1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ваши дела – поезија или проза

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Shelea, 7 декември 2009.

  1. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    899
    Чекореше така сркомно,
    зборуваше така тивко,
    допираше така меко,
    Најмила, на сите ни беше фаворитот.
    Раката ја протегна до максимум,
    ја покажа секоја ѕвезда од секоја галаксија
    а ни една не ти беше рамна со очите.
    Твојте врели солзи, ах тие наши бури и трки
    кој попрво ќе успее да ги собере во шамивчето
    па да го земе и зачува во споменарот
    (јас бев убедена дека среќа ќе ми носат
    затоа ти ја подарив мојата слонова коска.)

    Ехото ме смируваше до последната клетка
    и секое мое ткиво заздравуваше на таа глетка
    каде што ти со прстот ја минуваш секоја буква
    од секој збор, не промарши ниедна страница
    одново и одново од корица до корица.
    Како детенце те слушав а ти ми ја стегна раката
    пред да станеш, па ми ја замазни постелата.
    Кој ќе ми кажеше ќе го осудев на втлок со немири
    бев заслепена од лажни ведрини..
    а камо да знаев, можеви ќе се спасев.

    И на крај успеаа,
    грмотевиците од усните в лудница ме сместија.
     
    На De-lovely и JaneAusten им се допаѓа ова.
  2. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Еј ти убавини каде се нашите спомени
    зарем си рековме дека ќе бидеме одделени
    зар не требаше да ја живееме нашата иднина
    а сега на крај носиме само слатка горчина
    те барам во ноќите те нема,во сон да те дофатам ми бегаш

    И кога еден ден ќе помине се
    ќе носиш уште мои спомени зарем не
    тогаш насмевни се и потсети се
    како еден ден еден на друг си бевме се
     
    На De-lovely и thelittle17 им се допаѓа ова.
  3. macysh

    macysh Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2010
    Пораки:
    1.090
    Допаѓања:
    767
    Најтешко е кога не знаеш кој си.Всушност,тогаш не си никој и ништо.Стравот те облева,срцето мислиш дека ќе ти излета од градите...И по кој знае кој пат се прашуваш себе си дали вреди да живееш?
    Сеедно е дали некој е задоволен од тебе кога самиот не можеш да се погледнеш во огледало,кога сопствените грешки бавно но сигурно те убиваат.
    И тогаш,вдишуваш длабоко и ги испитуваш сопствените сили.Дали си доволно цврст да продолжиш во овој свет,дали имаш сила да живееш и да се соочиш со грешките...знаејќи дека никогаш веќе нема да се почитуваш себе си.
    Погледнувам во ѕвезденото небо и светлината блеска врз моите солзи.......
     
  4. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.243
    Допаѓања:
    43.111
    А.

    Одамна не сум пишала
    два реда
    како чоколада
    скришум укредена дур сум на диета.
    Постам, од зборови.

    Да не се подречам
    кога знам
    дека и кога спијам
    мешунки нови реченици
    се раѓаат од креветот
    од перницата
    од сите можни агли
    од врвот на лажицата
    со која јадам.
    Да, зборови и мисли
    од нив правам починка.
    Оти и кога ми се најголем мир.
    Ми создаваат возбуда.
    Па затоа полека се сладам.

