Пораснав со мама сликар, и четките ми беа ко добро утро и добар ден а богами и добра вечер, но бидејќи не наследив од никој од мојата фамилија талент (дедо ми исто бил сликар) наследив барем љубов кон сликаното дело. И никогаш не пропуштам кога сум некаде а видам интересна изложба да одам да ја посетам.
Бидејќи боите ми се еден вид на визуелен фетиш и навистина обожавам да посматрам до детали како е цртана некоја слика, најмногу ми се допаѓаат експресионистичките и пост-експресионистичките дела. Кандински ми е навистина еден од најомилените. Се заљубив во неговите дела изложени во Georges Pompidou и во музејот на модерната и современата уметност во Стразбур. Кој колоритет!
Скриен текст: покажи
Франц Марк исто така го обожавам.
Скриен текст: покажи
Импресионизмот исто така ме плени со својата едноставност а сепак убавина. Во дневната имам закачено дури многу неинвентивно две реплики на Моне. Признавам, ама што да правам кога ми се убави


Која убавина! Да ги земеш боите и да создадеш нешто вакво. Восхит! До срж!
За другите автори друг пат затоа што сепак, модерната уметност е она што го обожавам пред се друго.

























