Ваши дела – поезија или проза

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Shelea, 7 декември 2009.

  1. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.754
    Ја отворам темава, со цел, доколку има жени кои пишуваат, поезија, проза, сеедно, нешто кое би сакале да го споделат, би можеле овде!


    Од мене парче поезија:
    Малку после полноќ

    Веќе понеделничка
    Џез сесија.
    Креветот ми е Месија
    пак ќе ме спасува
    од реалноста.

    Не знам што сакав да кажам
    се надевам ме разбравте.
    Понекогаш сета поезија лежи
    во читателското (недо)разбирање.
    Се плашам дека ако легнам
    ќе ги најдам соништата
    како ме демнат под креветот
    носат ролшуи
    френетично се возат
    како на буги лизгалиште од просечен американски филм
    и прават бучава.
    Се плашам да не чујат соседите,
    кој ќе им објаснува
    дека една поетеса вечерва.
    Се инспирирала.
     
    На mileystar, cresa-jagoda, angelche16 и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.649
    Ми се допаѓа темата многу, еве нешто и од мене :)

    Љубовникот
    Кога тој ја пали цигарата никогаш не гледа во запалката или во цигарето, гледа во неа. Тој пуши Marlboro и пуши многу, секогаш и на неа и нуди. Сака бело вино кое го пие како да допира женска усна. Оди норшалантно, збори тивко со самодоверба и прекрасно се бакнува. Прекрасно не е доволно за да се опише целата таа страст што и ја даваше на неа, која на изглед е обична девојка, а внатре толку посебна. Само тој ја забележуваше нејзината посебност и ја прифаќаше. Таа со него разговараше за се, тој на толку убав начин го сфаќа животот што таа сакаше да дели мудрости со него. Тој ја советуваше и ја љубеше. Кога тој бакнува по вратот, не бакнува само со усната, туку и со душата и телото. Тој никогаш не се само бакнува, секогаш сака повеќе.Таа му даваше колку што можеше. Беше секогаш тука за неа, и таа за него. Ги задоволуваше нејзините страсти, па таа секогаш беше незаситна. Нивните тела беа се совршени кога се заедно, а да не зборуваме за нивните души.Ах, тој љубовникот од друг град, само тој, само тој ја сфаќаше и познаваше неа.

    Shelea многу ми се допадна твојата поезија, и јас пишувам и за мои години знам да проценувам дека доста сум се начитала :) И секако, секогаш се може подобро... поздрав
     
    На cresa-jagoda, angelche16, anna-tessa и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.754
    Фала ти многу!

    Еве уште нешто.

    Автосексуална

    Магла, проститутка во градот.
    Се крие во твоите џебови.
    Влегува в нос.
    Остварува грев
    и преку едно Хууу... Кога се прашуваш колку е ладно.
    И времево за Љубов гладно.
    Ние сме објекти на распадот
    Облечени во современа лажност
    изгледаме добро навидум.
    (мислиме знаеме се’)
    Но, не.

    Оваа територија одамна ја владеат други.
    Овие соништа се отсонувани за да не се остварат.
    И како што тоа бидува.
    Секогаш добро спакуваното ѓубре
    Го сакаме за себе.
    Погледни низ маглата.
    Проституирањето исчезнува
    само со еден потег.
    Влези подлабоко.
    Не во проститутката.
    Не во гладот.
    Не во градот.
    Почни од себе.
     
    На cresa-jagoda, angelche16, SunshineYo и 9 други им се допаѓа ова.
  4. Damata-Nene

