ТЕМА: Горјан Петрески

Мислење 11 Ное 2013, 17:48

Писател кој најдобро ги опишува тинејџерските маки, јадови, љубови и мечти.
Книгите му се многу слични, некако слична тематика обработуваат, ама така се идеално створени за деца на некои си 14-ина години, мераци!
Сум читала повеќе негови книги, ама Марта, како и на многумина, ми остави најсилен впечаток. Преубава книга која секој треба да ја прочита, а мислам дека не би било лошо и другите негови дела да ги вметнат во програмата како задолжителни лектири, не само од литературен аспект, туку и од психолошки. Учениците на таа возраст живеат во таков некој замислен свет, добро би им дошла малку доза на реалност.
Аватар на корисникот
Hipica

Виолетово цветче
 
1053717022
Мислења: 13749
Зачленет: 31 Дек 2009, 00:34
Локација: Таму кај што топол ветер прави плетенка од моите кадрици.

Мислење 22 Ное 2013, 22:31

Моите тинејџерски години, периодот од 6 до 8, дефинитивно го одбележа овој наш писател. Горјан Петрески е писател за кој имам неверојатно мислење. Писател кој најдобро ги разбира тинејџерите. Ги претставува толку реално, што секогаш сум се пронајдувала во неговите дела.
Аватар на корисникот
kate-pp

Сино цветче
 
12678
Мислења: 429
Зачленет: 31 Јул 2012, 12:09

Мислење 23 Ное 2013, 13:21

Lella напиша:Ми останаа ѕште 2-3 книги од легендава да прочитам.. :D
Причитани ми се: Споменка, Спомените за Споменка, Сонот со Споменка, Марта, Бојан, Исти очи, Снеговите на Климентина Евин, Сама итн. Ми останаа Рано дојде љубовта, Вечниот ветар (обавезно ќе ја прочитам) и Далечна љубов.

Библиотекарката рече дека Рано дојде љубовта од овие 3 е најнеинтересна, но сепак ќе ја прочитам.
Всушност таа рече дека во неа се спомнувале многу животни, а јас не сакам во книгите описи на природата и така. :rofl:

Јас ја имам Рано дојде љубовта, според убавиот насловот почнав да ја читам, но во првата глава имаше за животни, за снег и ја разгледав цела книга и се спомнува за животни, како басна некоја и ми се одмили :lol: .. И не ја прочитав книгава :D
Аватар на корисникот
Mahidevranfan

Сино цветче
 
4801010
Мислења: 349
Зачленет: 04 Мар 2013, 21:47
Локација: Зад Пурпурните планини

Мислење 24 Ное 2013, 18:06

Го обожавам.. Прексрасен писател, посебен впечаток ми остави неговото дело Марта


Lella напиша:Ми останаа ѕште 2-3 книги од легендава да прочитам.. :D
Причитани ми се: Споменка, Спомените за Споменка, Сонот со Споменка, Марта, Бојан, Исти очи, Снеговите на Климентина Евин, Сама итн. Ми останаа Рано дојде љубовта, Вечниот ветар (обавезно ќе ја прочитам) и Далечна љубов.

Библиотекарката рече дека Рано дојде љубовта од овие 3 е најнеинтересна, но сепак ќе ја прочитам.
Всушност таа рече дека во неа се спомнувале многу животни, а јас не сакам во книгите описи на природата и така. :rofl:

И една поправка :!: Бојан не е од Горјан Петрески туку од Глигор Поповски, баш вчера ја дочитав,прекрасна книга..
Последна редакција: Gordana10 на 25 Ное 2013, 00:48; редактирано еднаш.
Причина: Не испраќајте две мислења едно по друго.Доколку сакате да го дополните постот, редактирајте го.
Аватар на корисникот
katerina222

Сино цветче
 
6412
Мислења: 262
Зачленет: 29 Сеп 2011, 14:45
Who am I? That's the secret I'll never tell. You know you love me! xoxo

