Илјада неверојатни сонца од Калед Хосеини. Преубава е книгата ...не можам да ја оставам , секаде ја носам со мене !
Книга без наслов од Непознат автор. Запнав малку на книгава... Преводот е ужасен, не знам од кога не сум налетала на вака ужасен превод. Сам да си ги склопуваш речениците, напред назад, да видиш на кого се мисли... А книгава спаѓа во оние глупи, иритирачки книги, ама едноставно мораш да стигнеш до крајот, иако знаеш дека ќе биде глупав.
Снеговите на Климентина Евин - Горјан Петревски Па, мене баш не ме воодушевуваат ваков тип на книги Стално едно та исто Баба Ева онаква, баба Ева оваква .. Ај, можеби понатаму ќе е подобра ..
Хаха рејбоу според насловот на книгата, може и не е до преводот, може едноставно авторот така ги склопувал речениците и ние преведувачите, мораме да туркаме цело време, некад ќе потпомогнеш а секогаш не можеш. морав малку во одбрана на преведувачите,не е навистина секогаш до преводот некад е до стилот на пишување на авторот.
Во овој случај преведувачите не се за бранење. Многу грешки, непотребни запирки што ја пореметуваат смислата, употребување на нелитературни зборови, мешање на времиња... Ни лектурата не е како што треба. Тотална утка. Башка што и книгава си е чудна, затоа требало повеќе внимание на преводот да се обрне.
Ауу, како бе? Мене Горјан Пeтревски ми е еден од најомилените писатели. Инаку, книгава е мноогу убава, и мене на почетокот (самиот почеток) ми беше малку досадничка ама понатаму е многу поубава. Вреди да ја прочиташ, па кажи ни после впечатоци.
Секси, право да ти кажам, до 23 страна сум, уште не ја ни имам започнато книгата. За книгава искрено има повеќе негативни критики отколку позитивни, и на самата корица пишува коментари од некои французи или незнам ти кои што негативно ја оценуваат. Ама, по она што до сега го заклучив, имам премногу нејасни поими и плус книгава е пишувана на многу повисоко ниво што ние најверојатно неможеме да го сватиме. Сепак, кога ќе ја прочитам (ако воопшто ја прочитам, огромна е ) ќе ти пишам мое мислење за неа.
Па во Македонија, од толку дипломирани преведувачи се дава книга за превод со некој со курс. А веќе толку многу грешки има насекаде, не само во книгите, туку и на реклами, во филмови, во емисии, што незнам до каде може да одиме со кршење на јазикот.
Мајка од Перл Бак Книгава е прекрасна, толку едноставно напишана, но со такви емоции... Секоја страница е уживање
Пурпурен хибискус - Чимаманда Н. Адичи Очекувам добра книга, зашто веќе имам читано книга од оваа писателка и воодушевена сум од нејзиниот стил на пишување
Се согласувам. И мене многу ми се допадна, а викаат дека филмот не бил добар. Само на крај мислев дека ќе спомнат нешто за сестра и, дека ќе се најдат после толку години, ама ништо..