    Грам по грам
    едночинка
    па драма
    на крај
    секоја буква
    останува сама.
    А.
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    899
    Можеби еднаш ќе сфатам
    што мислеше со тоа кога ми рече “уште си мала“
    а јас со трчање ти избегав од видик
    избегнувајќи сопки по тие улици криви.
    Слушав како одекнува моето име
    и веднаш твојот глас го познав,
    но ниту еднаш не помислив што значи тоа
    додека паѓаа дождови капки кои ме заслепија
    твојот чадор ми го даде, па окапа
    а јас не ти помогнав кога правеше супа
    завиткан во ќебето упатувајќи ми насмевки
    како мене да ме зафатила една од тие настинки.
    Јас само слушав кај што ми збориш
    гледајќи во цртежот и мешајќи бои
    додека ти дојде да разгледаш и ме пофали.
    Си минуваа денови па години
    месеците не ги ни сетив,
    те посетував само затоа што ти ветив
    а ти толку се радуваше што не заборавив
    како што ми се случи минатата сабота
    небаре се сетив самата.
    Ни еднаш не размислив па да сфатам
    што мислеше со тоа “ќе те чекам“
    но времето ми покажа дека јас ти требам
    па затоа месечниот кредит на тебе го потрошив
    чувсвувајќи се еднобојна со светлината.
    Не дека знаев, но барем тогаш ја слушав мелодијата
    онаа нежна и на граница со топлината.
    Но сега веќе сфатив
    зошто ги чуваш писмата што ти ги пратив
    додека твоите збираат прашина во некој агол на таванот
    и да ги барам нема да ги најдам.
    На крај и краева, така си одлучив сама
    заслепена од слободата што ми ја нудеше денот
    и сигурноста што ти ми ја постави на дланка.
    И можеби еднаш ќе сфатам
    како што тогаш анализирав зошто патам
    кога километрите меѓу нас ги помножив со десет
    само со солзи, без грижа на совест
    за да не се сомневаш во тоа дека јас сум твојата плачка.
    Од инает не кренав слушалка на мојата песна омилена
    ја слушав со твојот глас како композиција префинета
    а во неме некој глас силно шепоти,
    Што е оваа дупка што во мене се отвори!?
    (и јас тебе те сакам)
    Можеби еднаш ќе сфатам.
     
    На Abby-NCIS му/ѝ се допаѓа ова.
  6. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.012
    Зошто нема повеќе белина снегот?
    Каде отиде белината на сладоледот?

    Околу мене ѕидови масивни шарени,
    зарем белите веќе се застарени?

    Хартијата има некоја нијанса,
    но бела веќе одамна не е
    и чаршавот денес го замени мама
    нов, шарен вели поубав ќе е.

    Белата ни во болница не барај ја,
    таму е игротеката најголема,
    невестата во бело не очекува ја,
    шампањ или розе е дилемата.

    :punch:
    Прво одделенските песничиња ми се најмили, и убаво ми е такви да си склопувам :wasntme:
     
  7. skorpija123

    skorpija123 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2011
    Пораки:
    699
    Допаѓања:
    2.624
    Изреки,поговорки,мудри мисли,секојдневни поуки и слично :)

    ‎"Твоите однапред пресметани насмевки
    поткопаа темели.
    Се нишам.
    Боли.

    Слободно
    оди
    продавај ја твојата љубов во наводници
    на другата страна на пазарот."
     
    На Abby-NCIS и Domino им се допаѓа ова.
  8. N1ky

    N1ky Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2012
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    26
    Повлечената девојка

    Јас сакам понекогаш да пишувам,да ги изнесам моите чувства на хартија... Напишав еден текст ама незнам дали е доволно убав,па ќе ве замолам искрено да ми кажете дали ви се допаѓа. :)


    Повлечената девојка

    Таа беше подруга од сите.Сите сакаа да запознаваат нови пријатели,само таа се плашеше и се ослонуваше само на пријателите кои ги познаваше со години.

    Сите мисле дека таа е тивка и нема сила да подигне еден пердув.Можеби така мислеа бидејќи однадвор беше слаба.Но, таа всушност беше многу силна,и физички и психички,но тоа го знаеја само неклкуте луѓе кои таа ги познаваше подолго време.

    Секој ден за неа беше преживување.Кога беше опкружена со пријателите се затвораше во себе како школка која тешко се отвара.
    За секој свој потег,за секој свој кажан збор таа размислуваше како да решава некој филозофски проблем.

    Едноставно кога беше со други луѓе таа не беше таа,не беше природна.
    Всушност,таа по природа беше безгрижна,среќна,весела,девојка на кој се и е смешно.Некој што не ја познаваше ќе помислеше дека и „фали некоја даска“.

