Бидејќи во темата ''Последна прочитана книга'', знаеме да забегаме и да напишеме, моментално ја читам таа и таа книга, решив да направам посебна тема во која што ќе можеме да напишеме која книга/ роман го/ја читаме моментално и критики за истиот/истата. Јас моментално ја читам Оркански Височини. Ах Кети, Кетерин, ѓавол жена.
Паднати ангели од Нора Робертс. По препорака на библиотекарката. Не би знаела што повеќе да напишам за книгава, пошто на сам почеток сум.
^Убава книга Хипи Кога ќе ја читаш ќе ти замириса на јадењата што се готват во гостилницата ** Јас почнав да ја читам Ана Каренина од Толстој. Мислам дека на самиот почеток се изгубив. Ако романов е полифоничен (а верувам дека ќе е таков бидејќи е ооообемен).. ауч!
Вероника реши да умре-Пауло Коељо а ана каренина е преубава,два пати ја имам читано и трет пат би ја чита ла
City of bones-Michael Connely.На англиски ја читам и затоа само со речникот во рака сум ,ама ептен се учи вака.Иначе е крими-роман и изобилува со тензија и напетост.
Моментално ја читам Шагринска кожа од Оноде Де Балзак. Сеуште сум на почеток, ама според тоа што го прочитав мислам дека ќе ме воодушеви, исто како што ме воодушевиле и другите негови книги.
Моментално ја читам Ана Каренина, првиот дел. Си ја купив кога одеше со весник, 20 денари беше. Иако не ја сакам многу руската книжевност си реков сигурно вреди да се има прочитано нешто од Толстој. Па се надевам ќе ми се допадне
„Insomnia“ од Димитрие Дурацовски Книгава е како еден дневник на авторот воден во времетраење од една година. Ама некако е... некако.
Вчера почнав да ја читам Толкување на убиство..книгава е направена за мене..совршен спој на психологија,убиства, мистерии, секс...Сите случувања поврзани со Зигмунд Фроид,Јунг и Ференчи се вистинити, додека убиствата се измислени од авторот кој пишува во прво лице и е американски психолог кој ги запознава европскиве психолози и заедно ги решаваат убиствата со помош на теориите на Фроид..едноставно прекрасна книга.