Е значи многу ми е тешко

Се почна вака:
Завчера дечко ми вечерта ми соопшти дека ќе излезе со другари и ок ми беше ама кога ми кажа дека ќе оди во диско нема врска ајде му се подналутив малце ама ништо страшно...Утре дента(вчера)бев со другарки на кафе во еден демек по познат кафич,таму они беа и ме викнаа.Дечко ми го немаше до поручекта да ми се јави,а ми рече дека уште предходната вечер ќе ми пише каде ќе шетаа со другарите.После кафето ги натерав другарките да одиме да му купам нешто на дечкото да го изненадам дека пред некој ден три години правевме во врска и ништо не си купивме па ај си викам јас...и му купив.Во меѓувреме ми пишува порака кај си срце(убава порака) и му викам еве со другарките шетавме ќе ти сејавам кога ке дојдам дома.И дома на мсн се добар фин он и само ме прашува кај сум била,и незнам што се деси со човекот...збесна кога му кажав дека сум била во тој кафич.Почна да ми вика демек: на пауза ќе бидеме сега зошто гледам дека тебе многу ти се шета,што се занесуваш ти ...демек шеми сама сум правела

А нема врска бе луѓе баш беше културно и плус кои шеми жити се во 3 саат поручек три маси имаше само

И јас фино убаво почнав да му објаснувам дека нема потреба вака да реагира дека нема задни намери и му кажав дека сум му купила нешто и сум сакала да го изненадам..Ама ништо не помагаше,се нафура нешто дечкото..ме отера и ме блокна

После тоа немам никако изреагирано (на пример по смс) а порано се случувало така да го гњавам(може и тоа му била целта да го молам и да се каам )

Многу ми е безвезе сега и тешко вака...Ваква караница од пред година и пол не сме имале.Незнам што да превземам и дали воопшто да превземам нешто.Тешко ми е,многу ми недостига...многу го сакам