    Таа беше како длабоко море чие дно ретко кој успева да го допре.
    Беше заљубена.Да,беше заљубена.И беше страв, да го направи првиот чекор на љубовното поле.А не знаеше и дали љубовта и е возвратена.

    Беше срамежлива.Можеби тоа е маана за која плаќа висока цена.
    Можеби еден ден ќе успее да се ослободи од срамежливоста и пред луѓето ќе биде онаа природната која малкумина ја познаваа.
     
    На Grunge му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    899
    Таа сакаше, но не можеше; тој успеа, но не веруваше,
    па така седнати првата покрај вториот го чекаа сонцето да изгее,
    да ја оживи мртвата природа и да ги умртви живите бранови,
    да го обои синото во потокалево а зеленото го украси со црвено
    и да ги потсети дека сеуште изминуваа се повеќе денови.
    Таа молеше, но ништо не постигнуваше; тој одби, но тагуваше,
    па така се покрија со ќебето во тоа топло подрането утро,
    да се стопат недопените снегулки на покривот од гаражата,
    да прелетаат птиците поради гадечот од белите зраци
    и да се прегрнуваат тајно во решетките на оговарачи.
    Таа леташе, но во облаци; тој сфати, но не признаваше,
    па така пресекоа делче од своето време и ги нахранија гулабите,
    да летаат затоа што знаат каде без да се судираат со авиони,
    да направат контраст на звезди во црнобелиот свет
    и да го разнежнат безмилисно грубиот и трајно долгиот век.
    Таа се смееше, но солзи и течеа; тој ги избриша, но не гледаше,
    па така ги ставија новините на претерано широките прозорци,
    да се сокриат од честитките и поддршките на тие минувачи,
    да може куќата од карти да биде конечно целосно изградена
    и да ги отпеат високите фрекфенции кои предтоа им ги забранија.
    Таа можеше, но не сакаше; тој не успеа, но веруваше,
    па така паднаа на плочките и се избришаа со мократа крпа,
    да ги освежат мислите и се сетат на тоа во кое што веруваа,
    да бидат повторно тие деца кои се сретнаа на осамената клупа
    и да се заљубат повторно како што тогаш си дошепнуваа.
     
    На L-enna, De-lovely, kikav и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Lovely

    Lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    1.057
    Пол:
    Женски
    Што сака од мене тој сликар?

    Беше моја најдлабоко скриена фантазија, и тоа не било каква, туку еротска фантазија. Ми беше надреден, недостапен, забрането овошје, сето тоа го правеше уште по привлечен, по посакуван од моја страна.
    За време на ноќта беше во мојот сон, за време на денот во моите мисли. Од неговата избричена глава ми се влажнеше делот меѓу препоните, од неговиот чуден акцент ми трепереа нозете. Го посакував секој ден се повеќе и повеќе. Живеев за денот кога тој ќе ме земе во своите силни раце и ќе ме легне на катедрата.
    Но одеднаш мојата фантазија почна да се остварува, тој почна да ме забележува, почна да ми праќа некои двосмислени знаци, почна да флертува, почна да ми се доближува веќе не ми беше надреден, ниту не достапен, не ме привлекуваше неговиот мирис, ниту ме забавуваа неговите шеги. Сватив дека тој не е тоа што јас го посакував. Посакав да не ми ја расипеше фантазијата...
    Всушност можеби тој и немаше такви намери. Што сакаше од мене тој сликар?


    Моето прво дело, знам дека е заникаде, ама сакав да пробам да напишам нешто, се надевам дека е добро за почетник.
     
    На DeRose и Hayley им се допаѓа ова.
  11. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
  12. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    932
    Must have....

    Кога зборот надеж се истанчил
    до точка на исчезнување,
    кога правилата по кои си се водел
    немаат повеќе смисла,
    кога си се вовлекол во нешто
    кое ти е преку глава,
    кога речеш морам
    а знаеш дека е опционално,
    само пушти се,
    само речи нека биде,
    само оди по текот,
    не бори се против.
    Ќе ја добиеш
    својата цигара со утринско кафе,
    својата чоколада на сред диета,
    своето изгубено делче.
    И ќе те вика
    своја ѕвезда,
    свој патоказ,
    своја љубов.
    Ќе добиеш некој кој е
    било како било
    а must have...
     
