Печатена книга или е-книга?

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од KuklickaSk, 30 октомври 2011.

?

Што повеќе преферирате, печатена или е-книга?

  1. Печатена

    10 глас(а)
    71,4%
  2. Е-книга

    4 глас(а)
    28,6%
  1. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Во чекор со технологијата,печатените си имаат свои предности,но ниеден мирис не ми го заменува оној на страниците и незаменливо ми е она чувство на книга помеѓу рацете. :)
     
    На crazylady и eliesaab им се допаѓа ова.
  2. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.003
    Допаѓања:
    12.336
    Пол:
    Женски
    Досега само печатени книги користам,а така и ќе остане понатака.Не знам дали е до мене,ама ниту малку не ги можам е-книгите.Друго е чувството кога ќе ја земеш книгата во раце :!:



    Нема да е лошо да го погледнете видеото.Доста оригинално изработено и изведено.


    http://www.youtube.com/watch?v=jPfThpelv48
     
  3. JustLoveHim

    JustLoveHim Активен член

    Се зачлени на:
    16 август 2014
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    2
    Печатена...Оној мирис на страниците на печатената книга ништо неможе да ги замени ... Обожавам да читам :inlove:
     
  4. sweetyB

    sweetyB Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    79
    Дефинитивно печатена книга, не затоа што е многу подобро за читање отколку да седнеш пред компјутер и да читаш, туку затоа што кога ја држиш книгата која што ја сакаш многу, како да те обзема некоја магија, го слушаш звукот кога ги вртиш страниците... Мирисот кој те привлекува и чувството кога ќе ја ставиш книгата на полицата во твојата домашна библиотека... Тоа е она што е - книгите не можат да ни го дадат! :)
     
  5. Fatalnata

    Fatalnata Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2014
    Пораки:
    1.451
    Допаѓања:
    8.673
    Пол:
    Женски
    Јас сум повеќе од оној тип кој преферира печатена книга. Мирисот на книгата, на страниците ми е посебен. А искрено паѓам на добра корица, може и во најголем број случаи корицата е одлучувачка при изборот на книга. Абе сакам нештото да е конкретно и да го држам во раце хехеххе
     
  6. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.834
    Печатена бидејќи ми е напорно читање од лаптоп.
    Е сега слушнав дека киндл не бил напорен за очите, а многу е практично да имаш сешто нешто да читаш каде и да одиш, и да не влечеш книги еден куп ако одиш на подолго, па од тие практични причини сакам да земам киндл. А и поефтино ќе излегува.
    Инаку книга си е книга. И сакам да ги видам поредени на полиците, најубав призор во станот ми се.
     
  7. MermaidKiky

    MermaidKiky Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2013
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    221
    Пол:
    Женски
    Печатена книга секако :) Читам и на интернет ама сепак ништо неможе да го замени мирисот на некоја нова книга хехе :lol:
     
  8. BelieberYeahh

    BelieberYeahh Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2013
    Пораки:
    1.448
    Допаѓања:
    2.208
    Пол:
    Женски
    Печатена дефинитивно.
     
  9. barbiegirl.24

    barbiegirl.24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2014
    Пораки:
    804
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    Печатена книга секако, со топол чај, умотана во ќебе, заборавам буквално на се и уживам во секоја прочитана страна.:inlove:
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  10. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    Samo pecateni knigi iako se poskapi i zafakaat mesto.
    Sum probala da simnam kniga od internet, ne e toa toa. Kniga od 486 st. bese postirana na 120st.
    Nema toa nikakva vrska so realnosta. Zatoa nekoj luge citaat kako masini.
    Bi ja napomenala Befor I go to Sleep. Citav kritiki na femina club za knigata, nekoj luge voopsto ne ni ja svatile poentata, citajki od pomalku od skripta.
    E-book no ako e kupena za pari kade site stranici se na broj, do nekade ok. No sepak za mene only paper book is book.

    Eve eden izvadok "Books don't run out of batteries or malfunction, but reading devices can store thousands of ebooks in multiple formats. So where do you land? Does the feel and weight of a proper book make the reading experience more enjoyable? Or do you relish in the Bradburian nightmare of all digital reading?"

    Za kogo kako, I am the paper book lover.
     
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.060
    Допаѓања:
    66.787
    Пол:
    Женски
    Апсолутно не си во право. Ние што го читавме изданието на киндл имаше 368 страници, издадено од Doubleday и не беше никаква скратена верзија. Не знам ти што симнуваш и каде гледаш, ама ниту една од книгите не била помала, ниту пак лично јас тие што ги читам се скратена верзија. Сите изданија можат да се најдат на Goodreads и да се видат колку страници имаат. Има и печатена верзија од Before I go to sleep која е помала од електронската, има 359 страници. Така што ништо од кажаново не ти држи вода.;)
    Ако си имала поинакво гледиште за книгата слободно можеше да пишеш мислење во темата. Книгата убаво ја искоментиравме и кажавме кој што мисли за неа. Така што ова дофрлање од страна, како некои луѓе не ја сфатиле книгата исто не држи вода.
     
