1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Горјан Петрески

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од I.love.your.lips, 28 март 2012.

  1. Emilia.Attias

    Emilia.Attias Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    909
    Допаѓања:
    575
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно најдобриот писател! :)
    Секоја чест на овој добродушен човек кој знае што сакаат најмладите.Споменка, Марта, Сама, Исти очи...ми се незаборавни лектири. :inlove: Во нив се е толку прекрасно опишано, доловено за да стигне до нашите срца, за самите ние да го почувтвуваме тоа. Едно големо благодарам до најдобриот писател на овие, а според мене на сите времиња. :*
     
  2. WaffleGirl

    WaffleGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2014
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    1.046
    Го делам потполно истото мислење :mm:
    Како што знам,татко ми го знае лично па се надевам дека можеби ќе го видам во живо некој ден! :emo: :hai:
     
    На Emilia.Attias му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Ondula

    Ondula Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2014
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    1.044
    Пол:
    Женски
    Ги имам прочитано Марта и трите дела од Споменка и ми се допаѓаат. Го имам и запознаено. :)
     
  4. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Кај нас Горјан беше редовен гостин во школо, носеше книги, па ги купувавме и ни ги потпишуваше.
    Нé собираа сите во свечената сала, тој читаше извадоци од книгите, а ние можевме да му поставуваме прашања. Јас се сеќавам дека го прашав кое е вистинското име на Споменка и дали некогаш повторно ја сретнал. А тој ми одговори дека нејзиното име никогаш не го открива и дека после многу години ја сретнал пак, заедно со нејзината ќерка.
    Не се сеќавам точно кои негови книги ги имам прочитано, ми текнува на Марта, Снеговите на Климентина и Споменка. Се сеќавам само на дејствието во Марта, на другите не ми текнува. Овие три ги имав дома до пред некое време, ама сега се кај најмалата братучетка. На неа ѝ дојде редот да учи од нив :) Книгите му се идеални за таа возраст, со прекрасни описи и многу убави поуки.
     
    На Ketchup, Someonespecial, Sunshine.Sunshine и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Shay

    Shay Активен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2014
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    10
    Дефинитивно најомилен македонски писател!
    Многу ми се допаѓаат неговите книги, посебно "Исти Очи". Ги имам прочитано Марта, Споменка, Пролетни дождови, Снеговите на Климентина, Сама. Сите книги ми имаат оставено прекрасен впечаток. Навистина се неверојатни. Од нив може да се извлечат многу поуки.
    -"Првата љубов е слична на првиот снег:ретко некогаш останува". Оваа реченица ми остана во најголем впечаток од книгата Споменка.
     
    На Angelinkka и Mahidevranfan им се допаѓа ова.
  6. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.995
    Морам да признаам дека Марта и Споменка ме воодушевија и ги прочитав во еден здив. Ама како читав повеќе негови книги, ми стануваа досадни и едноличи. Мислам во сите книги главните ликови се совршени тинејџери, убави, талентирани, што учат и се обожувани од сите околу нив, ама тие се добри и секогаш се воздржани и никогаш не повредиле никого, нормално имаат и ривали и се заљубени во некој и не сакат да признаат. И секогаш во книгите има неккои мудрости за љубовта, за животот, и слч, мене тие работи едноставно не ми меа и на ми се интересни, ама имав соученички што која ги читаа книгите, беа заљубени и многу се пронаоѓаа во нив.Мене омилени ми се Марта, Споменка, и Исти Очи. :emo:
     
  7. abcd11

    abcd11 Активен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2014
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    8
    може некој да напише кратка содржина за Сама? :angel:
     
  8. sanie

    sanie Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    22
    Здраво дали некој ќе сака да ми ја испрати книгата Сама онлине ако ја има ,или пак раскажана :)
     
  9. Ana Marija 1

    Ana Marija 1 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 април 2015
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    9.914
    Пол:
    Женски
    А толку ли е тешко да ја земете книгата од библиотека и да ја прочитате? Жално е што секогаш го барате полесниот пат и не ги читате дури ни задолжителните лектири!
     
    На Someonespecial, cresa-jagoda и Lella им се допаѓа ова.
  10. DarkoTrajkovik

    DarkoTrajkovik Нов член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2016
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Ја има ли некој прераскажано лектирата "Исти Очи" ми ја треба за утре , јас ја земав и почнав да ја читам но нема да можам да ја прочитам. Благодарам однпаред .
     
  11. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.534
    Пол:
    Женски
    Кога во последен момент земате да ги читате, нормално дека нема да успеете да ги прочитате.
    А прекрасни книги се.
     
    На Angelinkka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.088
    Допаѓања:
    163.456
    Пол:
    Женски
    ^^Абе, деца... сѐ, сѐ, ама и за овие книги да ве мрзи да ги прочитате и да барате прераскажана содржина по форуми... стварно е жално и срамно.
    Сите книги на Горјан Петрески му се прекрасно отсликување на тинејџерскиот живот, полни со емоции и поуки... вистинско воведување во љубовта кон пишаниот збор и понатаму во подоцнежните години :)
     
    На Ketchup му/ѝ се допаѓа ова.
  13. #Пепи

    #Пепи Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2016
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    351
    Пол:
    Женски
    Дечки подобро е да ги читате книгите, не само за да знаете на час или да ја прераскажете во тетратка, туку за да си го збогатите речникот, да извлечете поука и ако не другобарем да си го пополните времето корисно место да чмаете на фб :)
     
  14. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    4.575
    Допаѓања:
    48.895
    Пол:
    Женски
    Ми беше омилен писател во детството. Сите негови книги што беа издадени дотогаш ги имав прочитано.
    Вечниот ветар ја имам со посвета.
    Имаме заеднички познаник и еднаш се сретнавме случајно во градски парк. Колку ми беше срам и колку бев среќна тогаш хаха.
    Книги што ги имам прочитано:
    Таткова прва љубов
    Споменка
    Задоцнети писма до Споменка
    Марта
    Снеговите на Климентина Евин
    Далечна љубов
    Исти очи
    Вечниот ветар
    Сама

    Застанав после Сама, пораснав.
    Памтем кога идев во библиотека да земам книга, додека чекав женичката да ми ја донесе од позади книгата, молев бога да не е издадена моментално. :rofl:
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Hristinaaa8

    Hristinaaa8 Активен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Ja ima li nekoj preraskazano Spomenka?
     
  16. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.537
    Допаѓања:
    6.306
    Пред некое време ги најдов дома Споменка, Марта и Снеговите на Климентина Евин, и сите повторно ги прочитав, ме интересираше какви чувства ќе ми побудат сега, после толку години. :)
    Марта, сепак ми е сеуште најомилена, и го памтев дејството и на некој поразличен, поинтересен начин е пишувана од другите две. Ама некако сите книги му се исти, главниот лик е секогаш примерно девојче/момче, паметно, посветено на училиштето, најдобар фудбалер/музичар итн... Па и дејствието не е нешто поразлично, ама на таа возраст книгиве знам дека ми беа врвот. :D

    Само, мислам дека човеков се преценува, зошто во секоја книга има предговор од него по 10 страни, во кој се фали како книгите многу му се читани, во колку изданија излегле, децата како го сакале и му пишувале писма... И не сакам да звучам нескромно, ама нескромен сум јебига. :D Па тука, извадоци од писмата, што можеби децата што му ги пратиле не ни сакаат да бидат објавени...
    Во секој случај подобра литература за децата, отколку Лајла Грејс. :)
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.