    На blueeparadise, ceca-1, Abby-NCIS и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.243
    Допаѓања:
    43.111
    Дома

    И ете
    денот ќе ти донесе
    благост и горчина.
    Како истурени
    догорчиња.
    Испалени зборови, заборавени редови,
    од здив до здив - приказни.

    Краток е овој живот.
    Ова земно постоење.
    затоа сакам
    Дома.
    Со дланките во лице.
    Се приближувам по улицата
    и знам
    Најудобно е да се плаче
    на перницата.

    Храм,
    е Дома,
    во него свеќите се нашите спомени.
    Плачи.
    Дома, оти таму сите емоции се сигурни.



    - на изгубените солзи.
     
    На lady.N, B.Waldorf, starfish и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Abby-NCIS

    Abby-NCIS Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    6
    ЛАЖЕН ПОГЛЕД
    Ме лажеше со тој поглед,
    јас верував дека сум таа
    таа што ќе го промени твојот живот,
    незнаев дека бил лажен
    незнаев дека не бил единствен..
    Што уште не и помислив во мојава луда глава
    што уште не ми текна да направам за тебе,
    незнаев...
    незнаев дека ти си една лага
    ти си само една патетична вистина..
    сеуште лажно ме погледнуваш,
    а јас сеуште се воодушевувам
    иако знам дека ти си како и другите.
    Ме разочара,
    верував во тебе како што верувам во моето срце
    верував..
    но сега не..
    Чудните погледи твои нека останат
    да им се восхитувам,
    а повеќе од тебе веќе
    не ни очекувам!




    Како ви се допаѓа?? :$ :$
     
  15. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Спас?

    Ми пулсираат вените,
    ме боли главата,
    и имам една голема дупка
    каде што порано имав душа.

    Мала капка надеж,
    среќичка,
    што останува од денес за утре.
    Некогаш верував дека среќата може да биде
    бескрајна.

    Од мртва точка не мрдаме.
    Мрдаат само моите очи
    кон нови хоризонти.

    Може ли да се продолжи
    без личноста што ја љубиме?
    Може ли да се спаси
    вербата што полека ја губиме?
     
    На De-lovely, TennisBabe и Abby-NCIS им се допаѓа ова.
  16. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    Само денес,
    укради ми бакнеж под јапонските цреши на Максим Горки,
    сакај си го одразот во моите очи,
    не му се лути на ветрот што ми ја бушави косата,
    направи ми патека од тули во облаците.

    Само денес,
    да бидеме соседни ѕвезди во Малата Мечка,
    јас трилисна, ти - четирилисна детелинка во парк,
    млечни запчиња во детска насмевка,
    корен и гранка на баобаб.

    Само денес,
    ти биди епитет, јас - метафора,
    ни јас небо, ни ти земја,
    бркај ме низ поле со афион,
    колни ме да те сакам секогаш.
     
    На lady.N, De-lovely, L-enna и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    899
    Господ гледа се, си се тешам,
    но знам дека не би било човечки да престанам да грешам,
    а ниту птицата која се симнала тажно на покривот
    на таа ниска куќа сместена до твојата,
    некогаш ќе престане да ја пее нејзината жална песна.
    Ми свириш мелодија, така нежна и за учење лесна
    сакам да и се радувам, а ме препрекува меланхолијата.

    Пак клекнав пред тебе на колена да ти ги врзам врвките.
    Колку пати ќе се сопнеше да бев како тебе горделива,
    да ѕипав по прашливите улици со врвки расплетени?

    Не, нема јас себе си да се лажам,
    и не, овој пат ќе стојам настрана и само себе ќе си кажам.

    Не ја заслужил секој вистината, ќе си ја чувам заклучена
    во ковчегон кој се наоѓа на крајот од мојата лева срцева комора.
    Таму никој не ќе ја најде, сигурно е затскриена,
    а и онака сите очите ги впериле во погрешната десна страна.
     
