Која книга би ја препорачале за 11годишно девојче? Роденден и е на сестра ми па сакав книга да и подарам.
Малечката Фадета - Жорж Санд (Лектира е во трета година средно мислам, но доволно разбирлива и лесна за читање и на 11 години.) На крајот на виножитото - Сесилија Ахерн (Љубовна приказна, баш прилагодена за таа возраст) или Хрониките на Нарнија - К.С. Луис (Серија од седум книги, но мали, фантастични, уживав читајќи ги на 11-12 годишна возраст.) Редоследно одат вака: The Magician's Nephew (Внукот на маѓесникот) The Lion, the Witch and the Wardrobe (Лавот, вештерката и ормарот) The Horse and His Boy (Коњот и неговото момче) Prince Caspian (Принцот Каспијан) The Voyage of the Dawn Treader (Патешествието на бродот „Мугра“) The Silver Chair (Сребрениот стол) The Last Battle (Последната битка) Јас предлагам да и ги купиш првите два дела (бидејќи се некаде околу 150 ден) и се надевам со тоа ќе ја натераш да го прочита целиот серијал.
Сакам на другарка за роденден да и подарам некоја книга, па ако може да ми препорачате некоја добра која вас ви се допаднала
Jaс би ти ja препорачала П.С Те сакам, бидејќи мислам дека е книга која што никого не би оставилa рамнодушен...
Некоја од книгите на Горјан Петревски.Пример Споменка. Мислам дека е совршена за таа возрас,или било кој од деловите на Споменка.
Избришани мислења ЈАС! според мој вкус е добра,подобра од филмот. Некој да ми даде препорака за книга на книга,некој добар трилер или нешто во стилот на агата кристи? По можност "постара" да ја најдам во некоја од градските библиотеки?
Јас повеќе сум за љубовни романи. Планирам да ја земам пс.Те сакам,но препорачајте ми и други некои кои што ве оставиле без здив.
ЈАс ти ја препорачувам Москва не им верува на солзите од Валентин черних . љубовен роман, го прочитав во еден здив..мојата омилена книга
Возвишената убавина на непознатото - Инду Сундаресан,не сум обожавател на љубовни романчиња,но за оваа симнувам капа! Инаку акцентот не е стварен само на поглавјето-љубов
Aјде девојки ... следно што сакам да читам е книга во која се зборува за двајца вљубени што се разликуват во години и мора да поминат преку некој пречки ... бла бла ...и да има хепи енд ..
Пред неколку години ја читав на српски. Се вика „Мелем за душу“, имињата на корицата кои се наведени како автори не ги запомнив, бидејќи тие само ги собирале приказните од анонимни, но и од познати личности. Се работи за кратки вистински приказни. Книгата е поделена на неколку дела, еден за љубовта, друг за пријателството, трет за семејството итн. Секој дел има по неколку кратки приказни раскажани од оние на кои им се случиле. НАЈТОПЛО ја препорачувам и сум сигурна дека ќе допри до секој од вас, затоа што секој ќе се пронајди барем во една од тие случки, а и многу е поучна. Ако можите да ја најдите или ако некогаш ви падни во раце обавезно прочитајте ја. Јас сигурно ќе ја земам повторно.
Предлог за книга за релација машко-женски односи Во последно време покрај психолошките книги, многу читам книги на тема релација машки:женски односи. Мислам дека ваквиот тип на книги можат да дадат огромен придонес во подобрување на една врска/брак. Пожелно би било уште од рана возраст да се читаат вакви книги за да сфатиме дека некои работи се впишани во генетскиот код на полот, дека не можеме да ги промениме и затоа за нив не треба континуирано да се нервираме. Една од моите најомилени книги е Мажите се од Марс, жените се од Венера од Џон Греј. Книгава е одлична, колку ли само се препознавав себеси и дечко ми и многу работи сфатив за машкиот пол, односно ги осознав причините зошто на таков начин реагираме. Дали и вие читате вакви книги? Давајте предлози за вакви книги!