Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. Buttterfly

    Buttterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    782
    Последна прочитана книга

    Непобедиво срце - Мир Јам

    Класично љубовно романче. Сценарио за шпанска серија :D
    Прво се многу учтиви еден кон друг и не сакаат да си признаат дека се сакаат, тој премногу горд, таа премногу амбициозна .. Посебно последните страници ме тераа да правам ваква фацка = |(
    Толку слатки, медени зборови на едно место .. Се исто - Нино мој, Миомира моја .. |(

    Се на се - добра книга :)
     
  2. Buttterfly

    Buttterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    782
    Последна прочитана книга

    Снеговите на Климентина Евин - Горјан Петревски

    Како што кажав во Моментално читам - не ме привлекуваат ваков тип на книги :)
    Многу нешта не ми се допаднаа.
    Горјан Петревски секогаш своите главни ликови ги претставува скоро совршени, секогаш најдобри, најценети, прерано израснати и тако даље.

    Ќе го ставам наредното во spoiler заради оние што не ја читале книгата - да не го дознаат крајот :)

    Некако, таа блискот меѓу бабата Јаан и Климентина не ми се допаѓаше. Климентина неколку пати ме изнервира со тоа нејзино упорно инаетење кога се работи за мајка и и татко и. Премногу филозофирања за темата љубов со баба и исто ми одеше на живци. Потоа, паметната Ива Жива со нејзините духовити изрази. Толку многу пати се спомнуваше:
    Дали сеуште сум дете? Јас сум сеуште дете. Таа е сеуште дете. |(
    Па, фала богу дека е дете кога има 13 години.
    Еве, крајот на книга ми се допадна зашто конечно сфати дека таа љубов е невозможна.
    И, овој професорот кобајаги многу му бил важнен моралот, а после што направи .. Нц нц |(

    Малку ми е и срам, се чувствувам како само јас да не сум одушевена од првата љубов и тие болки и размислувања за него и само за него.
    Книга ќе ја препорачам на една познаничка/другарка која верувам ќе биде одушевена.
    Таа верува во сето тоа. Има еден куп љубовни тетратки, пати по дечко и .. |(
     
  3. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.307
    Допаѓања:
    41.464
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    Ја завршив Белата Кралица- Филипа Грегори. Ја препорачувам на сите кои сакаат историски книги, а посебно на оние кои се импресионирани од замрасената англиска историја.Јас сум фасцинирана од неа и се трудам на секој можен начин да научам нешто повеќе, па затоа и книгата ми беше прекрасна. Само совет за оние кои планираат да ја читаат да си запишуваат имињата и кој што е бидејки ќе се загубат во лозата :D толку исти имиња има што веднаш забораваш кој е и што е. Цела книга се вртат Ричард, Хенри, Елизабет, Едвард... први втори трети, брат, вујко, чичко, син, крал, гроф, војвода...и каша попара, се губиш на крај.
     
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.050
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    ^За книгата треба и да си поткован малку :) Подобро се разбира кога ја знаеш англиската историја, полесно се следи текот и е поинтересна. Штета што нема преведено и уште нешто од авторкава.
     
  5. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.307
    Допаѓања:
    41.464
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    Секако дека треба :) Јас го гледав филмот, другата Болејн девојка , па потоа го гледав Елизабета Златно доба, и уште неможам да сватам кој од каде потекнува :$ , ама решена сум да научам :)
     
  6. wild.child15

    wild.child15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2010
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    13
    Последна прочитана книга

    Молчи,Молчи - Бека Фицпатрик.Прекрасна книга.Едвај чекам да го прочитам и вториот дел.
     
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.050
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    За што се работи во Молчи, Молчи? Гледам си воодушевена, а јас прв пат слушам за книгава :wasntme:
    Па нормално е да проработи љубопитството :lol:
     
  8. wild.child15

    wild.child15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2010
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    13
    Последна прочитана книга

    Романтичната љубов не беше дел од планот на Хора Греј.Никогаш не и беа привлечни момчињата од нејзиното училиште, без разлика колку нејзината другарка Ви. и ги туркаше во нејзината прегратка.Се додека не се појави Печ во нејзиниот живот.Со неговиот продорен поглед и насмевка.Печ ја привлекува Нора и покрај тоа што разумот и кажува нешто друго.По неколкуте стравични средби,Нора повеќе не е сигурна кому да му верува.Печ се појавува секаде каде што таа оди, и се чини дека знае се за неа.Повеќе дури и од нејзините најдобри другарки.Не знае што да прав.Дали да му се предаде или да избега трчајќи.И кога се обидува да најде одговор на некои прашања, таа ја открива вознемирувачката вистина.Сега таа се наоѓа среде една древна битка меѓу бесмртните и оние кои се паднати- и, кога се работи за бирање страна,погрешниот избор би ја чинело Нора нејзиниот живот.
    Љубовен роман за 16 годишната Нора Греј и Печ Сипријано (кој е паднат ангел). Мене лично многу ме привлекуваат книги со вакви содржини.
     
  9. Buttterfly

    Buttterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    782
    Последна прочитана книга

    Пурпурен Хибискус - Чимаманда Н. Адичи :)

    Не знам од каде да почнам.
    Не знам кој пофален и убав збор прв да го напишам а воедно книгата да не загуби на убавината.
    Толку воодушевувачка книга со толку емоции. Бескрајна убавина на зборот.

