Вака ... животот не ме галел воопшто , сум имала 2 ,,сериозни'' врски , или бар така мислев ...
Втората ми беше катастрофа , прво зошто моите не се согласуваа , а како второ последната година прерасна во физичко малтретирање. Веќе година и половина , сум сама , и одбивам машки. Меѓутоа се појави момче кое е малку помал од мене (месеци се во прашање

) , колку толку ми ја знае сторијата , 2 месеци ме убедува да пробаме ... имам доверба во него , за прв пат по долго време , ама не можам да сум во врска ме гуши , тој не сака мување сака само сериозна врска со мене , зашто според него , вредам многу за да губи време со мене. Имам скоро 24 години, а колку човек на негова возраст е спремен за сериозна врска е големо прашање.
Се двоумам дали да му верувам, и да пробам со него ?