    Damata-Nene Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    18
    Sakas da slusnes Te SAKAM.... nema... jas ke premolcam... se zakolnav vo svetoto nesto deka poveke nema da gi izgovoram tie zborovi iako gi custvuvam... prosti mi... no egoto mi e pogolemo od ljubovta, no ne i ZA ZAL od strasta... sekogas ke lutam po ona zadovolstvo, ke spustam visoko letnati licnosti, ke se molam pred mikrofonot, ke ja kazuvam vistinata... ke sakam vo sebe, ke bidam necija ljubovnica...
    Ti me napravi takva... mi gi odzede custvata, go srusi mojot son, pa frli na iskusenieto.... i FALA TI za toa... koga si losa lugeto poveke te poshtuvaat... izgradi zid pred mene, site da ja gledaat ubavinata na licevo, a nikoj da ne moze da mi go dopre teloto... na usnite mi stavi otrov, sekoj koj ke gi vkusi da gledam kako umira od onaa bolest koja mene me ubi... nisto vo ovoj zivot nema da pomine taka.... se ke se vrati a jas ke se vratam no kako tvoja Kazna, da osetis bolka... no sepak ne sum tolkava KUCKA, da ja rusam imerijata na tvojata ljubov, samo ke ja raznisham sama da se srusi, toa poveke bi te bolelo... NELI???
    epa sega srekno dragi moj, zivej si zivot.... jas sega ke prodolzam, da soberam nekoe iskustvo, da naberam uste nekoja crvena roza na patot na slasta... pa ke se vratam... da gi vidam tvoite oci, i da go slusam tvojot krik na moite gradi...
     
    На angelche16, Talita, Annie.mk1 и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Damata-Nene

    Damata-Nene Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    18
    Дамата Нене „Искуства и искушенија“

    За Кучето Мое...(од Кучката)

    Погледи разменети со страст, блиската далечина не направи странци, не дозволи да се запознаеме... беше ли тоа грешка во чекори или игра на судбината која ја кроиме самите... или причина да се заљубам во тие очи
    Кученце кое заспива на моите гради...
    Сакам да се милувам со тебе, да ти потонувам во твоите прегратки.... како секоја вечер во паркот, кога ветерот ме милуваше со сласт... и желбата за задоволство растеше, а јас оставав копнежот да надвладе...
    Да љубави, грешев, најдобри пријатели ми се гревовите... но тоа е живот да сакаш а да немаш, да копнееш и да плачеш, да сакаш силно да вриснеш а да не можеш... Силата не ми дозволи да пролеам солза, иако сега би исплакала дожд од солзи... но тоа сум јас, пред тебе и пред сите... ладната кучка на задоволството... која потона во твоите очи и те засака на единствен начин кој како и досега не ми бил возвратен...
     
    На SunshineYo му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Soncko

    Soncko Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2009
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    15
    Prazna obicnost i misli prazni
    Rozov svet so luge prazni...
    Mojte oci svetat!!
    Tebe te nema,
    ti ne si tuka,
    ne si do mene,
    no vo mene si.
    Treperam dlaboko od srcevinata
    i cudna toplina me obviva,
    svetilina prodira vo gradive,
    me vozbuduva,
    me voshituva
    i srekna me pravi.
    Sekoja pomisla na tebe srekna me pravi,
    no tazna sum..
    ti sepak ne si tuka,
    ne si do mene,
    no vo mene si!

    P.S pozdrav za temava:)
     
    На hermosa, Adi888 и ecen4e им се допаѓа ова.
  7. Damata-Nene

    Damata-Nene Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    18
    ke ti bide li krvio koga ke zaminam,
    ke pustis li solza koga ke ke ti go svrtam grbot,
    k se nadevas sekoja nok deka ke ti se vratam,
    ke cekoris po mene mislejki deka ke me stignes
    ke baknuvas li drugi usni zamisluvajki deka se moite,
    ke ja baras li mojata silueta vo sekoja naredna,
    ke gi ocekuvas kopnezlivo moite nasmevki,
    ke se budis li so mojot parfem,
    ke se sekavas na nasite noki,
    ke me baras li vo minatoto
    KE ME ZACUVAS LI VO SRCETO???
    [​IMG]
     
    На Ketrin.Moon, Little-Mk, Diamond и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Damata-Nene

    Damata-Nene Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    18
    *СЕКС Старлета......*


    во касни ноќи ме бараш, сакаш задоволство а забораваш на сета болка што ми ја нанесе..... зошто само твојот изглед ме привлекува, твојот карактер е ужасен.... ти давам љубов а ја одбиваш..... зарем не свати дека ми значиш..... дека ми е тешко што морам оваа љубов да ја кријам..... сепак со мене си се заебал јас играм по свои правила така да немој да се буниш кога то тебе ке стои склтптура на божица направена од ладен меремер, нема да можеш да ја допреш премногу е скапа за тебе..... рубинот кој го носи во срце е оганот што ја прави бесценета..... продолжи мили по твоите патеки, можеби ке најдеш некоја како мене на изглед или барем слична но никогаш нема никоја да ги има моите вештини и она што јас ти го подарив..... никоја нема да го има мојот сјај, нема да го има вкусот на моите црвени усни, нема да го има мирисот на моето тело, во неа нема да гори мојата страста, Никоја Нема Да Те Доведе До Тоа Уживање Кое Го Доживеа Со Мене.......ЗНАМ ДЕКА НЕМА ДА МЕ ЗАБОРАВИШ Иако За Тебе Бев Само СЕКС Старлета......
     