    На De-lovely и L-enna им се допаѓа ова.
  18. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.631
    Допаѓања:
    3.742

    Молчам


    Молчам...
    Рамнодушноста не заслужува зборови .
    Зошто да зборувам ?
    Ниту разбираш... ниту се трудиш да разбереш.

    Молчам...
    Голтам горчини. Поминувам и преминувам преку сите остри сечила.
    Градам мостови таму каде за нив нема услови.
    Создавам нешто од ништо.
    А само празнини и рушевини.

    Молчам...
    А тишината никогаш потивка не била.
    Се слушаат нејзините вресоци зад сите некажани зборови.

    Молчам...
    Така ќе успеам да ги скротам сите гневови.
    Да го прегризам јазикот пред да каже се што не се разбира.

    Молчам...
    Зошто чувствата бараат мир.
    Зошто зборовите се скапи за слаби уши.

    Молчам...
    Само тогаш ја слушам вистината.
    Онаа вистина со која војувам, крварам и се распарчувам
    А потоа со истата се смирувам.

    Молчам...
    За да не ги испуштам сите тешки воздишки
    За да не настане немир.

    А ти...
    Ти барем почитувај го молкот.
    Не ме прекинувај.
    Умеј го барем тоа.
    И осветли ги сите тие празнини
    кога ќе поминам покрај нив да не се плашам...

    Молчам ...
    Застанав на половина од сонот и не го досонував.
    Немав дозвола.
    Морав да прекинам.
    Морав да го напуштам.

    А не го напуштив.. и не заминав.
    Тука е сеќавањето.
    Тука е се.

    А ти...
    премолчи се што сакаш да кажеш.

    И заборави...
    Од празнините јас ќе изградам живот.
    И од темнина светлина ќе создадам.

    Молчам...
    Нурнувам во длабочините на своето јас.
    И утре пак ќе сум посилна.
    А сепак нешто нема да е исто.

    Ти ќе изгубиш се.
    Јас ќе изгубам битка.
     
    На Divinebutterfly, Extacy, De-lovely и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    899
    Предходната вечер имав чувтво
    дека преспивам.
    Замор, онака заморлив ми дојде,
    на врвот од наткасната ме пречека.
    А јас, само в раце му паднав.

    Сон вметнат во сон,
    се пресегнало бессончево море.
    Патував низ страните
    испишани со трагедиите
    на едно маче кое се тркалало по ливадите.

    Настрадала и некоја пчела во обид да ја нахрани
    твојата рамнодушност и муртеливост,
    а ти не и дозволи образот да ти го наслади.

    И пак само тонам,
    ти го повторувам она што секој ден ти го зборам
    Ти не си ти, легендата
    јас не сум јас, опседната.

    Сум.. Аниномната сум јас,
    не дека не го позна мојот глас.
    А и плус онаа нашана реченица ја вреснав,
    баш на врвот од белите дробови
    дури и дијафрагмата ми затрепери.

    Па за тебе си ги искинав и гласните жици.

    Ги видов и нашите фикции
    во театарот што го нема во нашиот град.
    Умираат од глад
    И жед
    по твојата влажна коса.

    Сум се растрчала боса
    некаде по памучните облаци
    и гледам одоздола кај што ми правиш фаци.

    Ќе ти го познам ракописот.
     
  20. Wild-GirL

    Wild-GirL Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    1.266
    Допаѓања:
    1.258
    И повторно...
    нешто од внатре длабоко ме гони,
    чувствувам како брегот се рони,
    парчиња негови ко искри летаат,
    пустошат, кршат, а на изглед мирно шетаат.
    И се ронат, и тонат...прогонуваат...
    о, колку болат.
    И длабоко во тишината повторно истиот глас,
    во некоја илузија, го нуди лажниот спас.
    О дали овој пекол има крај?!
    Не, не е потребен рај,
    но барем мала капка од морето,
    што потсеќа
    на некој среќен крај!
     
    На innablood му/ѝ се допаѓа ова.