Се пишуваат слеано, значи -потенко, попаметно, поубаво, подлакобо итн. Добри примери имаш на овој линк, каде што може да се прочита и за грешките во разделување на суфиксите, од типот: "Сака те вино?"
Фала. Така и јас мислев, ама читајќи тука заприметив дека повеќето пишуваат одвоено, па малку по малку, почнав и јас. Разрешено ми е сега. Спојлер го учам македонскиот веќе седум години, значи не ми е мајчин јазик, мислам дека ми добро оди, освен членувањето со кое се уште имам проблем :/
...Прибидејки... Знам дека темава е за правопис али зборов неописливо ми лази по ганглии. Што им е на луѓево што почнаа зборови да си измислуваат. Сакаат паметни да се направат или што им е проблемот
Во разговорниот јазик можат да се сретнат различни форми кои не соодветствуваат со правописните правила и норми.Секако дека иритира ваквата појава.Претпоставувам дека знаеш што е точно, бидејќи и никако поинаку.
уште нешто: Сакам да јадам торта, ма да и сладолед не одбивам. Мислам дека треба слеано. Сакам да јадам торта, мада и сладолед не одбивам. Грешка сум?
Не ми се веруваше додека читав. Тебе не ти е мајчин јазик, а сепак одлично пишуваш литературно и правописно точно, за разлика од многу на кои им е мајчин јазик па уште не знаат основни литературни зборови. И едно големо браво што толку се трудиш.
Мада или ма да Во македонскиот литературен јазик не постои сврзник мада или ма да. Тој е својствен за српскиот јазик. Во примерот на sky-butterfly Сакам да јадам торта мада и сладолед не одбивам, правилно е: Сакам да јадам торта,ама и сладолед не одбивам. Сакам да јадам торта,макар што и сладолед не одбивам. Те охрабрувам да продолжиш да го учиш македонскиот литературен јазик како немајчин јазик затоа што оставаш впечаток на личност што има волја да се едуцира и образува. А за останатите,на кои македонскиот јазик ви е мајчин јазик,пред да одговорате на прашања од областа на правописот треба да бидете сигурни во точноста на одговорот,а не да давате апсурдни мислења.
Кога придавките се степенуваат (компаратив со префикс -по и суперлатив со префикс -нај) се пишуваат слеано. На пример:упатен,поупатен,најупатен. Ако се употребуваат прилози за количина пред придавката,тогаш се пишуваат разделено. На пример:помалку упатен,повеќе упатен.
Мислам дека и јас правилно кажав дека се пишуваат заедно Убаво-Поубаво -Најубаво или тенко -потенко најтенко префикс -По- се разбира....
Благодарам Ете научив уште нешто. Навистина сакам да го знам литературниот македонски, ама ретко можам при секојдневните муабети да прашам некого дали е литературен збор или некој дијалект, бидејќи луѓето и најчесто самите се збунети и не се сигурни во одговорот. Сама си се учам, преку читање најмногу. Има напредок од пред некоја година, макар што може и подобро. пс. белки добро го применив наученото пс2. тука ќе си прашувам јас пак
Да се надоврзам на мојот муабет претходно... Што сега треба да ја прекоруваме девојкава горе што пишала "ама" наместо "но" ? За такви грешки зборував што прекорувате. Безвеза.
Како е правилно донесле или донеле, наречуваше или нарекуваше? Во книги што читам ги пишува како донесле, наречуваше итн. а, на други места ги пишува донеле, нарекуваше. Сега не знам што е точно.
Донеле е правилно, а за нарекуваше, правилно е второто, бидејќи свршено е нарече, а несвршено нарекуваше. Наречуваше не постои. Ако грешам, нека ме поправи некој.
ЕВТИН наместо ЕФТИН ДВЕСТЕ наместо ДВЕСТА ТРИСТА наместо ТРИСТОТИНИ ВЕРОЈАТНО наместо ВАЉДА ИТНО наместо ХИТНО ПАРИЧНИК наместо НОВЧАНИК БОНБОНА наместо БОМБОНА
ЧАНТА наместо ТАШНА. ТАШНА е српски збор,чанта не е ничиј т.е. е варијанта на турски збор. Македноски збор нема освен модерна торба.Ова ви го кажувам бидејќи се консултирав со наставничката по македонски јазик.