Колку читате онлине книги? Која книга ја имате прочитано онлине? и ако знаете пишете линкови на некои добри книги кои ги има онллајн...
online ја прочитав "11 минути" од Пауло Коељо,на српски.одамна беше и не ми текнува како ја најдов. како и да е,повеќе сум за книга во рака,зашто додека ја читав,се скичмив.ама за тие што имаат лап-топ не е проблем
Имам прочитано многу книги симнати од интернет,но сите на српски.На овие линкови има доста добри книги,ги има скоро сите познати писатели: http://www.baneprevoz.com/e-knjige/ http://www.4shared.com/dir/2509758/d0a4 ... aring.html А нели има ваква слична тема?
Немам читано книга онлине, а не ни сакам искрено..многу е поубаво да си читаш на рака =) да си ја носиш книгата каде сакаш а не на компјутер ем да се скичмиш, ем очи да ти потечат и да ослепеш више.. доста младинава што седиме на компјутер и фејсбук и се..уште книги на јако зрачење фалат поз
Досега немам читано онлајн, а и порадо не би. Ај што би ме заболела глава само да зјапам во мониторов, не е исто чувството да читаш книга на монитор и да ја си држиш в раце, да ти мириса хартијата и да си се милкате.
Не би читала онлајн. Книгата е измислена за да ти седи во скут и да уживаш читајќи ја под кебенце со топло чајче. Не би се изложувала на неколку часовно зрачење и кичмење пред монитор.
Ич не сум за книга во електронска форма, ама се наоѓа кога немаш дома ништо за читање и библиотеките не работат Повелеле https://www.facebook.com/note.php?note_ ... 6272583353
Ја има ли книгата Шагринска кожа - Оноре де Балзак онлине ,ја нема во библиотека а треба да ја прочитам ..
^Книгава на мак. тешко да ја има, на англиски ја има. http://www.gutenberg.org/catalog/world/ ... 5&pageno=2
Онлајн читам само книги на англиски јазик, и тоа оние кои не можам да ги најдам во печатена форма. Читам на оваа страна http://www.readanybook.com/
Припаѓам на онаа група луѓе кои сакаат да читаат но се премногу мрзливи за одење во библиотека така да онлајн книгите ми станаа опсесија во последно време. Е сега онлај читањето неможе да се споредува со книгата в раце но и не е така лошо... бтв. Љубовта за Ана - Иле Милевски случајно да не ја има некаде онлајн? Спојлер се извинувам ако прашувам во погрешна тема...
Внатрешна молитва - Молитва на срцето. - Молитва на душата. - Етерична молитва. - Молитва за здравје.
Девојки да не знаете дали ги има книгите од проектот на владата, преводи на светски познати стручни книги, во електронски издание на некоја страна
Јас обожавам да читам и обавезно читам паралелно една симната книга и една купена или изнајмена од библиотека
Имам прочитано само неколку книги. Кодот на Да Винчи и тоа на англиски, затоа што мислам дека уште не беше преведен кај нас и две од Мисо. Сепак преферирам книги во печатена форма. Болат очи бе луѓе!! Разбравте дека банепревоз е исклучен. Ги стигнаа тужби за авторски права. Штета, ама оправдано во секој случај