    На red му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Soncko

    Soncko Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2009
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    15
    Седам во друштво, а сепак сум сама,
    Врева од луѓе, а околу мене мртва тишина.
    Играм црно-бела игра на црвени полиња.
    Отворив срце и добив сожалување,
    понудив небо искреност и добив парче исполнето лаги,
    затоа сега затворам душа и те оставам.
    Затворам се во себе,
    нема да пуштам ниту солза,
    ни еден единствен крик,
    нема да кажам ниту еден збор,
    и нема да постојам повеќе за тебе,
    затоа те пуштам да си одиш...
    Оди си таму кај што заслужуваш,
    таму каде не си среќен,
    таму каде те притискаат,
    каде управуваат со тебе како со обична марионета.
    Ти не ме заслужуваш,
    премногу си лицемерен за да ти посветам дел од себе,
    само за жал, кога ТИ ќе го сватиш тоа ќе биде доцна,
    ќе нема простор за каење.
    Тогаш јас ќе сум во нечии други раце,
    нечии други усни ќе ме милуваат,
    нечии други погледи ќе ме покриваат...
    Затоа оди си сега
    и остави ме да играм црно-бела игра на црвени полиња.
     
    На SunshineYo, yeah, Hayley и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.754
    Огледало

    Тој ми подари нарцис.
    Јас го згазив со обете нозе.
    Не сакав да видат другите.

    Дека тој ме знае која сум.
    Пожолтев од бес.

    И да.
    Сега ми подарува рози, од оние без трња.
    Оти знае дека...
    Никогаш нема да го боцнам на погрешно место.
    И се вцрвени сиот.

    Се гледаме во огледало.
    Јас Нарцис тој Роза.
    Портокалови солзи од умор.
     
    На mileystar, blonde_supergirl, Lella и 21 други им се допаѓа ова.
  11. schizophrenic

    schizophrenic Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Еве и од мене нешто ;)

    Таа е негов роб.
    Негово секојдневие.
    Нема некој толку сличен на неа,
    нема секој толку сили да биде нечија сенка.
    Освен таа.
    Бакнеж. Само еден. Никогаш не е доволен.
    А потоа повторно го следи секој негов нов. Скришно!
    Таа ја заклучи гордоста и го фрли клучот.
    Понижена и поразена...
    Се до денес кога се спротивстави му ја изваде маската и
    успеа да му ги дешифрира зборовите,
    Сега си поубав!!!
    Tаа сеуште е роб, но само свој.
    Дури тој избледуваше некаде далеку,
    таа го следеше во секој негов чекор
    се додека стана речиси неприметлив наликувајќи на инсект.
    Таа не се грижеше. Му го сврти грбот, и знаеше
    Тој сега ќе ја чувствува некако...
     
    На mileystar и generation им се допаѓа ова.
  12. schizophrenic

    schizophrenic Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2

    Прекрасно е :)
     
  13. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.754
    Ти благодарам :)

    Еве нешто постаро од мене:

    Первертирана бајка

    Природен си како јаболко.
    Го сакам твојот грев.
    И црв.
    Секогаш ми даваш задоволства.
    До врв.
    Особено кога по напорен ден полн со негативци
    Се спојуваме
    Јас цимет
    Ти јаболка.
    До болка.
    Си ја штрудлираме ноќта.
    Добро е кога можеш задоволството
    во готвење да го претопиш.
    Не сум Снежана, тоа заклучивме.
    Така да..
    Кралски правеното јаболко = Ти.
    Е мевлем за моите потреби.

    Природен си како јаболко.
    И кога ќе те пресечам.
    Има во тебе форми.
    Што ми го закиселуваат непцето
    кога денот е полн со блажени лажни насмевки.
    Ти си освестувањето.
    Си ја штрудлираме утрината.
    Свиткани во ролна од ќебиња.
    А шеќер во прав ни се...
    Соништата.
     
