Незнам веќе што ми се случува последниве месеци..
Ај шо се скарав, се скарав со типецов. Премногу го сакам, значи премногу..
Се обидов да го заборавам и тоа добро ми идеше (или сепак се лажам) добри три месеци се додека тој повторно не ми се јави и не ме побара.. Ова се случуваше секој ден, се додека не дојде кај мене дома пред врата.. Не искочив (иако копнеев од желба за повторно да бидам со него)..
Се изненадувам пак..повторно се труди за мене.. ми се јавува, ме бара насекаде.. Беше заминат летово во Италија на гости, секој ден додека беше таму го поминувавме на skype со зафркавања и слично.. Ниеден од нас двајца не се обиде да ја започне таа тема за нас.. Се врати и некако после толку "маки" се видовме.. После 8 месеци повторно седнавме еден до друг, се гушнавме.. Посакав тој момент вечно да трае.. За жал, вечерта ништо посебно не се случи, иако се гледаше многу јасно дека и тој сака повторно да биде со мене.. Откако помина таа вечер, негови другари од клас ме аднаа на Фејзбук, негов најдобар другар ми кажа дека тој се однесувал чудно..го немал видено таков до сега..
Што би ми дале како совет.. ?