  12. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    @toogood не знам зошто таков впечаток ти оставиле е-книгите, јас еве толку време читам електронски книги, никогаш не сум налетала на скратени верзии :?: Единствено некогаш налетувам на делови од книги, на пример дадени се само првите неколку поглавја, чисто колку да видиш дали би те заинтригирала книгата за да ја купиш. Конкретно за Before I Go To Sleep, ако си ја симнала од линкот поставен во клубот, те уверувам дека не било скратена верзија. Што се однесува до бројот на страници, ако ја листаш книгата во pdf, не можеш да очекуваш дека ќе има исто толкав број страници како печатената, бидејќи печатените книги не се во А4 формат.
    Никој не сака да чита скратени книги, верувај. А кога сме кај печатените, знаеш ли дека има скратени верзии на печатените книги? Кај нас еве Ѓурѓа објавува скратени верзии, некои странски издавачки куќи исто така објавуваат скратени верзии, наменети за учење англиски.
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  13. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    Тоа е моето мислење.
    Секој тука може да се искаже.
    Јас лично не употребив ничие име, ќе се пронајде самиот.
    Уште еднаш да повторам, ако не ги платите книгите, не ни очекувајте да добиете цела книга.Кој е тој што ви дал книга за без пари?
    Мене лично, до сега,во мојот живот никој ништо не ми дал for free.
    Се има своја цена.

    Драга моја, јас не напишав никаде дека Befor I go to Sleep има 486 стр.Тоа беше пример за тоа дека има луѓе кои читале скратена верзија, има.Ако не си ти во оваа група, не би требало да испраќаш реплики, во спротивно звучи како да се браниш.
     
    Последна измена од модератор: 20 ноември 2014
  14. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Тоа е исто како филмовите - зар си платила за да симнеш некој филм од zamunda, torrentz, kickass и слични сајтови? :) Или музика - сигурно не ги купуваш песните од itunes, туку ги симнуваш бесплатно преку програмчиња за конвертирање јутјуб линкови и слично. Впрочем, електронските книги кои ги симнуваш for free, се поставени од некој што ја купил книгата, или ја добил бесплатно од кобо, амазон, goodreads. И ти ја симнуваш во оригинална форма.
    Ако добро се сеќавам, се пожали дека The Ocean Between Us си ја нашла во скратена верзија, па ти испратив линк преку лп (истиот што беше поставен во темата) за да ја симнеш целосната. Ја прочита ли? А кога сме веќе кај клубот, уште не сме ја коментирале новата книга, така што еве те поканувам на дискусија за Before I Go To Sleep :) Слободно напиши мислење за книгата и тоа како си ја разбрала, па јас и останатите членови ќе се приклучиме.
     
  15. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    Mozda na Balkanot moze taka da se koristi muzika, filmovi, knigii i sto znam sto, besplatno. Ama vo North Amerika takvo nesto nemoze tuku taka da pravis. Ako te fatat, prvo ke ostanes bez internet, vtoro nema da mozes da se priklucis na drug provajder, zatoa sto nikoj nesaka da go krades, treto i najvazno moze da te kazat na gazdata kade rabotis i se razbira, stom si pokusal da krades tamu ima sansi i nego da go krades. Sigurna sum deka nikoj ne bi sakal da ja zagrozi karierata, od toa leb vadime.
    Jas se izvinuvam ako ne sum razbrala deka nekade moze i bez posledici da se koristi nesto.
    Jas bi sakala da sum del od clubot, no nemozam zatoa sto nekoj od knigite vo momentot gi nema vo knizara, pa treba on line da gi naracuvam, a so toa gubam na vreme da bidam vo tek so vas.
    Fala na pokanata za klabot, jas bi se priklucila odvreme navreme, zasto da ne, ako ja imam knigata doma na polica.
     
  16. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    @toogood не знам каде живееш, можеби не можеш бесплатно да ги симнеш книгите заради тоа. Во секој случај ако имаш електронски читач, добиваш одредени книги бесплатно. За авторските права - сите знаеме какви се, ама и сите знаеме дека кај нас баш и не важат.
    Ако не сакаш да започнеш дискусија во клубот, тогаш барем напиши по некоја забелешка во спојлер во Последна прочитана книга. Ме копка тоа што рече дека поинаку си ја разбрала, баш ме интересира како си ја сфатила :)
     
  17. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.887
    Допаѓања:
    132.524
    Не можам да замислам да сум во автобус и да ачитам кнога на таблет и да ми снема батерија. Ќе си се фрлам одма :) Иначе, сакам да имам милион книги на таблет, ама паниката дека ке ми се изгаси е огромна. Замисли, во најинтересното.
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.060
    Допаѓања:
    66.787
    Пол:
    Женски
    Ова се твои зборови. Што значи дека напомена дека сме читале скратена верзија, што јас ти објаснив дека не е точно.
    Патем, драга, нема некој што да се пронаоѓа, ова е анонимен форум, најди храброст директно во лице да кажеш што мислиш, место вакви ниски инсинуации.
    Убаво ти објасни Ана се за електронските верзии, мило ми е што ти се разјасни, па се надевам ќе дискутираме во клубот за некоја книга кога ќе ја најдеш и ќе имаш време да ја прочиташ.:)
    @Cka апсолутно те сфаќам, читав на таблет книга од Македоника, зашто не може да се симне мора онлајн, а батеријата му е со ептен краток век.|( Ужас, башка очите ме заболеа од дисплејот.
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. osmatetratka

    osmatetratka Активен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    11
    Јас како голем скептик и неодлучник би рекла и двете :)
     
  20. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.739
    Допаѓања:
    21.372
    Пол:
    Женски
    Сум пробала да читам електронски книги, али не е тоа тоа.Умот ми лета на друго место, да проверам сеа на фб шо има, музика ова она и ништо не се гледа од читањето.
    Додека кај печатените книги е сосем различно.Друго е чусвтвото да читаш изолирана од сите електронски уреди.Само ти, книгата и јадење до тебе.Милина.Вртењето на страниците и мирисот се посебна приказна.Нешто што не можеш да го доживееш со читање електронски.
    Да не отворам повеќе вакви теми поврзани со читање, имам оценки за поправање, а радо би се фрлила во топлиот кревет со чајче и некоја убава книга.;(