    Плачев на размислувањето на таткото.
    Плачев на попустливоста на мајката.
    Плачев на пропуштените моменти на Камибили и Јаја.
    Плачев и за папа-нукву.
    И за бедниот живот на тетка Ифеома, Амака, Обиора и Чима.
    И за прстот на Јаја и за неговата љубов кон цвеќињата.
    И за љубовта на Камбили.

    Плачев за се живо и диво.
    Не знам дали ја оправдувам постапката на мајката. Не знам дали Камбили и Јаја навистина издржале таков напор, таков живот. Не знам дали таткото верник и дедото безбожник некогаш се сакале.

    Но, знам дека и симнувам капа на Чимаманда :bow:
     
    На Springy и LivingGlam им се допаѓа ова.
  10. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    Дафне од Џастин Пикарди

    Не знам како можев да се мислам дали да ја читам.
    Ја прочитав во еден здив, убав стил на пишување, уште поубава приказна.

    Дафне е писателка на 50 годишна возраст која измачувана од секојдневните брачни и семејни проблеми , одлучува да започне книга за Бранвел Бронте, брат на познатите сестри Бронте. Се впушта во потарга по изгубените ракописи, за кои верува дека се фалсификат со постпис на Емили, а всушност се на Бранвел.
    Паралелно тече приказната за една млада девојка во Лондон, тазе но несреќно венчана, која ја спрема својата десертација на тема Дафне.

    Ја препорачувам за сите љубителки на романтичарските новели, за оние кои сакаат мисетерија и оние кои се добро запознаени со творештвото на Бронте.
     
  11. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Последна прочитана книга

    [​IMG]

    Ќерката на мојата најдобра пријателка - Дороти Кумсон

    Ја прочитав во еден здив, не можев да ја оставам книгата додека не го дознав крајот.
    Прекрасна книга, за секојдневниот живот, за пријателството, за неверството, за простувањето..

    Камрин и Адела се најдобри пријателки, живеат заедно и не се двојат една од друга. Камрин има шест годишна врска и токму неколку дена пред свадбата, дознава дека нејзиниот свршеник и нејзината најдобра другарка спиеле заедно.
    Од тогаш таа прекинува секаков контакт со нив, се додека после две години на нејзиниот роденден и стигнува честитка од бившата пријателка во која пишува дека е пред умирање..
    Камрин оди да ја посети Адела во болница и и ветува на својата пријателка дека после нејзината смрт ќе ја посвои нејзината ќерка и ќе ја чува како свое дете.
    Но таа исто така дознава дека ќерката на Адела е всушност ќерка на нејзиниот бивши свршеник..
    Па следуваат многу заплети, стресни ситуации, тага и солзи, но исто така и љубов..

    Ви ја препорачувам да ја прочитате :)
     
    На 1209 и SOVRSENSTVO им се допаѓа ова.
  12. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Последна прочитана книга

    Прекрасна книга и мене многу ми се допадна :)
     
  13. LifeLove

    LifeLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    141
    Последна прочитана книга

    Трчај дома.Прекрасна,тажна и со многу емоции.
     
  14. agi

    agi Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    65
    Последна прочитана книга

    Aманда Квик-Реката знае,им ја препорачувам на сите обожаватели на АК
     
  15. The.Crab

    The.Crab Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    629
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    Големата вода - Живко Чинго :clap:
     
  16. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Последна прочитана книга

    Парите се отепувачка - Ристо Крле
     
  17. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.815
    Допаѓања:
    11.130
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    Вероника реши да умре - Пауло Коелјо
     
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.050
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    Необичен заложник од Таласа Али. Книгава е дефинитивно прекрасна. Се надевам ќе ја најдам Питач пред вратата во библиотека, а третиот дел не знам дали е воопшто преведен. Знае некој? Ќерка на пустината е третиот дел.
     
  19. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Последна прочитана книга

    Никаде без ќерка ми - Бети Махмуди

    [​IMG]

    Само што ја дочитав и сум под многу јаки импресии од книгава, се згрозив од страдањата и маките што ги има преживеано оваа Американска жена во далечната земја Иран каде што општествените норми и однесувања на луѓето се неразбирливи и несфатливи за модерниот и современ свет.

    Бети е мажена за Ирачанец кој долги години живее во Америка и имаат прекрасен брак, но љубовната идила згаснува и нивниот живот се менува од корен, кога тргнуваат на две неделна посета на Иран. Двете недели прераснуваат во месеци, па поминува и цела година откако Бети и нејзината 5годишна ќерка се држени како заложници во домашен затвор.
    Тие двете мора да ги трпат понижувањата, навредите, заканите и физичките силни удари од човекот кој порано бил нивно семејство, но сега е само еден огорчен Ирачанец кој ужасно ги мрази Американците. Во книгата се опишани секојдневните драматични случки од нивните животи и траумите со кои се соочуваат.
    За среќа, на крај силната и храбра Бети успева заедно со својата ќерка да избега од лудиот сопруг и со многу тешкотии, страв и ризик пристигнува на Турска територија, од каде што Американската амбасада и помага безбедно да пристигне во Америка кај своето семејство.

    Книгата е многу драматична, женска приказна раскажана од срцето на една храбра мајка и измамена сопруга. Ви ја препорачувам на сите, сигурна сум дека ќе ви се допадне. :)
     
    На caroline.costa му/ѝ се допаѓа ова.
  20. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.640
    Допаѓања:
    29.261
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга

    Оливиа Џулс и премногу бујната фантазија од писателката на дневникот Бриџит Џонс-Хелен Фиелдинг.
    Одлична книга, мене премногу ми се допадна, не ја оставив додека не ја прочитав :)