Скриен текст: покажи
Накратко, тоа што прочитав во изминатиот период:
5. Јужно од границата, западно од сонцето – Харуки Мураками
Ова беше првата книга што ја прочитав од Мураками, многу слушав и читав за него, но никако да дојде на ред. Можеби очекував премногу, но сепак ми се допадна. Границата помеѓу јавето и сонот или да не речам оние демони од минатото, доловени со стил кој го почувствував по втората прочитана книга од авторот.
6. Калеш Анѓа – Стале Попов
Бидејќи не понесов книга со мене, оваа и книгата по неа ги читав за време на велигденските празници, додека одмарав во мојата родбина, па се навратив на времето кога ги читав овие книги. Судбината на македонскиот народ за време на турското ропство и непокорната Анѓа.
7. Единаесет минути – Пауло Коелјо
Посегнав баш по оваа книга бидејќи не ми текнуваше на ништо од книгата освен делот кога Марија доживува оргазам на плоштадот во Женева. И Пауло Коелјо го оставам за почетокот на тинејџерските години, кога се гради читателскиот вкус.
8. Пламен сјај – Трејси Шевалие
Семејството Келавеј се доселува во Лондон од 18 век, а нивен комшија е Вилијам Блејк. Вилијам Блејк е еден од ретките поети со чие творештво речиси сум целосно запознаена и со задоволство се навраќам на неговите Песни на невиноста и искуството и тоа ме привлече да ја купам книгата. Независно од тоа, ова е добар роман, што останува во сеќавање.
9. Девојката со портокали – Јустејн Гордер
Не знам што да кажам за книгата, освен дека не ми остави никаков впечаток.
10. Без Догма – Хенрик Сјенкјевич
Љубовна приказна проткаена со историски моменти во стилот на руските класици. Quo Vadis е една од моите омилени книги, а оваа е сосем различна од неа, а исто толку добра.
11. Снег – Максанс Фермин
Краток волшебен роман или хаику во проза.
12. Норвешка шума – Харуки Мураками
Мураками многу вешто ги доловува комплицираните меѓучовечки односи, со непосреден стил кој допира до читателот. Наједноставно тоа би го опишала како некој да ми ги читал мислите и ги преточувал во книга. Ете така.









