The Independent“ од август 1999 г.).

    Бидејќи очигледно милува да соли памет и да препорачува, еве и за професорката Илина Ј. една препорака: Изборот на лектирите нека остане во надлежност на образовните институции, а Илина Ј. нека продолжи да „соблекува твитерки“ и да прави календари со разголени девојки (божем за хуманитарни цели)! Повеќе од сигурно е дека со разголен „Твитеркалендар“ (за 2013 година) професорката ќе придобие многу повеќе приврзаници отколку што некој ќе поверува на нејзината ќор-фишек рецензијата со која залудно се обидува на еден врвен македонски автор да му припише „потсвесни еротски фантазии“. Горјан Петрески е автор со сите нишани; одамна докажан, потврден, омилен, почитуван, еден од најчитаните…

    Ех, професорке, професорке, патем не заборавај и на предупредувањето на чичко Фројд дека моќта на потсвеста е мошне опасна работа. Погледни го уште еднаш твојот „твитер“ календар и ќе се увериш дека е така.

    Гале Корчановски
    http://www.femina.mk/out/?id=4d529000c9 ... 8%D0%B0%2F
    Со последниот дел апсолутно се сложувам.
     
  10. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.192
    Допаѓања:
    123.792
    Хаха, да последното ја наведува дека е лезбејка :) И јас кога прв пат ја прочитав, си помислив, леле колку сум јас перверзна и болна, и овој каков манијак е што пишува за вакви разврати и манипулира...ЗНачи од памет се извадив. Ми идеше јавно да го избламирам човекот, бидејќи повие теми се многу осетливи.
    Среќа, прочитав малу покасно кога веќе беа појавени и критиките на нејзината критика па ги видов идругте страни на приказната, па се соземав.
    Значи, како може една ситна работа да те изманипулира, човече.
    А за Твитеркалендарот... Не поддржувам голотија на анонимки за хуманитарни цели.
     
  11. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Писател кој најдобро ги опишува тинејџерските маки, јадови, љубови и мечти.
    Книгите му се многу слични, некако слична тематика обработуваат, ама така се идеално створени за деца на некои си 14-ина години, мераци!
    Сум читала повеќе негови книги, ама Марта, како и на многумина, ми остави најсилен впечаток. Преубава книга која секој треба да ја прочита, а мислам дека не би било лошо и другите негови дела да ги вметнат во програмата како задолжителни лектири, не само од литературен аспект, туку и од психолошки. Учениците на таа возраст живеат во таков некој замислен свет, добро би им дошла малку доза на реалност.
     
    На Thallia му/ѝ се допаѓа ова.
  12. kate-pp

    kate-pp Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    135
    Пол:
    Женски
    Моите тинејџерски години, периодот од 6 до 8, дефинитивно го одбележа овој наш писател. Горјан Петрески е писател за кој имам неверојатно мислење. Писател кој најдобро ги разбира тинејџерите. Ги претставува толку реално, што секогаш сум се пронајдувала во неговите дела.
     
  13. Mahidevranfan

    Mahidevranfan Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    2.063
    Пол:
    Женски
    Јас ја имам Рано дојде љубовта, според убавиот насловот почнав да ја читам, но во првата глава имаше за животни, за снег и ја разгледав цела книга и се спомнува за животни, како басна некоја и ми се одмили :lol: .. И не ја прочитав книгава :D
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  14. katerina222

    katerina222 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2011
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Женски
    Го обожавам.. Прексрасен писател, посебен впечаток ми остави неговото дело Марта


    И една поправка :!: Бојан не е од Горјан Петрески туку од Глигор Поповски, баш вчера ја дочитав,прекрасна книга..
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Thallia

    Thallia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2013
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    18.795
    Имам во темата “Омилени книги од детството“ кажано дека јас пораснав со книгите на Горјан Петревски и дека многу ги сакам неговите книги.
    “Марта“, “Споменка“, “Снеговите на Климентина Евин“, “Исти очи“... секоја од овие книги ми е прочитана најмалку 2-3 пати и секој пат, во секое негово дело и со секој лик се соживував како да го читам по прв пат.
    Марта и Климентина Евин, како ликови ми оставиле силен впечаток, а и бабичката на Климентина исто така ја паметам како карактеристичен и впечатлив лик од тоа дело.
     
  16. Lella

    Lella a blasphemous bitch Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.287
    Допаѓања:
    28.785
    Пол:
    Женски
    Упсии.. :$ Сум ја збркала. Зашто сличен стил на пишување имаат затоа сум ги смешала. Да, преубава е книгата. Инаку од пред 2 месеца ја прочитав и Вечниот ветар, не е нешко особено како Споменка или Марта, ама сепак е убава како секоја негова книга. :) :inlove:
     
  17. Femina777

    Femina777 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    534
    Допаѓања:
    236
    Скоро сите сум ги читала од Горјан Петрески и многу се убави :)
     
  18. sunshine456

    sunshine456 Нов член

    Се зачлени на:
    9 мај 2014
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Итно ми е!!

    ве молам ако некој ја има кратката содржина од исти очи или телефонот е во прекин нека каже во коментар за утре ми е ве молам :/ ♥♥
     
  19. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Сум ги читала неговите книги во основно. Најголем впечаток ми остави неговата книга Споменка, пак би ја читала :).
     
  20. Mahidevranfan

    Mahidevranfan Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    2.063
    Пол:
    Женски
    Го обожавам човеков! Толку убаво во неговите книги ни се опишани нашите, тинејџерски години. Уживам додека му ги читам книгите. Во книгата „Сонот со Споменка“ се заљубив :angel:
    Имам неколку негови книги со посвета и автограм :$