    На Blondince, martinagj, MarchelineAmaru и 5 други им се допаѓа ова.
  14. shiningstar

    shiningstar Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    308
    Eve nesto od proza ... :)

    Mnogu e tesko da se zapocne eden tekst, ke se slozite neli ? :) No, otkoga ke pocnes da pisuvas cuvstvata i mislite izviraat sami od sebe. Eh, nikogas ne sum bila dobra za pocetoci, ama i taka vikaat deka krajot go krasi deloto :)

    Mal voved na ona sto mi lezi na dusickata...
    Promeni..na dobro , na loso seedno pa i kriteriumite za toa sto e dobro a sto loso ne se isti kaj sekoj:)
    Mislam deka lugeto otsekogas tesko prifakale soveti i promeni, uste od vremeto Italija se navrakala celo vreme na klasicizmot, mislella deka nema sto da se dodade na taa besprekorna istorija,klasika,spomenici,crkvi i mesta koi se prikazna sama po sebe, toa i do den denes e taka znaejki deka italijancite se golemi ksenofobi. Govorejki za individui zosto bi se smenil ?
    Na tebe ti e ubavo taka kako sto ti e, a pogolemiot del od opstestvoto ne se slozuva so tebe, ili ednostavno nekoi zakoni na prirodata i fizikata go nalagaat toa, nekoj t.n.nacin kako da se zivee ...

    to be continued :D
     
  15. Damata-Nene

    Damata-Nene Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    18
    За Тебе...!


    шшш, слушни ме... ти трепериш во срцево, слушни ме ти што го разубавуваш она најтемното во мене, ти што ме правиш да сум поинаква, што ме разнежнуваш...слушни ме..........

    слушаш шепот на една душа која неуморно талка низ овие ладни пусти патеки, барајќи сродна душа со набилдани бицепси :)... се криеш ли во некоја друга земја мили мој... се криеш ли во падините на страста, или во врвот на планината каде што сме се родиле нашите души...
    Осамена сум и скитам, цврста сум па паѓам и се кревам, плачам заедно со тебе во ноќта, се смеам кога ти го дочекуваш утрото, мислам на тебе кога ти секој ден се бориш да преживееш или кога живееш луксузно и го гледаш сонцето од некоја јахта...сонувам кога го осеќаш мирисот на нешто ново...те гледам кога спиеш и те чувам, ти давам надеж милна кога мислиш дека си изгубил се, ти подавам невидлива рака само за да те извлечам од она бедно дно кое можеби си го допрел... Те Сакам но кажи ми каде ќе се најдеме... на плажа, или кога неуморно ќе се искачуваме по монт еверест, кога ќе танцувам на шипка или кога ке бидам во манастир, кога ќе имам шамија на мојата глава или кога пред црква ќе се крстам, кога ќе се продавам за да преживам или кога ќе глумам девојка од соседството, кога ке спијам или кога ке се разбудам....
    а тој твој поглед знам дека вечерва го гледа улучното светло и улицата која е само прав под звездите, знам тој поглед секоја ноќ го гледам, таа улица неуморно ја чекорам, секој здив тебе ти го подарувам зошто можеби ти сега се бориш за живот... знам како е на улица затоа те сакам таков, човекот кој се бори да живее од ден за ден, кој еве к*рви кога е надуван, кој мисли на мене кога размислува... човекот на кој љубовта му е пред се, кој не се продава за пари, Човекот Кој Некогаш Ќе Биде Мојот Свршеник.....
     
  16. scorpion

    scorpion Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    3

    najubavo nesto sto sum citala dosega... ista prikazna vazi i za mene... :worried:
     
    На peackata и BarbaraMorii им се допаѓа ова.
  17. scorpion

    scorpion Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    3
    poezijata sto mu ja isprativ na simpatijata za rodenden :$


    It's the <3 of my life's b-day 2day
    Happy b-day 2 u-is all i wanna say
    may all ur wishes, hopes and dreams come true
    may u be lucky enough 2 find the 1 4 u - avtor-JAs :D

    a uste 1 sto mi tekna slucajno ednas.. i ovaa mu ja isprativ na simpatijata

    ako vidis deka ti pisam-nemoj da se murtis
    ako ti kazam deka te sakam-nemoj da se ljutis...


    mn kratki no pisani od <3
     
  18. doll

    doll Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    115
    PISMO
    ( ZA NEKOJ MNOGU POSEBEN!)



