Мислам дека нема ваква тема,а ако има слободно избришете ја...овде можи да ставате цртежи вие лично шо сте ги нацртале..немора да бидите кузнај какви уметници нормално епа ако сакате споделете да видиме
Мене ме чуди зошто не е активна темата Верувам дека многу имате талент за цртање. Штета што мене не ме бива Ама сакам да гледам цртежи на други.
Ауу богами голем талент имате...цртеживе се прекрасни..инаку Дулче може цртежов да го искористам некогаш како аватар ?
Јас немам талент за цртање ама ич..Имам другарка која црта прекрасно, а и дечко ми има талент. Па ако може (бидејќи насловот на темата е Вашите цртежи) ќе постирам некој цртеж нацртан од нив за да видите
Балонче може да постираш слики со нивна согласнот секако. Сакам да гледам цртежи и јас, штета што немам дарба инаку темава сега ќе беше наполнета со мои дела.
Уф. Ме погодивте со темава, навистина. Пасија ми е цртањето, немам некој кујзнае каков талент, ма да ме бидува - не сум толку лоша како што си замислувам, енивеј. Се трудам и цртам чисто из љубави, порано имав повеќе време и цртав поинтензивно, сега поретко. Ај ќе нацртам нешто што ми лежи крај срца деновиве и ќе ви постирам.
Цртано мнооогу одамна! Неможам да го најдам,инаку би поправил нешто. Lady Gaga! Исто така цртано одамна. Тука гледав од слика... Порано цртав... Сега кога знам дека се очајни цртежите,престанав.
Џокси, лепотане, нема ни О од очајно овде. Ама ќе ги има о, ч, а, ј, н, па и о, ако не продолжиш да се надградуваш со годините Така да цртај си, кога гледаш дека ти оде Мене ми се допаѓаат па. Посебно Лејди Гага Зошто бе мене ич не ме бива????
Се почна од досада, имав темпера и моливи, и најчесто тоа и користам, неам цртано со маслени бидејќи сепак за тоа мислам дека треба да се поддучам прво пред да се извалкам по одма
Женчиња, а и мажулиња па вие сте прекрасни цртачи. Господе, земи им малку од нивниот талент и дај ми мене. Многу сакам да цртам, ама ете не знам...не ми мрда рачето...
[Јас си цртам. Еве два цртежа, ги имам ставено и во СДК, ама зашто таму имаме најмногу мислења, можеби кога мислењето е потрупено со страници, страници мислења некој не успеал да види, па ете: Имам уште неколку, ама сликите треба да ги префрлам на компјутер, па ќе ги ставам.
Некои цртежи нацртани од мене. Цртам од кога знам за мене. Уживам во тоа и ме опушта. На неколку пати имам постирано некои мои цртежи во други теми, па сега ја видов и оваа тема специјално за вакви слики па си викам дај да поставам нешто и така долго време нешто ме немаше на форумот. Некако отсутна сум.
Скоро сите во фамилијата м исе професионалци за цртање ... Ама ете јас в тоа сум изрод над изродите ..Цртам колку да неречат незнам молив да држам
Порано многу цртав и имав убави цртежи,а сега за жал немам време.Еве најдов само 3,ќе ставам повеќе кога ќе ги најдам А имам и едни преубави портрети ама се too personal,па не можам да ги ставам,ќе се раскријам Овие долу во боја се на картички,правени се со бои за текстил и на текстил цртав,правевме како за да се собери за донација за деца,демек тие ги правеле Мислам некои е кажано дека од нас студентите,важно важна беше иницијативата. А овој првиот е портрет на една другарка
Уште нешто од мене...Кети Пери ми е омилен цртеж, го цртав за тоа спотот нејзин наградната игра..ама не ме одбраа..здравје