Мислење 24 Ное 2013, 22:24

Имам во темата “Омилени книги од детството“ кажано дека јас пораснав со книгите на Горјан Петревски и дека многу ги сакам неговите книги.
“Марта“, “Споменка“, “Снеговите на Климентина Евин“, “Исти очи“... секоја од овие книги ми е прочитана најмалку 2-3 пати и секој пат, во секое негово дело и со секој лик се соживував како да го читам по прв пат.
Марта и Климентина Евин, како ликови ми оставиле силен впечаток, а и бабичката на Климентина исто така ја паметам како карактеристичен и впечатлив лик од тоа дело.
Аватар на корисникот
Thallia

Зелено цветче
 
674826
Мислења: 787
Зачленет: 10 Окт 2013, 18:29
Локација: In His Heart
Слика

Мислење 25 Ное 2013, 17:27

katerina222 напиша:Го обожавам.. Прексрасен писател, посебен впечаток ми остави неговото дело Марта


Lella напиша:Ми останаа ѕште 2-3 книги од легендава да прочитам.. :D
Причитани ми се: Споменка, Спомените за Споменка, Сонот со Споменка, Марта, Бојан, Исти очи, Снеговите на Климентина Евин, Сама итн. Ми останаа Рано дојде љубовта, Вечниот ветар (обавезно ќе ја прочитам) и Далечна љубов.

Библиотекарката рече дека Рано дојде љубовта од овие 3 е најнеинтересна, но сепак ќе ја прочитам.
Всушност таа рече дека во неа се спомнувале многу животни, а јас не сакам во книгите описи на природата и така. :rofl:

И една поправка :!: Бојан не е од Горјан Петрески туку од Глигор Поповски, баш вчера ја дочитав,прекрасна книга..

Упсии.. :$ Сум ја збркала. Зашто сличен стил на пишување имаат затоа сум ги смешала. Да, преубава е книгата. Инаку од пред 2 месеца ја прочитав и Вечниот ветар, не е нешко особено како Споменка или Марта, ама сепак е убава како секоја негова книга. :) :inlove:
Аватар на корисникот
Lella

Жолто цветче
 
18963567
Мислења: 1771
Зачленет: 02 Јан 2013, 23:07
Локација: На лулашка под облак ♡
Мαybe it'ѕ nσt αbσυt тнє нαρρy ending。 Mαybe it'ѕ αвσυт тнє ѕtσry

Мислење 30 Ное 2013, 23:06

Скоро сите сум ги читала од Горјан Петрески и многу се убави :)
Аватар на корисникот
Femina777

Зелено цветче
 
208202
Мислења: 510
Зачленет: 21 Јун 2013, 14:30
One old song.A thousand old memories.

Мислење 03 Јун 2014, 15:40

ве молам ако некој ја има кратката содржина од исти очи или телефонот е во прекин нека каже во коментар за утре ми е ве молам :/ ♥♥
sunshine456

Фем почетничка
 
10
Мислења: 5
Зачленет: 09 Мај 2014, 17:01

Мислење 10 Јун 2014, 16:20

Сум ги читала неговите книги во основно. Најголем впечаток ми остави неговата книга Споменка, пак би ја читала :).
Аватар на корисникот
SnowWhite8

Зелено цветче
 
572557
Мислења: 717
Зачленет: 25 Јул 2012, 23:56
Умре мојата почит кон тебе , прими мое сочуство!

Мислење 13 Јун 2014, 20:25

Го обожавам човеков! Толку убаво во неговите книги ни се опишани нашите, тинејџерски години. Уживам додека му ги читам книгите. Во книгата „Сонот со Споменка“ се заљубив :angel:
Имам неколку негови книги со посвета и автограм :$
Аватар на корисникот
Mahidevranfan

Сино цветче
 
4801010
Мислења: 349
Зачленет: 04 Мар 2013, 21:47
Локација: Зад Пурпурните планини

Врати се на Литература и уметност

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: Cvetetto и 11 гости