    ZOSTO BOG DADE DA TE SRETNAM??? ZOSTO SUDBINATA NI OVOZMOZI SREDBA??? ZOSTO ....ZOSTO....TOLKU POSTAVENI PRASANJA NO, NIKADE GO NEMA ODGOVOROT.! NE..NE VERUVAV VO LJUBOVTA I TOGAS SE POJAVI TI...TE MRAZEV,TE SAKAV,TE MRAZEV....PAK TE SAKAM...I TOGAS KOGA POMISLEV DEKA SI NAJUBAVOTO NESTO KOE MI SE SLU4ILO VO OVOJ ZIVOT ...TI ME SRAMNI SO ZEMJA!!! ME NAPRAVI DA SE POCUSTVUVAM BEDNO,TESKO,PONIZNO...NE! NE TREBA DA TE SAKAM,NO SRCEVO NAREDUVA NESTO SPROTIVNO.SEKOGAS SILNO CUKA VO TVOJA BLIZINA,MOJOT POGLED KO SRNA TE BARA,I TRCAM GI SLEDAM TVOITE CEKORI...MI GO KRSIS SRCETO NA BEZBROJ PARCINJA NO APK PRODOLZUVAM DA TE LJUBAM! POJKE OD ZIVOTOT, POJKE OD MLADOSTA...TE NEMAM TE NEMAM MOJ LJUBEN TEBE....NEMAM NISTO.SE E PRAZNO,SE E PUSTO! SO TEBE JA NAUCIV LJUBOVTA IAKO VECNO OSTANAV ZEDNA ZA TVOITE USNI, KOPNEAM ZA TVOJOT DOPIR...NO,ODI SI! TI I PRIPAGAS NEJZE,JAS NA NEMU..I TAKA TREBA DA BIDE.NE NI E SUDENO..A NESUDENITE LJUBOVI SE NAJBOLNI I NAJTESKI.CASOVITE IZMINATI BEZ TEBE,SE DOLGI TAZNI I PRAZNI....SOLZITE PROLEANI PO TEBE GO MILUVAAT MOJOT LIK,KOGA NEMOZES I NE SAKAS TI! ZAMINI OD MOJOV ZIVOT,ODLETAJ KO SNEGULKA STO JA NOSI NOKVA VETROV, PADNI VRZ MOETO LICE, DOPRI GI MOITE USNI I STOPI SE VO MENE.....!!!!!! TE SAKAM....NO NIKOGAS NEMA DA TE IMAM TEBE!!!!! :(
     
    На un.luckygirl, Adi888 и BarbaraMorii им се допаѓа ова.
  19. majaramonaa

    majaramonaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Кога мислата ќе ми остане закоравена



    Кога мислата ќе ми остане закоравена
    во пејзажот од молитвен мозаик,
    кога мислата ќе ми остане во адот од суети сини,
    ќе најдам молк во тоа едно исто
    што провејува арии
    низ памук облаци.
    Кога мислата ќе ми зататне од оловото синило,
    таму покрај јаслите од грч и пепел
    ќе соѕидам јадосан бол,
    та и камењето да се завие во крик
    и вечно молкум да плаче со формата своја.
    Кога мислата ќе спишти од корот бесен
    тогаш кротко ќе им шепнам на сончогледите
    да се свртат на запад,
    за да не го гледаат крвавиот зрак
    од студенило и јад.



    Maja Ramona ( За Тоше Проески)
     
    На Nigredo Odor му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Frosin4e

    Frosin4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2009
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    179
    Пол:
    Женски
    Ми недостига да ѓи гледам ѕвездите во Tвојата прегратка,
    Ми недостига нашето лубоморно криење од другите,
    Ми недостигаат твоите шепотења во Tивката ноќ....!
    Едноставно ми недостига да бидам Tвоја.
    Но знам дека не смеам, затоа останувам сама во темната соба со тивката музика.
    Oбидувајки се да ја потиснам оваа лубов која ја чуствувам кон Тебе.
    Oставајки само мал дел од неа да ме поцека на НАС-Нешто кое веќе НЕ ПОСТОИ...... :!: ;(